четврток, 6. август 2020. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Најновата линија на Samsung – The Frame, Serif и Sero – врвна технологија и совршен декор за домашниот простор

Најновата линија на Samsung – The Frame, Serif и Sero – врвна технологија и совршен декор за домашниот простор

„Корисниците денес очекуваат телевизорот во потполност да се вклопи со нивниот животен стил, а Samsung ја редефинира улогата на ТВ екраните, конкретно со претставување на нови дигитални услуги и дизајн“ –изјави Grace Dolan, потпретседателка на одделението за маркетинг и комуникации на компанијата Samsung Electronics America.

Затоа Samsung го проширува портфолиото на своите Lifestyle телевизори со новите модели.

Frame и Serif TV комбинираат иновативен дизајн кој одговара на секој декор во домот со врвен квалитет QLED на сликата и Smart функции за да им обезбеди на потрошувачите најдобра можна функционалност на нивниот ТВ.

The Frame и Serif ТВ линиите на Samsung го надминуваат традиционалниот концепт на ТВ до таму што се и парчиња домашен декор што го разубавуваат било кој простор за живеење.

Lifestyle телевизорите на Samsung со нивниот иновативен дизајн и перформанси и тоа како беспрекорно се вклопуваат во секојдневниот живот.

The Frame од Samsung

Кога не се користи за уживање во ТВ или филмска содржина, арт режимот на The Frame прикажува дигитални уметнички дела, вклучувајќи уметнички слики и фотографии, за да го претвори секојдневниот простор за живеење во уметничка галерија. Покрај тоа, сензорот за осветленост на рамките ја прилагодува бојата на екранот за да одговара на осветленоста на амбиентот во просторијата, давајќи оптимални поставки за прикажување на уметничките дела на екранот.

Годинешниот модел на „The Frame“ го содржи и беспрекорниот квалитет на сликата на QLED, кој нуди подлабоки контрасти, подлабоки и потемна црна и 100% волумен на боја. Со овие додатоци, корисниците можат да уживаат во содржина со најврвен квалитет и да уживаат во уметничките дела кога телевизорот е исклучен.

Покрај тоа, уметничката продавница The Frame’s Art Store ги воспоставува своите партнерства со најпрестижните галерии и музеи во светот со обезбедување пристап до над 1.000 уметнички дела. Во „уметничката продавница“ неодамна се додадени ремек-дела од галериите Уфизи во Италија, музејот на Ван Гог во Холандија, Те Папа во Нов Зеланд. Samsung ќе продолжи да го проширува своето партнерство со музеите во иднина за зајакнување на уметничката дистрибуција.

„The Frame“ исто така има и Bixby, AI-powered voice control платформа за контрола на глас на Samsung, трансформирајќи го во вистински паметен ТВ. Корисниците можат да го контролираат ТВ-уредот и да пристапат до платформите за стриминг преку едноставни говорни команди, кои им даваат на корисниците подобрен увид во содржината.

Serif TV

Serif TV беше развиена како естетски фокусирана телевизија во соработка со браќата дизајнери од Париз, Ronan & Erwan Bouroullec, едни од најпознатите светски индустриски дизајнери кои се специјализирани за мебел. Телевизорите „Serif“ се добитници на неколку најзначајни светски награди за дизајн, што го прави првиот телевизор Samsung кој ги освои овие престижни признанија.

Serif исто така, доаѓа со врвна QLED технологија за обезбедување на подобар квалитет на сликата. Амбиенталниот режим, наградувана карактеристика во составот QLED на Samsung, обезбедува информации, како што се наслови на вести и ажурирања на временските услови, можност за прикажување на слики и вклопување во кој било простор за живеење кога е исклучен телевизорот, се исто така едни од додадените подобрувања за функционалност на The Serif.

Во минатото, телевизорите од Serif моделот се продаваше скоро исклучиво во продавниците за мебел и стоковните куќи со оглед на тоа што се фокусираше на декорот на ентериерот, но истите станаа достапни за купување во малопродажба за потрошувачите на електроника во 2019 година, за да се прошири базата на потрошувачи.

Тhe Sero – од хоризонтален во вертикален приказ на сликата

Samsung го проширува портфолиото на своите Lifestyle телевизори и со новиот модел The Sero. The Sero (што на корејски значи „вертиклно“) има можност да префрла од хоризонтален во вертикален приказ и обратно, нешто слично како ротацијата на сликата кај паметните телефони или таблети.

Со тоа корисниците ќе можат да уживаат во различните содржини, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, YouTube каналот, како и сопствените видеа во било која форма која им одговара на нивните уреди.

The Sero нуди модерен дизајн кој доминира во секој амбиент и простор. Содржи низа функции за прикажување на екранот, дури и кога е исклучен. Овој уред ја освои CTA “Best of Innovation” наградата на саемот CES.

Пoвеќе информации за телевизорите на Samsung 2020 година можете да најдете на samsung.com.

Коронавирус