вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 71
home Колумни

Заевци смислија: Отказ за невакцинираните!

Заевци смислија: Отказ за невакцинираните!

Струја немаме, пари немаме, здравје се помалку, нема ни кредити по поволна цена, ни пратеници за мнозинство во собрание. А немале ни акл, сиви ќелии уште помалку. Да, позајмица „ска“ откако цел свет научи дека Заевци се несолвентни и дека парите ќе ги вратат „у вторник“. И сега, шу прајме? Буџет апашки рекорден, а бројчаникот наменет за Триумфална отчукува ко луд, ама сега скриен во подрум и во насока обратна од посакуваната на северџаните. Таксират тежок ги фатил по дебаклот на избори, се одело удолу за нив. Т’канди велел народот, се затнало пустото.

И додека Зоче, Венко и Артан се думале ли думале како да излезат и од оваа каша која самите, ко и секогаш, си ја смислија и сместија, новопеченото другарче Кастриот скокнало и викнало: „Јухууу, го имам  на идеја!!!“

Заевци л’цнале од среќа. Со потресени фацки, на работ на плач запрашале: „Што смисли Каки, што ти текна, аман брате нов, бекни!“

А старо/новокомпоновиот побратим срочил ко пушка: „Лесно е! Кога ме киднапиравте многу сум го размислувал, сум имал време бе! Ќе го бараме на ковид-вакцина за секој вработен во администрација, а кој ќе да го нема ќе љета од работа. Милиони мање за давање за само некој ден ќе го правиме. А???“

Црпко и Артан Нежниот со восхит се погледнале, се гушнале и во дует свикале: „Ајдеееее Венкоооо, јавуј се на Караџо, ајдеееее, стискај то копчето за комисијата. Ама одма да го стават ова ко мерка, одмаа!!!!

Вени послушниот не чекал ни секунда, веднаш го притиснал копчето на кое реагира комисијата, Караџо му се јавил и Фичо накусо му срочил што треба да се стори. Како и секогаш, ќе го претстават како мерка за доброто на граѓаните. Лажните сертификати за слепо послушните партијците одамна биле спремни или веќе поделени. Љупче Николовски удрил на дигитронот и направил една весела путер математика и конечно, буџетот бил ОК.

Немало врска што мерката, во основа е глупа ко ноќ. Гласи: Вакцина или ПЦР тест со важност од 72 часа за да ве примат на работа? И, сега као вработените ќе вадат на три дена ПЦР тест ако не се вакцинирани. И така, ПЦР тест две илјадарки парче, 10 ПЦР теста месечно = 20.000 денари со плата од 250 евра/15.000 денари или тука некаде. ЦЦЦЦЦццццц… Колку промуќурна финта на Заевци. Изборот е повеќе од јасен – ВАКЦИНИРАЈ СЕ ИЛИ ОТКАЗ!!! Ново сонце на политичкиот опстанок огреало над Бихаќка. Не објаснија  само дали и илјадниците рамковно вработени кои седат дома, ќе треба да имаат сертификат за вакцина за да одат ДОМА НА РАБОТА…

Коронавирус