среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 153
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

За таблата на Мизрахи и неспособноста на власта

За таблата на Мизрахи и неспособноста на власта

Секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава. Криминал на сите страни ама таблата на Мизрахи ви е трн во око, полека бе другари, нафта не пиеме.

Како војници се испоредивте кој попрво да ја нападне Мизрахи, давидови ѕвезди  ѝзакачувавте, вербални ноти, навреди итн…

Зошто? Затоа што е Еврејка?! Ги мешате брзините бе другари!

Излегува, кажува дека открила криминал, а вие за таблата се фаќате, повеќе не важи онаа „Нема Правда, Нема Мир“? Ја заборавивте? Заборавивте како скокавте тогаш! Немој да разочарувате!

Од видни членови на СДСМ, членови на Шарена револуција до министерот за надворешни работи, на сите најбитна ви е таблата. Требала да плати казна зошто не го почитувала законот, а за кршење на Уставот и продавање на државата кој ќе плати?!

Само за информација, казната за ова дело не е парична, a за велепредавство наместо во банка да одите и да платите казна, се оди на друго место.

Станавме „канабис држава“, ама таблата на Мизрахи е побитна, рекет низ цела држава, ама не бе таблата е проблем, банди слободно решетаат со автомати, ама не, вие за таблата се фативте.

Грција ви се налутила, па што? Кога лепеа налепници и уништуваа автомобили им се налутивте ли вие?! „Мало сутра“ ќе им се налутите, немате м*да! Државата не ни ја признаваа, ама таблата на Мизрахи е проблем.

Нафта не пиеме, таблата не е проблем, изборите се ближат, па ви е страв Грција да не ве искара кај меѓународната, ама и албански гласови ви требаат.

Таблата во министерството била против законот за јазици, мислите на оној закон што Веницијанската комисија го декларираше како КАТАСТРОФАЛЕН, на тој закон мислите? Немојте бе, нафта не пиеме!

Устав згазивте, држава продадовте, тоа е кривично дело, ама таблата на Мизрахи е најголем проблем.

Инаку, за мала информација, позади истата таа табла, онаа вашата министерка, Мила Царовска, држеше пресови, состаноци и остваруваше средби, како бе тогаш не рипавте вака како за Мизрахи, како бе тогаш не ви сметаше, како бе тогаш не ја нападнавте Мила, како?

Наместо да излезете да кажете кои високи функционери од СДСМ се вмешани во „Рекет“, да ги фатите криминалците, да спроведете конкретни мерки, да ја намалите невработеноста, да го спречите одливот на младите од Македонија, да донесете странски инвестиции, да ги направите патиштата (имаме патишта како после ратишта), да им направите на луѓето канализација, водоводна мрежа, „алпски воздух“ да донесете, вие за таблата на Мизрахи се фативте, ајдеее мајкатааа, не може бе така другари!

Реалноста е друга, стравот ви е очигледен, анкетите друго ви говорат, власта ја губите, а тоа ве прави нервозни, па затоа не бирате ниту зборови, ниту начин со кој ќе се справите со проблемите.

Уште еднаш ќе ве потсетам, Евреите може се малце, ама многу се моќни! Си играте со оган кога на таков начин им се спротивставувате. Не може да говорите дека САД го сакате, а од друга страна со вашите постапки покажувате дека Израел не го поднесувате, едно со друго не оди!

 

ПС: Затоа што таблата ви е најголемиот проблем со кој се занимавате, затоа крајот ви се ближи.

 

Ристе Здравков