среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 99
home Колумни

Зокиевиот Лас Вегас пашалак

Зокиевиот Лас Вегас пашалак

Нема, нема, па ќе плесне нешто и ќе ве отргне од наметнатата летаргија. Да, чедото црпнато од муртинската нива не ве остава на раат. Абе нон-стоп на памет му паѓаат нови и нови идеи. Ахааа, затоа ли не носи кацига кога го вози моторчето од 30 и нешто илјади евра? За да не го спречи паѓањето на ум. „Врло промуќурна“ превенција.

Добро де, ќе му паѓаше на нештото доколку го имаше истото, ама дека постојано тресе зелени, то е факт, докажано…

Е сега, Зоки запна да легализирал марихуана. Онака, со тоа збунетото фацуле, ја протна така невино идејата за демек потреба од јавна дебата за легализација на канабисот?!

Епа, кога ќе размислите, па крајно време е за тоа, нели, и онака  – се’ друго во државата е средено, остана уште пафкаџиите на ганџа да ги смириме и се’ ќе биде ок. Бравос бе Зазо, како ли ти текна, а?

Прво што ми светна околу мотивот на ЗЗ е дека со ова си учинува на себе и јатото пи-ар јуришници и декларирани пафкаџии на канабис, докажана работа. Самооо, проблемот е што поголемиот дел веќе се на „бело“, така што ова отпаѓа. А дека тој е на „нешто“, сомнеж нема. Нормален човек не би му го направил ова на сопствениот народ при јасна свест, нели?

Второ, мошне веројатно, е дека Вице, Трајче, Боро и останатите сопственици на плантажи со медицинска марихуана, не можат да најдат пласман за своите „производи“, или поверојатно штанцаат и од другата роба, па Зоки ќе и учини на фамилија, како и секогаш. Така, сите би биле најсреќни у свет. Заевци со пари од продажбата, буџетот испразнет од комуњарски тендери сега навлажнет со данок од марата, а народот напафкан ќе кулира насмејан од канабисчето. Убавини, рај…

Башка, народов и така во апатија, малодушност и депресија. Гарант, Зоки ќе ја дели и га-га марихуаната, ќе има некоја владина акција, ко предизборниот поткуп со пакетите. Акции ќе фрштат – „Марихуана за секое семејство“, „Литро бензин, гратис кибритче мара“, „ПоВрат на ДДВ, по шија со канабис“, „Купи куќа, купи мара“ итн. Кампањата гарант и убо ќе им легне на неговите пи-арџии,конзументи на истата таа писхотропна направија. Па сите насмејани, а тој на раат ќе си го продава Гоце, Даме, Јане. Тууу, кој знае кај ќе ни биде крајот…

Трето и најверојатно, ова е дел од мозаикот на Зокиевата визија за неговиот македонски Лас Вегас пашалак. Откако ќе ја протнат марихуаната (поведени од искуството дека протнаа промена на име, па никому ништо), „следеќа“ е легализацијата на проституција. Прекрасен извор на нови даноци за полнење на државната каса која, инаку, дилајлите економски немаат поим како поинаку да ја наполнат.

Ова ќе биде вистински џек-пот, а казината и кладилниците веќе ги имаме на секој ќош. Која идила ќе биде тоа, само замислете – Македонија, рај за легализиран ороспилук, оргии, марихуана пршти на сите страни, нихилизам, бескраен разврат и хедонизам, а коцкањето загарантирано во секое мало и од 12 години па нагоре. Идила…

И така, је.еш ти странски инвестиции, нормална работа, кариера, гордост ил национално достоинство – вака гарантовано цел свет ќе нагрне во Заевиот Лас Вегас пашалак, новата Холандија на Балканите. Не по стандард, не по почитување на законот, најмалку по почитта кон националното. Јок, удри на весеље.

Што ќе ти национално чувство, припадност, историја, иднина, чест и патриотизам кога имаш секс, дрога и коцка, вели комуњарската североидна логика.

Ех, јаз’к да ви е, дилајли непрокопсани.

Да, гарант, нашите предци кои гинеле за нас и нашата иднина токму вака ја замислувале Македонија…

Коронавирус