четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 42
home Колумни

Загрижени критичари на „дугме“

Загрижени критичари на „дугме“

Се’ тече, се’ се менува. Панта реи, велат…

Да, ама една работа во Македонија останува иста. Непроменлива константа, на која забот на времето не остава траги. Тоа е мизантропскиот, хејтерски начин на дејствување на јуришниците на СДССС…

И светот да пропадне, гарант единствени со лебарките ќе останат тие, дежурните СДССС критичари на „дугме“ кои по секоја реална критика и укажување на неисцрпната неспособност и дилајлизмот на партијата се вклучуваат за да го искаљаат и девалвираат субјектот кој станува опасност за нивната евтина кауза.

Принципот на дејствување на нафураните објекти е едноставен, со децении присутен и топ разработен, поточно во независноста скоро 29 години, а инаку многу подолговечна оставштина од  стариот ни систем. Чедата на ОЗНА и УДБА овој атавизам го наследиле генетски, па не се тие виновни што се такви какви што се. Или, сепак се?

Еве сега, на денот на здравјето, јуришниците удрија по лекарите и медицинарите. Па вморовчишта да ти биле истите, па немале поим, па и одмагале на државата , критикувале, замислете?! Се загрижија фејк филантопите.  Уууу, да се наежиш од дејанијата на „лошите“ лекари кои се дрзнаа светињата и неспособнота комуњарска да ја чепнат, страшно, цццц…

Фер, причината е јасна, ги боли вистината, а тоа, е тоа не смее да се случи. Нејсе што критиката е со цел да се оправат поданиците на ЗЗ и да се фатат конечно за работа, за доброто на сите.

Никако, критката е непожелна, а  тие мораат да си го оправдаат постоењето, башка парите. Затоа и егзистираатт, преку лаење и девалвација да го уништат кредибилитетот на личноста која може да ја доближи вистината, оти таа боли, башка што им одзема гласови. А тоа не смее да се дозволи, ама никако. Оти ги одалечува од власта, со тоа од моќта, а тоа значи и парите. Страшно, нели…

Па сосема „случајно“ кога и да некој навлезе во нивна територија – т.е. да каже нешто што не треба, црвениот аларм на екс Бихаќка се вклучува, а со нив и даљинското за инстант лешинарите, плукачи на дугме.

„Штрак“, стиска медиумскиот им могул од зградата наследена од предците им комунистички, преку тајни канали направени во времето на ЦК и оп – десетина плукачи орно почнуваат да оргијаат со ликот и делото на посочената опасност. Нема шега, а ги чепнете каде што не треба, ќе ве тролаат по медиуми, па слики ќе вадат, лажни вести ќе фураат, ќе извадат и како кога сте биле деца сте краделе цреши од комшијата. Се’ за партијата, оти таа плаќа, солено башка.

Матрицата е иста, вокабуларот уште повеќе, оти се калапени по принципот на копи-пејст, и онака најкористената „новинарска“ алатка во последно време.

Фотороботот за да поминете на драфтот со текот на годините и искуството  е повеќе од упростен, треба да сте хејтерче од мали нозе, да сте незадоволник „од роѓење“, полн со омраза кон ближниот свој и  да сакате пари. Мноооогу пари, ама без работа, по можност, нели. Во рецептот за „критичар на дугме“ многу пожелно е од малечок да сте биле по кодошење и џавкање, мултиперсоналити и мултитаск се епитет, писменоста не е баш неопходна, а најпожелно е да сте секогаш на располагање и достапен за да бидете вклучен на „дугме“ во нарачаната хајка. По потреба де. Секако, основно е етиката и моралот морат да ви бидат огавни и тотална непознаница.

И ТА-ДАААМ. дел сте од клубот и четата на непресушните девалватори, јуришници и лешинари, башка на платниот список де, разбира се…

Само една препорака, ако може де. Ве има многу, нели?

Па одвреме-навреме, менувајте се барем малу хејтерчиња, вака е ептен провидно. Транспарентни сте ко владата на Заев и Спасовски. Проѕирни, ама скроз.

А некој нешто аргументирано каже, оком-скоком истите фацки утрото веќе плукаат, онанираат, со дрва и камења фрлаат. Едни те исти, па пак едни те исти, а утре, пак тие па тие. Ко од песна на Рамбо Амадеус да сте излегле…

Воведете смени, поделете се по денови ли, па и онака штанцате од  домашните бункери.

Време на коронавирус е нели, имате изговор.

ХЕЈТЕРИ НА ДУГМЕ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА…

Алооо, луѓе умираат, други заболуваат, народов е во паника!

Уште вие им требате, црнила и омраза да ширите. Дај, на истото тоа дугме, стиснете пауза, тоа е она копчето со две вертикални цртички (II).

Нека мине коронава, па пак правете го она во што сте најдобри.

Аман, стиснете пауза…

Коронавирус