понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 10
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Комерцијални објави

Макпетрол АД продолжува да инвестира во сопствените капацитети, комплетно реновирана бензинската станица во Битола

Макпетрол АД продолжува да инвестира во сопствените капацитети, комплетно реновирана бензинската станица во Битола

Следејќи ги светските стандарди во трговијата со нафтени деривати, како и потребите на своите потрошувачи, Макпетрол АД постојано се труди да имплементира новини во своето работење.

Во согласност со тоа, инвестицискиот циклус на Макпетрол АД продолжува и оваа година со завршување на реновирањето на бензинската станица во Битола. Со тоа, бензинската станица доби карактеристики на модерна и функционална единица која ќе ги задоволи сите потреби на потрошувачите.

Целосната инвестиција во оваа бензиска станица изнесува околу 18.000.000 денари и истата овозможи целосно модернизирање на станицата. На бензиската станица достапни се сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителните услуги што ќе можат да се добијат во современата продавница. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Компанијата постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Макпетрол АД продолжува со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови низ републиката, со цел што поуспешно и поефикасно сервисирање на потребите на потрошувачите

Парламентарни избори 2020