понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 4
home Колумни

ЗА ДРЖАВАТА, ПРАВОТО И ПРАВДИНАТА

ЗА ДРЖАВАТА, ПРАВОТО И ПРАВДИНАТА

Го повикувам претседателот на Републиката г-дин Ѓорге Иванов да излезе на прес-конференција и јавно да му ги каже на народот следните факти:

1. Согласно Уставот на РМ, согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори и согласно меѓународното право НИКОЈ ВО ДРЖАВАТА, А НАЈМАЛКУ ЗОРАН ЗАЕВ И НИКОЛА ДИМИТРОВ ИМААТ ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ да склучуваат меѓународен договор со Грција за промена на нашето име!

2. Со меѓународен договор НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ СМЕНЕТО ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, ИМЕТО НА НАЦИЈАТА И ИДЕНТИТЕТОТ!

Ако тоа се случи, Република Македонија ќе биде запишана како преседан држава во светската политика и како држава која не го почитува меѓународното право!  Според меѓународното право спор за државни имиња НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ! Таков спор е невозможен меѓу нормални држави и е до сега невиден во светската пракса!

3. За промена на име на држава можат да одлучат САМО И ЕДИНСТВЕНО СУВЕРЕНИТЕ ГРАЃАНИ НА ДРЖАВАТА НА РЕФЕРЕНДУМ! Иако е прашање колку ова прашање може да се стави на референдум ако имаме предвид дека името на државата не е само на неколку генерации, туку и на оние што доаѓаат, како и на оние што се уште немаат право на глас.

Секој склучен меѓународен договор за промена на името ПРЕД да се случи референдумот и да се види ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ ВООПШТО САКААТ ПРОМЕНА НА ИМЕТО Е НИШТОВЕН!

Таквиот меѓународен договор НЕМА ДА ПРОИЗВЕДУВА НИКАКВИ ПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА, ниту ќе има правни ефекти!

4. Со склучен меѓународен договор НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИНИЦИРА ПРОМЕНА НА УСТАВ!
Постапката за промена на Уставот е јасно утврдена во Уставот, а не во меѓународен договор. Склучен меѓународен договор спротивно на Уставот на РМ НЕ МОЖЕ да се применува, а уште помалку може да има правна сила како и да биде основа за започнување постапка за промена на Уставот.
Во член 2 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународен договор, како меѓународен договор се смета договор кој РМ ќе го склучи во писмена форма со една или со повеќе држави или со меѓународна организација со кој се утврдуваат права и обврски за државата, СОГЛАСНО СО УСТАВОТ НА РМ И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО.

И самиот закон упатува на фактот дека меѓународниот договор МОРА ДА БИДЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО УСТАВОТ, односно дека со меѓународниот договор НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВА УСТАВОТ на државата!

5. Ако, како што вели Заев, целта на меѓународниот договор што го договара со Ципрас е заради нашето зачленување во НАТО и започнување преговори со ЕУ, тогаш според нашиот Устав, закони и според меѓународното право таков вид меѓународни договори може да склучи единствено и само ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА, и никој друг!

6. Претседателот Иванов треба јавно да каже дали целата постапка што ја води Владата е во согласност со Уставот и со законите на државата, бидејќи станува збор за негов ресор и за негова уставна надлежност!

Јавноста ЗАСЛУЖУВА да го чуе мислењето на претседателот на Републиката сега и веднаш!

Секое одолговлекување на правната вистина околу тајните преговори за промена на нашето државно име ја става Република Македонија во заложништво и ја внесува во уште поголема неуставност и незаконитост од која нема да може да излеземе ако најповиканите институции навремено не реагираат!!!