петок, 23. јули 2021. Вести денес: 52
home Комерцијални објави

„Лимак Хотел Скопје“ – почеток на нова хедонистичка приказна во центарот на градот

„Лимак Хотел Скопје“ – почеток на нова хедонистичка приказна во центарот на градот

Ресторан со поглед на Водно, модерен скај бар и спа центар со голема турска бања се само дел од содржините на новиот „Лимак Хотел Скопје“, со пет ѕвездички, кој и покрај пандемијата од неодамна ги отвори вратите за своите гости. „Лимак Хотелот Скопје“ со својот луксузен и уникатен внатрешен ентериер уште при самиот влез најавува вистински хотелски комфор и содржини од најразличен тип за своите гости.

Хотелот располага со 142 соби, од кои 21 апартмани и  претседателски апартман од 163 квадратни метри со уникатен ентериер. Покрај одличниот ентериер кои нуди чувство на топлина и комфор, во „Лимак Хотел Скопје“ е сместен уникатен Спа центар од бреднот Шива, сопствен бренд на хотелите на Групацијата Лимак Туризам.

Спа центарот е вистинско место за уживање и релаксација. Тука е сместена и една од најголемите турски бањи за чија изградба е донесен специјален мермер од Турција, кои традиционално се користи при изградба на турските бањи. Во автентичниот амбиент може да добиете различни третмани за лице и тело, или да уживате во турската бања и сауните. Врв на релаксацијата е автентичната масажа и грижа за гостите од стручно обучените масерки од Бали. Спојот на далечниот исток и турското гостопримство, зачинето со локалниот персонал е вистинска гаранција за уживање во срцето на Скопје.

На петтиот кат во „Лимак Хотел Скопје“ се наоѓа ресторанот со атрактивна отворена кујна. Специјалитетите што ги нуди ресторанот се вистинско уживање, а уникатниот пристап во готвењето на шефот Бобан Симоновски е вистинско гастрономска приказна која мора да се вкуси.

„Лимак Скопје Хотел“ е дел од „Diamond of Skopje“. Покрај хотелот во рамките на комплексот ќе има и четири повеќекатници со 772 станови и луксузни апартмани за живеење, а предвиден е и голем трговски центар. Според најавите целиот комплекс треба да биде готов до крајот на следната година.

 

Коронавирус