петок, 27. мај 2022. Вести денес: 108
home Комерцијални објави

„Лакомата меца“ оваа сабота пристигнува во Ист Гејт Мол

„Лакомата меца“ оваа сабота пристигнува во Ист Гејт Мол

Различните светови на детската фантазија се едни од главните столбови за правилен детски развој и лоцирање на вистинските вредности уште од мали нозе. Филмската и театарската уметност, како и анимираните цртани филмови се главната база од каде што децата за првпат и најбрзо се запознаваат со разновидноста на емоциите кај луѓето.

Како дел од серијата зимски претстави со најубавите бајки за деца, во сабота (22.01.2022) со почеток во 12:00 часот напладне во најголемиот шопинг центар во регионот, Ист Гејт Мол, сите дечиња заедно со своите родители и семејства ќе имаат можност да уживаат во театарската куклена претстава „Лакомата меца“, по која што ќе следува и читање на омилените бајки и анимација на децата и нивните семејства. Претставата ќе биде реализирана од страна на професионални актери преку Театарот за деца и младинци на централниот плоштад на Ист Гејт Мол (-2 кат, кај Тинекс маркетот).

Оваа јануарска сабота, во склоп на претставата, најмладите посетители во Ист Гејт Мол ќе ги очекуваат бројни детски изненадувања, како и подароци од „Книжарница Три“ и „Литература“.

Во месец јануари почни со шопинг, забава и уживање во Ист Гејт Мол.

Коронавирус