петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

За докторите, за полицајците, војниците… за ХЕРОИТЕ!!!

За докторите, за полицајците, војниците… за ХЕРОИТЕ!!!

Да, добро прочитавте Хероите, затоа што во ваква ситуација нé држат во живот, не дозволуваат да се „истребиме“, брзо, навремено и безрезервно дејствуваат, не прашуваат кој и зошто, туку каде треба да се интервенира, ја облекуваат униформата и се фаќаат за работа, затоа се ХЕРОИ!

Да не се разбереме погрешно, кога пишувам докторите, мислам на целиот медицински кадар кој во моментов неуморно работи на клиниките ширум Македонија, бидејќи докторите сами не би можеле да се справат, сите вие во моментов заслужувате многу повеќе. Ќе речете „па добро тоа ни е работа“. И да, нема да погрешите, но верувајте дека тоа што вие во моментов го правите ако за вас е само рутина и дел од работните обврски, за нас граѓаните е ХЕРОЈСКО ДЕЛО!!!

Вашиот молк, додека работите и по 15 часа на ден, е погласен и од најгласниот политичар, вашата храброст и пожртвуваност нема цена.

И додека некој од нас сеуште размислува дали треба да имаме избори во април, вие се борите да спасите нечиј живот, секој од вас на различен начин.

Докторите со своето знаење, полицајците и војниците со својата физичка и ментална подготвеност во моментов не дозволуваат ситуација да излезе од контрола, секој на свој начин.

Имате милион причини да се откажете од тоа што го работите, многу ќе се запрашате зошто? Се сеќавате на тепањето на докторите, се сеќавате кога на протестите, натпреварите ја тепавте полицијата… знам дека се сеќавате, затоа!

Ама овие луѓе не се откажаа, туку напротив, работат уште похрабро, овие луѓе во моментов се соочуваат со пандемија, овие луѓе се очи во очи со смртта, овие луѓе не дозволуваат да се „истребиме“, не дозволуваат паниката да надвладее.

Докторите, полицајците, војниците, сите овие луѓе имаат деца, имаат фамилии, сте се запрашале ли еднаш во животот, како им е нив, сте се запрашале ли како се чуствуваат нивните најблиски, како се чуствуваат кога ќе слушнат на телевизија дека некој доктор е истепан или дека некој пукал во доктор? Сте се запрашале ли како им беше на фамилиите на полицајците и војниците кога ни се случи Диво насеље, кога ни се случи 2001 година… ЛОШО Е.

Лошо е чувството кога знаеш дека твојот родител, син/ќерка, сопруг/а, братучед, другар… се соочува со смртта и гледа на смртта директно во очи, сте помислиле ли на ова некогаш?

Не е време на поделби, сега е време кога сите треба да се обединиме, сплотиме, сите заедно да се избориме со овој “непријател“.

ПС: #СедиСиДома

 

Ристе Здравков

Коронавирус