вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 93
home Колумни

Зоран против Заев

Зоран против Заев

„Имате две опции: Првата е заедно со нас да се фрлите во врелата вода. Втората, ако одбиете, е заедно сите да ја дуваме и ладиме!“ Вака монтипајтоновски звучи најновиот „ултиматум“ на СДССС, лиферуван преку Заевиот телал Манчевски.

А како поинаку да ја протолкувате небулозната изјава: „Јасно е, ако до 30 мај нема договор за избори, ние ќе мораме да ја продолжиме вонредната состојба!“

Во првиот дел на реченицата имате закана, а во вториот дел на истата – пусто признание. Доказ дека работите се далеку од розови и дека има насушна потреба од нова вонредна состојба. Таа, пак пустата, подразбира мерки и натамошна битка со короната. Искрено признание дека избори во јуни се лудило.

Па нели бре таленти „мина пикот“ на КОВИД-19? Нели се беше „у реду“, па кандисувавте луѓе на избори да одат? Нели ова е нашата „нова нормалност“?

Контрадикторно, ама скроз. Овојпат, СД VS СС или Социјалдемокатски оди контра сојузот на северна. Чуму Зоран оди против Заев, Дамјан наспроти Манчевски?

Не ќе да е некој да се вразумил. Тие се оперирани од скрупули и емпатија. Од малечки…

И објаснувањето за ваквото парадоксално дејствување на наследниците на УДБА е евтино. Демек, со вонредната состојба би се пополниол правниот вакуум со изборните дејствија кој би настанал без неа. Бла бла, бла, бла… Ова мириса на контраспин на Дескоска. Да онаа што се самономинираше за Венецијанска, па се фалеше што ја прифатиле, иако знаеше дека венецијанците не можеа и не смееја да ја одбијат. Оти така функционира системот…

Вака, ко да го гледаме „Брајаново житие“ на Монти Пајтон, само што нашево е Зокиево. На она црпнатото чедо од нива, спојна нишка нели. Првиот британска пародија на библијата, вториот урнебесна македонска пародија на политичар.

Се сеќавате, во оригиналното житие, кога Тери Џонс продава лажни бради, кажува цена, Брајан веднаш му нуди толку, а продавачот не прифаќа затоа што морал да се ценка. Потоа, продавачот му објаснува како оди со ценкањето, за кога Брајан ќе му го понуди истото што тој му го кажа, продавачот да му одговори: Дали си нормален со понудата, па мајката ми лежи болна дома. На крај, „пазарењето“ заврши со првата понуда плус една непотребна, бонус лејка…

Во новата епизода на „Зокиево житие“, нема ни лејка. Тука сдссовските лејки се во главна улога… Глупости без граници. Ова со избори или вонредна личи на – ајде да се самоубиеме заедно, а ако не сите заедно ќе се спасуваме…

Факт, Летечкиот циркус на Клиз и Чепмен може да му носи вода на Северниот циркус на Зоки и Рада. Првите, барем се и смешни…

Како и да е, потегот одлично прилега на логиката на СДССС. Да, подобро е да испаднеш будала, отколку да испаднеш од авион…