петок, 3. јули 2020. Вести денес: 75
home Колумни

Закон за ЈО или Закон ЗАЈО, Зокиев законик ли, упс…

Закон за ЈО или Закон ЗАЈО, Зокиев законик ли, упс…

Си пишуваш така, брзаш малку на тастатурата, кога упс! Од случајна грешка ти испаѓа вистината на виделина. Да, велат дека брза кучка слепи кучиња раѓа, ама реалноста е дека брза кучка брзи кучиња раѓа. Генетика, нели. Башка, сите се раѓаат слепи, па прогледуваат за околу две недели. Кучкарски муабет во лингурски скроена владина политика, соодветно…

Така, со еден „спејс“ помалку, испаѓа дека контроверзниот Закон за ЈО е Закон заЈО?! Упс, абе ова да ти бил Закон скроен за Зајо, Зокиев закон, а? Неееееее, нема шанси…

Секоја сличност на Закон ЗАЈО со прекарот на црпнатиот лидер на СДССССС е случајна. Зарем, верувате дека овој закон се носи на мускули само за да го спаси Зокија? Може ли некој само и да помисли дека целата комуњарска пропаганда и уценувачка машинерија е вклучена на најјако само и само за да го спаси чедото муртинско? Не, никако, треба да ја спаси и врхушката околу него…

Ви паѓа ли на памет воопшто дека некој толку може да се заангажира и да лаже, кине, уценува пратеници, да ги сели Дебар, Маврово, Ростуше во други изборни единици за гласови на пратеници?

Зар некој би се дрзнал да внесе Бадентер и албански јазик во македонско правосудство, за спас на Зокија  и за некој си таму Зокиев законик?

Оооооо, дааа! Ни паѓа на ум и тоа како. Па зарем насилнициве политички знаат поинаку? Имајќи предвид со кого си имаме работа, знаеме дека тие и родената мајка би си ја продале за да искамчат некоја пара, да владејат и да останат на слобода. Да, трите постулати на кои се темели СДСССС мантрата – пари, моќ и криминал (т.е.како да го ползуваш и ќорка да избегнеш).

Зборуваме за истите лукративци кои се саглам декларирани и ачик докажани антинационални опортунисти.

Е сега, соочени со омилената фраза на лидерот им „бомбашки“ ТИК-ТАК-ТИК-ТАК, кој обожуваше да си ја кажува пуштајќи „бомби“, тие сега мачно си тик-такуваат и спас очајнички во Закон за ЈО бараат. Колку парадоксално нели, она кога криминалците носат закон за да се спасат од ќорка?! Чудесна Македонија…

Нејсе што самиот црн бомбаш си призна дека бил единствениот Бошко Буха во државата, а пустиот  ја заборави судбината на партизанот. Реално, да се кладиме дека не ни знаел дека Бошко загинал, затоа што нашиот црн бисерџија гарант со образование застанал на Зоки Поки. Веројатно и таа му ја прераскажале де…

Фер, Закон ЗА ЈО, кој е реално Закон Зајо или Зокиев Законик… Нешто као Душанов законик, оној истиот што го реши сопствениот татко од престолот за да владее…

А овој нашиов творец на Зокиевиот законик за да владее смени САМО име , устав,  донесе двојазичност, а си сакал и историја да менува…

Затоа, нека не ве изненадува што за да се спаси од „Рекет“ и последиците од него, очајниот Зоки пак рекетира една група ЗАВИСНИ пратеници, сели градови, ПОБАДЕНТЕРУВА  се живо и диво. Ќе даде се’ што може и не може за Зокевиот му законик. Сфатете го, го губи најмилото – власта, а на пат бил да ја загуби и слободата…

Велат, очајниците успеваат во животот затоа што немаат што да загубат…

Епаааа, ние имаме, ама многу.

Тик-так, тик-так, тик-так….

Парламентарни избори 2020