недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 81
home Колумни

ВРЕМЕ Е ЗА ОСТАВКИ

ВРЕМЕ Е ЗА ОСТАВКИ

Живееме во време на искривени вредности, на изгубена меѓусебна доверба , изгубена доверба во институциите, во време на излажани и крајно разочарани граѓани, период во кој се с`е поприсутни: злобата, зависта и невидениот политички прогон на неистомислениците.

Изминаа повеке од две години од кога СДС целосно раководи со локалната и централната власт. Од безброjните ветувања:  отварање на индустриски капацитети во секоја општина и креирање на нови работни места, изградба на гасификација во секоја општина,решавање на проблемите со комуналниот отпад-изградба на регионални депонии, изградба на канализациони и водоводни мрежи, изградба на патна инфраструктура , и стотици други лажни ветувања за ”ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА” со  кои мешетарејќи низ градовите и селата успеаа за жал да изманипулираат дел од нашите сограѓани.

Но еве денес по изминати повеке од две години  локална власт од СДС, од ветените проекти нема ни трага ни глас. Актуелните градоначалници немаат ниту еден капитален проект со кој можат да се пофалат или да излезат отчетно пред граганите на своите општини.Нивното функционирање во изминатиот период се сведе на решавање на лични прашање,на невиден непотизам,на доделување на тендери на свој блиски фирми,на службени патување во странство ,воскреснување на локалните шерифи кој се по целосна застита на власта.

Најголем проект кој со “макотрпна работа” успеаа да го реализаираат е засадување на едно до две зимзелени дрвца во секоја општина.

Ако ги следиме европските и светските трендови(на кои често се повикуваат господата од сдс) каде што за неостварени и мали ветувања градоначалниците си поднесуваат оставка(пр.во Австрија оставка си поднесе градоначалникот  само заради тоа што  неколку домаќинства не успеале да се приклучат на канализационата мрежа во периодот кој им го ветил на избори), тогаш овие ”нашите ” залетани и изгубени во своите функиции не само што треба ВЕДНАШ  да си поднесат ОСТАВКИ, туку и доживотно да се пензионираат од политиката.А секоко поле 12 април ке следува и одговорност за сите криминалии .

Јас секогаш велам граѓаните да судат врз основа на делата, на ветените и реализирани проекти,  довербата да ја дадеме на луѓе кои што се чесни, искрени и докажани професионалци во своите обвасти.

Време е да се казнат лажните  ветувања

Време е да се казнат неспособните и лажливи функционери од оваа однародена власт

Време е за нови проекти и за посветени и искрени политичари

ВРЕМЕ Е ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА

Марјан Ристески

Коронавирус