петок, 14. декември 2018. Вести денес: 28
home Колумни

Заробена држава

Заробена држава

Колумна на Златко Перински

Теоретичарите ќе речат системите кои владеат со притисок речиси подеднакво го копираат политичкиот терор, иако навидум различни земји, но многу слични по методите и постапките. И не можам да не се сетам на еден таков пример во африканската држава Уганда, исто мала земја, како нашата, со турбулентна историја, и речиси исто толку крвава по своето минато како нашата. Мустафа Адриси беше човек од дворот на Иди Амин, кој политичкиот терор го сведе до совршен начин на управување со човечкиот страв. Велат Мустафа Адриси по своето однесување и постапките бил полош и од самиот претседател Амин, сподејувајќи ги истите принципи на владеење, тој неколкукратно полошо се пресметувал со неистомислениците од својот народ, колку да се докаже и ја прикаже својата лојалност не кон државата ами кон својот владетел и претседател.

Оттука се прашувам колку такви како него има оваа наша Македонија кои чуствувајќи ја потребата да се докажат пред својот владетел и во својот двор ќе вршат терор врз оние кои  немислат како нив. Македонија го има и својот Амин, и својот Адриси. Иако иронијата е чудна категорија, таа речиси е огледало и непропуслива судбина која се враќа како бумеранг. Истите оние кои клеветеа дека порано се владеело со пари, сега се првите кои владеат со страв и многу пари, а граѓаните свесно се втурнуваат во еден процес полош од оној опишан од Кавка.

Денес секому веќе е совршено јасно дека не се живее подобро споредено пред 10 месеци, а слоганот за живот ќе станува синоним за уште една голема лага каква народот се изнаслушал во минатото, поголема измама можеби и онаа бранковата дека ќе има по еден вработен од секое семејство. Но она што е пострашно што за овие 10 месеци народот доби украдена држава, и криминална влада која слободно може да се опише како најнеспособната досега.

Заробена и киднапирана држава во која колективната хипноза на властодршците, треба да се потхранува од индивидуални его трипови и ниски страсти. Но ниските страсти кои претходно им беа темел на кампањата се прочитана книга, не може безброј денови во оваа држава да бидат сите виновни, само не оние кои неспособно раководат со институциите. Таквата кампања станува бледо ехо потопено од катастрофалните резултати во економијата, здравството, образованието земјоделието… Секојдневно се занимаваат со ВМРО, но народот е гладен, а тоа не ги амнестира од одговорноста дека не работат.

Владата Владата се забавува со планови 369 кои не ги исполнува, министри кои за најголеми проекти ги имаат оние кои не се нивни и се наследени,  директори кои уредуваат поезија за корнишони,  градоначалници чии највисоки дострели се садење љубичици, трева и “мега проекти” дрво за секое новороденче. Во исто време кога владите од регионот одат напред, соседните економии рушат рекорди, земјите одат напред.

Бидејќи суровата реалност не може веќе да се затскрива најавија реконструкција во владата, со изговор дека ќе внеле нова енергија. А од што се преморија. За 10 месеци што сработија. Ништо, големо ништо . Ако ова до сега што го правеа за нив е работа, како изгледа кога не работат? Толку малку работат што ако не си поднесе оставка некој министер нема ни да знаеме дека е министер.  Реконструкцијата е козметичка работа, вистинското нешто што треба да се случи е оваа влада да падне. Што побрзо, тоа подобро за граѓаните и иднината на оваа земја.  Падот на оваа влада е спречување на националниот колапс во кој сме втурнати.