сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 47
home Колумни

Заев, аман, носи ја кацигата

Заев, аман, носи ја кацигата

Си бил еднаш еден Зоки. Еден од многуте Зокиевци во земјата која некогаш се викала Македонија. Ама овој да ти бил мнооooгу посебен. Уникатен Зоки кој секојдневно го каљал името на останатите носители на истото. А тие пустите, не биле ништо виновни за тоа, ама таксират, овој имењак си бил таков. Инаков…

Го красел моментот што постојано нешто му паѓало на ум, а тоа на што антинационалната лудорија му паѓала го немало многу. Умот, де.

Втората посебност била што ставот , во просек, му траел цели 30 секунди. Тоа му бил рекордот…

Така, убеден во тоа што го кажува, го плескал со цврста увереност, а за половина минута уште поубедливо го демантирал истото.

И така, за овие негови квалитети и невидената превртливост се слушнало надалеку. Преку долини и ридови, езера и планини. Чуле и кај што не треба, на еден рид… Па пустите, решиле да го ЦРПНАТ недокваканиот. И им успејало. А тој, пак, цреп ко цреп, останал убеден дека се случило чудо, дека некој од горе умешал раце во неговото црпнување. Делумно, и во право бил, да, тие и биле од горе, од ридот де, а тој не доразбрал, оти толку му сечело…

Така драфтуван, го меселе, гмечеле, обликувале и сфатиле дека добиле џек-пот. Покорисен идиот не можеле да црпнат, покоризен – здравје, од нива ли, од река ли, од планина. Л’цнале од среќа и го ставиле во погон, озарени што пронашле толку уникатно чедо, толку самобендисано и бескрајно оксиморонско – толку полно со себе,  а толку празно. Без скрупули, емпатија и љубов кон ближниот свој.

Арно ама, имало еден сериозен проблем. При месењето, им капнало од медот и тој си ги замачкал рачињата. Од тој момент, многу му лепеле. Супер лепак не му бил рамен. Што ќе фател, му останувало на рака. Беља, голема. Па со лепливите рачиња си земал мито, поткупче, рекет, што ќе стигне. Еврата му биле омилени, ама немал ништо и против долари, денари, динари, круни, рубљи, јени, леки…

Три пати го помилувале, морале, оти многу работа им вршел. Ептен бил, башка корисен, башка идиот. Попослушно нешто не сте виделе. Оком-скоком извршувал. Затоа, прво го помилувал БЦ, па Хорхе, па Лошила Кацарска. Заслужил, оти правел се’ што ќе му кажат, без поговор. Сменил име на државата, Устав, Преамбула, донел дојазичност, затворил се’ што било промакедонско, а најново, се фатил црпнатиот и историја да менува. И така, Едипот со Електра комплекс во себе, и еб.ал мајката на татковината.

Не седел мирен, нема-нема, па ќе треснел нешто. Во стилот на „Не можеме да го присвојуваме Гоце Делчев…“ Толку разбирал пустиот, не му текнувало дека не можеш да присвоиш нешто што е твое. Присвојуваш туѓи работи, нели….

Ама не му било првпат да тресе зелени, тоа му било ко „добар ден.“ А зинел, плескал по некој црн бисер ли, лапсус, гаф ли…

Но не било виновно чедото црпнато, многу работи му паѓале на ум. Затоа и така се возел на мотор, без кацига, не дека бил тешка сељачина и сакал да го видат сите на Бемвето од над 30 илјади евра.

Неееее, не носел кацига затоа што така немало што да го спречи „паѓањето на памет“ на антинационалните глупоштии.

 

Затоа, Заев, аман, не ја вади тоа кацигата. Ни на мотор. Ни во влада. Ни на приеми. Ни по дома. Ни на сон…

За доброто на сите…

Не за сите во „вашата земја“. Јок.

За доброто на сите, во нашата Македонија…

 

Коронавирус