сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 7
home Колумни

Заевата „Стерилна Македонија – четврт општество за ’сите’…“

Заевата „Стерилна Македонија – четврт општество за ’сите’…“

Ако барем и малку се сомневавте во влијанието на Црниот Ѓорѓи (Георги Шорош = Џорџ Сорос) врз македонските сороспии, демантот пристигна експресно. Преку кој друг, ако не преку Зоки Бемве, оној со маичката умирисана. Да, инстант демант дека црнилата заминале. Јок. Тука се, живи и здрави, отелотворени во ликот и неделото на муртинскиот алаш-вериш пазарџиски манипулант…

И по одморот во кој со бемве маичките ја запоседнаа сирота Преспа, Зоки ала Барон Муртинхаузен се појави во јавноста. Не дека и фалеше, напротив…

Се појави и првите зборови кои излегоа од усните на  сега одмореното, црпнато чедо, беа „Северна Македонија – едно општество за сите“?!

Јас, пак, така мозочно НЕМИЕН ко што милуваат да не’ нарекуваат оние комуњарските, мозочно испрани чеда, оваа реченица  ја чув вака:

„Алооо, Сооросс, амааан, ми треба помош! Ало, Џооорџ, ќе идам у затвор ако не бидам влааааст!“

Ова со затворот е факт, иако, за формирањето влада не се сомневам дека ќе ја стокми по сите албански нишани и ќе исполни се што ќе му побараат „коалиционерите“, гарантирано, ама 100 насто. Ќе даде се’ на албанските му „партнери“, ама се’ што треба, за да по оформување Влада им даде се’ што не треба и на Бугарите, без сомнение, ама ни трунка. За Грците, што ќе остане, и така добија се’ што си посакаа побратимите на Зокија, нели, фер…

Вистината, всушност, во превод би била: Стерилна Македонија – четврт општество за „Сите“…

Арно ама, повторното препотенцирање на измислената земја, онаа некаква си идиотска и сурушка кованица со Северна, што постои само и само во болните умови на извитоперените, криминогени чеда, ме наведе на размисла…

Хммм, чуму толку ја потенцира и вергла сентенцава чедото црпнато?

Вториот, поидиотски дел од реченицата, уште повеќе ме замисли, вели – ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ?! Абе ајде… За „сите“ вас, фригидни (ко што рече ЗЗ), стерилни и антинационални битија ли? Ова е најпознатата и најкористена, најефтина и најпатетично-кретенска референца на биљмезите од  само ним сплотеното друштво на тајни сороспии, греота, нели. Башка, долго време некористена. Чуму сега ставена во погон?

Тукуууу, чуму Зоки толку се дере, вриска и лелека за помош со тоа страната контра јужната и зошто во прва реченица му пишале (тој не знае ни просто-проширена реченица само да склопи, факт) да се гребе со тоа идиотштината за едно општество за сите, што го измисли Црниот Ѓорѓи за америчка употреба, каде и има стотина нации, раси и вери на едно место и страшен тик-так, тик-так општествен проблем на сегрегација, тоталка неприлагодена на македонското, од дамнина и со векови либерално општество?

Да не плаче, липа и колне за помош чедото црпнато од нива? Хммм, па и да оформи влада, гарант нема да биде македонска, да биде и премиерот албанец, ту-ту-ту, ќе биде поголем Македонец од него, нема поента да на плашат со таа глупоштија.

Туку, спремајте се за нови, грди години со Зокија, ако ја биде прикаската. Струјата веќе ја поскапеа, среде корона. Ќе ви стаат и патарини на Миладиновци-Штип, сигурно, минаа изборите. Нафтата за домаќинства веќе ја поскапеа, ок. А другото, тоа пак ќе биде специјалноста на СДСССС, национално доразнебитување, обезличување и  раскрчмување. По името, следува јазикот, историјата и нацијата. За бугарски пазарл’к. Ако не веруват, прашајте го дилајла советникот му Грчев, она лошото, искомлексирано човече. Сороспија за урнек…

И Зоки, тоа пи-ар стартезите ти неписмени нека научат дека национализмот нема множина. Јок, нема НАЦИОНАЛИЗМИ,  ко што ти срочиле во тоа писанието неписмено. Еден е, НАЦИОНАЛИЗАМ е, ко и шеќер, политика итн. Посебен тип на именка е, нека прочитаат малку, и тие ко тебе пустите застанати на Зоки Поки. Оригиналот на Николова, не денешните извитоперени глупоштии…

А со македонскиот НАЦИОНАЛИЗАМ, кој е посебен, исто ко и именката, се’ уште не си се соочил, верувај…

Коронавирус