среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 124
home Комерцијални објави

Донација на SPORT LIFE во апарати за кислород

Донација на SPORT LIFE во апарати за кислород

Sport Life обложувалниците донираа два кислородни концентратори наменети за Општата болница во Велес, а за потребите на детскиот оддел и одделот за неонатологија.

Донацијата на кислородните концентратори е од особена важност за најмладите пациенти кои се со респираторна засегнатост. Апаратите се со капацитет од 5 л. и овоможуваат континуирана кислородна терапија за децата и новороденчињата кои имаат пад на сатурацијата на кислородот во крвта поради најразлични ситуации и респираторни болести како астма, бронхит, пневмонии и др.

Во име на Општата Болница – Велес, д-р Елеонора Јованова ја истакна важноста на оваа донација: “Основен приоритет на нашата болница е да се овозможи квалитетен медицински третман на пациентите, а посебно обрнуваме внимание кога станува збор за најмладите кои се всушност и наша иднина, затоа и сме посебно благодарни на Sport Life што со нивната хуманост и солидарност, конкретно со оваа донација од кислородни концентратори ни овозможија тоа и да го оствариме.“

-Кога се работи за децата, негата за нив и нивното здравје е најважна и бескомпромисна. Среќни сме и чест ни е што можеме да придонесеме да се унапредат условите за нивна грижа и лекување во нашите медицински установи како што е болницата во Велес, кои денес во услови на пандемијата со ковид-19 се справуваат со бројни предизвици и го даваат својот огромен придонес за нас и нашето здравје. Sport Life продолжува и понатаму како општествено одговорна компанија да ги препознава и поддржува хуманите цели и проекти во нашето општество, истакна Емил Димитров, извршен директор во Sport Life обложувалници.

ЕУРО 2020

Македонија