Алија бара премиер Албанец. Онака, без ПОПИС, само со нечиј ПОТПИС (читај на Заев), ко и секогаш нели?
Ама, на Алија не му е битен пописот, затоа што знае дека е одлучувачки фактор за формирање Влада во државата која пред тој да му даде мандат на Заев (посинокот Бујар призна дека народот гласал за Груевски во 2016-та) се викаше Македонија. Да, барем официјално, оти северната глупоштија не мина и никогаш нема да мине кај вистинските Македонци. Оние заблудените, лукративни и Соросоидни Борги не се сметат во горенаведеното јато. Никогаш и не биле Македонци, тие и претходно беа Југословени. И се гордееа со тоа…
Е сега, Али да ти барал премиер. Зошто да не? Така велат интегративците. Искрено, после Заев секој ќе биде подобар и помакедонец, макар бил и Албанец, но вистинското прашање е – ЗОШТО ДА ДА?
Реалниот проблем е како некој воопшто може да оди на избори со таков прерогатив и кампања која всушност е безобразен ултиматум за следниот му коалиционен партнер. Не може, реално, ама на Али му се може.
Првата причина е дека треба да се радикализира и да му покаже на Заев дека црпнатиот не може да биде поголем поп од Папата, а уште помалку – муртинец да биде поголем Албанец од Алија, врховниот претставник на Албанците во Македонија од 2001-та, па навака.
Тоа со „светнувањето“ на Калето со новото им кампањско лого, гарант е идеја на Артан, кој својата блескава кариера и ја започна таму, тепајќи деца, ви текнува. Многу промуќурно, па ќе си прават што си сакаат, Калето е од другата страна на Вардар, ќе речат на антисоцијалните мрежи…
И до кога ќе тераме вака со исполнување желби без попис? Во ред со стекнатите права, макар стекнати со војна, ама во меѓувреме се изнедри и двојазичност и што ли не, сетоа тоа без аргумент кој се вика и се викал – попис, кој треба да ја оправда направијата. Но во чудесната Македонија, се’ е можно, а најможно е дека по короната не само Албанци туку и мнооогу Македонци ќе фатат „усвета“ по белиот ни свет.
Албанците веќе имаат кај кого, дијаспората им е огромна и претприемчива, и си одат, масовно. Македонците пак веќе немаат ни зошто да останат, оти од нашата држава веќе нема ништо, останаа само национални рушевини. Северниот протекторат во кој во Софија се крчка промена на името на јазикот, нацијата и историјата, нема со што да ги привлече младите да останат, па и со помали примања и економска иднина – да бидат свои на своето. Едно на Грците, друго на Бугарите, трето на Албанците, а за Македонците од трите подолгото.
За сето тоа можеме да му заблагодариме на Барон Муртинхаузен и неговите марионетки Стево, Оливер, Рада, Љупче, Катица, Боки, Кацарска, Рускоска, Јовески, Дончев и компанија. Колку е парадоксално кога некој под превезот на демек подобра иднина, ја уништува иднината на државата. За на век. Она, кога под северен ПРЕВЕЗ на иднина, обезбедуваш западен ПРЕВОЗ за истата…
Ви текнува на Тиранската платформа. Ја измислија и стокмија само за ВМРО-ДПМНЕ да не може да ја прифати со сите идиотштини во неа, токму затоа што ВМРО победи.
Арно ама, и сега знаат дека македонската, сега опозиција, ќе го победи недоветното чедо црпнато кое бурична во гласачкиот џеб на Алија.
И што ќе биде? Ќе победи ВМРО, ама ќе мора да коалицира со албанска партија. А Али ќе бара премиер или јок коалиција, нели. Да, ВМРО ќе мора да најде друг коалиционер Албанец, оти така ќе бара МеЏународна, А ДУИ ја уби прикаската за правилото – победник со победник.
Ако може, македонската опозиција ќе оформи влада со Села, Таравари или Тачи, но можеби и тие, кои сега скокаат против Али сфаќајќи ја опасноста за нивните партии од ова, ќе „мораат“ да се приклучат на идејата за премиер Албанец. Некој ќе им се јави де. Знаеме од каде.
А Зоки, оној кој го праќа Али во опозиција и вели тој ќе бил премиер? Ееееее, сите премногу добро знаеме колку му тежи и држи зборот. Саат-два, значи, рокот на кажаното одамна е поминат.
Поверојатно е, ЗЗ најден во тесно, да понуди некој од „своите“ СДСССС Албанци за премиер.
И та-даааааам, Мухи или Едмонд од СДСССС – премиер на северната глупоштија!
Да, и Али сит и сите Заевци на број.
Овојпат , со новата „Зошто да не тиранска платформа“, не мораа да го мачат ни Еди Драма, чедо напатено од давање ветер во едра на Зокија малиот. Не џабе му е до рамениците.
Чаре за новата, Платформа од Зајас на Алија?
Едно е.
Македонската опозиција овојпат мора да удри јако, да направи фантастичен резултат на изборите. Пред фактите и Боговите молчат, нели. Тоа би било и пред изборните резултати.
Арно ама, не во времена корона инвазија. Така никој нормален нема да излезе. Ете што ти била новата нормалност на Филипче. На ненормалните што ќе излезат на изборите во ек на корона мислел, јасно…
Ахаааааа, и пак. Зошто Заев толку притискал за избори СЕГА, ОДМА, УТРЕ!
Маѓепсан, македонски круг. Господ со нас.
Чудесна, пречудесна Македонија…