сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 46
home Колумни

Заев одликуван за северна, конечно

Заев одликуван за северна, конечно

Кој чека, ќе дочека, вели старата поговорка. Да, многумина далдисале чекајќи. Арно ама, меѓу нив не е и Заев. Пустиот Црпко се закити со уште еден медал. Втор, по оној од црногорскиот принц, кој испадна дека не бил баш и принц. Ако, Зочето си стокми нова „медаља“, овојпат од грчката стопанска комора. Атинско трговско-индустриска комора ли. Не е битно, а не е баш и логично, нели? Па, пола мандат негов границите беа затворени со короната, дома ММЕ и на економијата, не па во Грција? Или, сепак, е логично?

Логиката вели дека „таа“ медаља одамна требаше одамна да ја добие неговиот сегашен полтрон ЉуБчо, затоа што ја продаде пола Македонија на Грци, не Окта, не па другите фирми, ама таксират војводски, медал од грчките бизнисмени доби токму ЗЗ Корисниот. Чудно? Јок…

Па на кого друг некој нормален Грк би му дал медал за бизнис, ако не на Зочето антимакедонско? Логично е, ама скроз. Им одработи црпнатиот лик, за сите пари. Има многу „бизниси“ кај нив ЗЗ, не е само хациендата на море, јок…

Ви текнува, кој биљмез го направи најголемиот „бизнис“ со насилна промена и откажување од вековното име МАКЕДОНИЈА? Епа, Зоче…

Кој суртук ја продаде вековната придавка „МАКЕДОНСКИ“, па мораше и сите институции да ги „национализира“ ко по 45-та им љубена? Епа, Зочето де…

Која дилајла  на Грците им подари ексклузивитет  и „могуќност“ саде тие да имаат право врз Македонија и „македонски“ без никаква придавка, додавка и друга заебанција? Зоран Муртински…

Кој шутрак се откажа од какво и да е постоење на македонско малцинство во истатата таа Грција. Истиот тој црпнат Зоче…

Кој копук им даде га-га задоволство на јужните ни соседи се’ почесто другите нации и држави да не нарекуват „северомакедонци“? Пак тој црпант лик Зоран…

Кој муфљуз направи Солун да биде Тесалоники во македонските карти и учебници? Да, ЗЗ ќе да е…

Кој недоквакан лик додаде плочки на македонските историски споменици од антиката,  правејќи не „дрво без корен“ кое со трски го препливало Дунав,  давајќи им епитет „грчки“ на оние кои токму грчките историчари ги викале варвари? Епа, другарчето Зоче…

Затоа, за автопатот, историјата, аеродромот, ССМ, Филхармонија  и за другите милион антимакедонски, северни глупоштии и грчки ќефови, не медал, Грците и нивната Стопанска комора, државата, мафијата и целата им нација треба да се свестат и да му ја дадат на Зоран Заев најголемата грчка награда за животно дело. „Гркот Зоран“ ли ќе се вика, “Гркот Зорба“ ли (саде една буква е разлика), иако, историски тој Зорба и не бил толку голем Грк, Заев е Грк ипол за него. А ако ја немаат таа награда, треба да ја измислат, заради Заев. ОК, башка и една доживотна, милионска пензија, едно евро за него, едно за Вицето…

Таксират, но за несреќа на Македонците, ваков недоделкан ГРЧКО-БУГАРСКО-АЛБАНСКИ (ГБА) сестран херој балканска мајка никогаш не родила, нит ќе роди. Хмммм, да, ГБА би била дијалектна кратенка за габа, паразит ли ќе беше, штетник. Му личи, нели. И ќе се согласите, редно е уште поголем, медал да му дадат и Бугарите, некоја Аспарухова плакета. 32 цм или помалку, не е битно. А од Македонците, знае што плакета му следува…

ЕУРО 2020

Македонија