среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 140
home Колумни

Зоки ДЕЛИВЕРИ, ДАЛАВЕРА ли беше…

Зоки ДЕЛИВЕРИ, ДАЛАВЕРА ли беше…

Динг-донг! Динг-донг! Го слушате ѕвончето, излегувате и – ОП! Не ви се верува, л’цнувате од среќа. Јееее! Нарачаниот РУЛЕТ од блиското казино дошол на ваша врата. Го дом’кнале пустите  казинџии.

Брррррм! И специјалниот камион ви се паркира пред врата, го вадат рулетот кој излегува на дугме, си купувате жетончиња кои ви ги продава дечкото на монтажната каса, а крупието во скафандер ко космонаут бара да го сместите влогот. Го ставате на црно, се’ или ништо, ко Заев. Крупието се туфка и едвај врти во скафадерот, чекате, чекате и Ју-хууууу! Победивте, јес…

Со вложената минимална плата, сега добивте две. Супер, месецов ќе можете да платите кредит, струја, вода и данок на имот. Јеее, Шилегов нема насилно да ви наплати со извршители, среќа ваша. Може нешто ќе остане и за јадење. Да, среќа беше голема…

А, за следниот месец? Како него ќе го преживеете? Лесно. Гарант ќе бидеме пак во карантин, ама ова е Северолакрдија, тука се’ е можно. Мобиљката и оп, пак ќе си нарачате ДЕЛИВЕРИ рулет, блек-џек, може и покерче. А може и слот-машина, ако сакате и две, з’ш да не? Па ДЕЛИВЕРИ СИ Е ДЕЛИВЕРИ. Прашајте го Заев ако не верувате.

Лесно е. Се’ е средено во Северолакрдија.

Да, драги мои, нема, нема, па ТРЕЕЕЕС! Црпнатото чедо повторно е во форма, веројатно, плавушата Захариева му дала инспирација, фер…

Знам дека ликот на „премиeрот“ не ви фали многу, но веројатно, тресењето зелени од Зоки Деливери за некого има и ефект на средство за смирување. Она, кога гафот на Заев ви доаѓа како дијазепамче. Ви текнува?

Седиш дома, го гледаш како кине глупости, лупа гафови, а мува не го лази. Тресе ли тресе, а тоа фацулето му исто и насмејано. Па си велиш, аууууу со кого си имаме работа, кај го најдоа, греота. И психолошки се смируваш. Ха-ха-ха, види го биљмезов, два грама мозок нема. Цреп…

И така, си се смирувате, легнувате на брашното. Ви текнува колку сте вие умни, колу сте со поголем IQ од чедото црпнато. Па ви текнува и на муртинската нива од која е црпнат, па колку не знае да зборува литературно, па на илјадниците гафови, на фацулето му со Меркел, со Столтенберг, со Макрон ли… Па си замислувате како по средбите со нив грицка семки, плука и слуша Цеца со рацете во вис. Убаини, а?

И среќни сте, полни со себе. Полни со моментот колку сте попаметни, поцивилизирани и покултурни од сурушот премиерски. Удри на весеље, Заев пак тресна зелена, се покажа колку корисен идиот е, јееее!

 

Хмммммммм… Или, сепак, не ќе да е така, а? Јок, не ќе да е, дефинитивно…

Истото тоа црпнато чедо ни смени име на држава, ни донесе двојазичност, ни затвори еден куп патриоти, се откажа од малцинство во Грција, ни сотре над 1000 браќа и сестри со безобразното политиканство околу короната, ви текнува ли тоа? ГРОМОЗОРНО, би рекол ЗЗ…

Е, сега, истото тоа мутринско чедо ни спрема продажба на историја, револуционери, јазик, нација и светци со Бугарија, преку некаква си декларација. Пази, пази, немало да биде во договорот, ќе била само ДЕКЛАРАЦИЈА, го перат провладините чеда новинарски. Тоа не било страшно, ту-ту, декларација…

И така, ние ќе си се јачаме, ќе се смееме на неговите глупости и ќе се полниме себеси и батериите со муабетот колку сме поумни од него и колку тој е примитивец и бисерџија, а во меѓувреме сурушот ќе ни продаде уште нешто. Ок, ако нешто, воопшто, и остане за продавање.

Не сакам да кобам, ама мислам дека пред секоја договорена ПРОДАЖБА на македонски светии, Зоки намерно лупа или, поверoјатно, некој му кажува да лупне некоја зелена за да се занимаваме со неа.

Дај Боже да грешам, но ова не е само Зоки ДЕЛИВЕРИ, ова е и Зоки СТО ДАЛАВЕРИ.

Две букви, толку продажби.

Еден Зоран Заев, 1.049 починати…

Коронавирус