недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Колумни

Who the f**k is Kosta

Who the f**k is Kosta

Вчерашната изјава (22.08.2019 година) за новинарите од Централниот одбор, со истата реторика како претходната на генералниот секретар Николовски ја даде претседателот Зоран Заев. На овој Централен одбор, како најважна точка бил изборот на  потпретседатели на партијата. Како минатиот пат  така и сега, се е слично едно на друго, се разбира декларативно. Но некако во сенка беше споменат изборот на “Коста Петров” за потпретседател на партијата кој што бил нов во нејзините редови, што значи без никакво политичко искуство. Преку него била испратена порака до младите, (иако никој не слушнал за него) дека е “со сериозно образование и докажан човек”, па на тој начин било јасно дека може во нашата земја да се засукаат ракавите и да се успее. Ете затоа бил избран во највисокото раководство на паријата, а ќе помогнал со својот бекграунд во делот н менаџментот и маркетингот.

Ако прегледате на интернет ќе најдете интересно уредени сајтови на кои се појавува овој човек, но интересно е дека покрај сите само пофалби го нема неговото образование, што било еден од мотивите да се избере за потпретседател. Спорни се и другите негови “квалитети”. Во секоја партија имало експериментирање со кадри па така и овде.

Она што е исто така, малку познато или подзаборавено е дека тој бил одговорен за ПР во Министерство за здравството, за време на Арбен Таравари и си поднел оставка, најверојатно поради тоа што не можел да се снајде. Малку познато е и тоа дека неговата ПР агенција држела обуки за односи со јавноста и протокол во Владата. Тоа е најслабиот дел на Владата до сега, па се поставува прашањето дали таа агенција е одговорна за поставување на знаме на друга држава, за време на посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, што во протоколот е ненадоместлива грешка и понижување на другата држава. Понатаму дали неговата агенција има дел од одговорноста за разговорите на премиерот со руските пранкери, кои служеа за потсмев не само кај нас, туку и во регионот, па и пошироко, бидејќи и тоа е дел од протоколот. Се поставува прашањето дали тој помагал и на ПР-от на партијата, односно портпаролот Костадин Костадинов, затоа што со неговите недораснатите изјави (од кои партијата не се огради), тој не само што си ја запечати политичката кариера, туку и служи за потсмев на целокупната македонска јавност. На пример, во недела на 18.08.2019 год., за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Србија и Грција, на Твитер го повикуваа Костадин, да направи прес конференција,  на која ќе го праша  Христијан Мицковски, да одговори кој ќе победи на натпреварот.

Она што е повидливо и попознато за него, е дека бил дел од тимот на Тамара Тодевска за време на Евровизијата. Тоа можеби кажува се за него. Покрај тоа што, на насловна фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, која сеуште му стои на профилот, често можат да се забележат негови фотографии со членови на фејк невладината организација “Меѓународен сојуз” на Боки Тредичи и со вработени во 1 ТВ, како на пример Сергеј Варошлија. Тоа значи, дека тој е дел од истата шема, која е поврзана со рекетирање на бизнисмени во последните две и пол години. Затоа се поставува прашањето од кои пари бил  платен за Евровизијата? Дали со дел од десетте илјади евра кои Тредечи и ги даде на Тамара, а кои потекнуваат од рекетот, или пак со парите на “Меѓународниот сојуз”, вадени од сметка, а кои се исплаќале на рака. Од тука станува јасно, дека СДСМ е целосно испреплетен со друштвото од “Меѓународниот сојуз” на чело со Боки Тредичи. Од изнесеното може да се заклучи дека  нема начин, ниту има други луѓе , кои и понатаму ќе учествуваат во лошата приказна, која е веќе добро позната на целокупната јавност во земјата и во странство. Станува малку попознато зошто токму тој е избран на таа позиција, и дека партијата ќе продолжи со истите политики до предвремените парламаентарни избори, без оглед кога ќе бидат тие.

Што се однесува до неговата стручност, во неговата биографија се истакнува дека тој е основач на агенцијата за организирање на настани P World, која не е толку позната, колку што е добро спакувана на интернет, каде неколку пати се потенцира дека организирале настан во Исламската република Иран. Замислете држава која не е секуларна и која е во лоши односи и под санкции на САД , официјално наш стратешки партнер. Исто така во биографијата му пишува дека е соработник со весникот Hafftington post, кој е финансиран и под силно влијание на Џорџ Сорос, што не смее да влезе во САД, а персона нон грата е и во неколку држави на ЕУ. Ременски и Шилегов мораше да бидат тргнати, првата како почесен претседател на “Меѓународниот сојуз” , кој е дел од кривичната истрага, а вториот поради немање на резултати на функцијата градоначалник на град Скопје.

Новите решенија евидентно не се соодветни, а потпретседателката и нова министерка за финансии Нина Ангеловска бргу ќе сфати дека си уништила добар бизнис, за да послужи како “маша” за бесконечното задолжување на државата.