петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Колумни

Зошто Пендаровски ќе ги загуби и овие претседателски избори?!

Зошто Пендаровски ќе ги загуби и овие претседателски избори?!

Велика Британија и Тереза Меј, со Брегзит ни направија простор, го ослободија столчето во ЕУ каде што ние ќе седнеме! Така зборуваше Зоран Заев кога пред неколку месеци заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров се наоѓаа во еуфорична состојба работејќи околу Договорот од Преспа. Пред некој ден, во Брисел, во седиштето на ЕУ, британската премиерка Тереза Меј и 27-те европски лидери се договорија да го пролонгират Брегзит до 31 октомври оваа година, што значи дека нема слободно столче за нас. На Заев не му е првпат да забегува во облаци, да зборува тоа што сака да се случи притоа заборавајќи на иреалните и благо речено, апсурдните состојби, во кои самиот се сместува. Неговите ирационални побуди стануват инстант кошмари, бидејќи таквите анахрони политички одлуки ја поткопуват целата држава, а со тоа и нас граѓаните. Еден од неговите ,,бисери‘‘ е кога велеше: „Додека во моите гради го дишам овој македонски воздух такво нешто нема да направам И не само тоа, не верувам дека постои човек во државава кој ќе се осмели да го отвори Уставот за промена на името!“

Во таа сцена, со доза на евтина театарска мелодрама се колнеше во дедовци, татковци, деца и во што уште не. Не требаше да помине многу време за Заев заборави што ветуваше и зборуваше. Ги заборави дедовците, татковците, ги заборави децата, го заборави дури и воздухот од Македонија кој секојдневно го внесува во неговите гради. Зоран Заев за кратко време го изора Уставот како нива од Муртино каде се садат чушки и пиперки. Беше потребно да се потсетиме на дел од дејствијата на Заев за да отвориме простор и време на кандидатот за претседател на државата, господинот Стево Пендаровски. Според тоа колку јас можам да проценам, Стево ми делува образовен и пристоен човек. Но ме чуди една работа. Господинот Пендаровски, скоро на секој митинг кога им се обраќа на присутните граѓани, упорно повторува и тврди дека 102 отсто се согласува со идеите и дејанијата на премиерот Зоран Заев, дури би се сложил да биде и негов камшикар! Кога го слушам и гледам на ТВ-екранот се велам: Добро бре, Стево, ако навистина 102 отсто се согласував со Заев и сакаш да бидеш негов камшикар, што треба ние граѓаните да мислиме и очекуваме од тебе како иден претседател!? Ајде Стево да се согласува со премиерот Заев 10 отсто или ете ќе му додадеме уште други десет, тогаш можам да го разберам, иако не е за разбирање. Ама 102 отсто почитуван Стево Пендаровски е повеќе од многу, бидејќи од државава, односно од нивата од Муртино не остана што повеќе да се ора. Зоран Заев ја обработи и по хоризонтала и по вертикала, дури влезе и кај комшиите наши за кои Заев, па и господинот Димитров не знаат на кој јазик зборуват. Токму затоа кандидатот Стево Пендаровски по вторпат ќе ги загуби и овие претседателски избори.

Ако во иднина, Стево Пендаровски поседува енергија и храброст и се кандидира по третпат за претседател на државава, ќе треба да престане да се идентификува како човек кој 102 отсто се согласува со идеи и потези кои ги применуват извртени политички личности каков што е Зоран Заев.