четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Колумни

Волкот и трите Вициња

Волкот и трите Вициња

Сите ја знаеме приказната „Волкот и трите прасиња.“ Разбирливо, па класика е. Во Македонија, пак, во шема е прикаската за „Волкот и трите Вициња.“ Разликата е што, во нашата верзија, се’ е испревртено. Како и се’ во државата откако биљмезите дојдоа на власт и се обидоа да и го сменат името…

Во нашата прикаска, Вицињата се лошковците, а освестениот ВОЛК е добричината. Оти, кај нас и онака одамна се’ заминало по ѓаволите и морските вештерки. Во нашата прикаска, волкот е народот. Не кој било народ, туку еден библиски, стар народ. Македонски ќе да беше.

На иститот тој волк, по сите ѓурултии, наметнати апатии, рамнодушности и малодушности во минатите три-четири години, едноставно, ко што бива и ко што треба, му пукнал филмот. Трпел, трпел пустиот Волк, ама веќе не бивало. И пукнал, се освестил, ко што требало одамна и да биде…

Така, нашиот Волк тргнал во потрага по трите Вициња кои ги уништувале минатото, сегашницата и иднината на родот му.

Прв на списокот му бил бил Вице Димитров. Го знаеле како ВИЦЕпремиер за евороинтеграции или екс црн потписник на капитулацијата во Нивици. Снаодливо и размазено Вице било тоа, башка добро глумело. Успејало да одглуми и дека е вмровец, ама испаднал неолиберален комуњар во патриотска кожа. Бил и добро, од високо информиран. Од ридот де.

Така и првото Вице начуло дека Волкот тргнал да го бара, па избегало во својата куќа. Арно ама, и волкот знаел во која хациенда првото Вице живее, па набргу го нашол. Силно земал воздух и почнал да дува кон к’штата му.

Вицето се смеело зад прозорецот, убедено дека е добро заштитено. А волкот дувал ли дувал, без прекин…

Арно ама, првото Вице се зезнало. Многу. Прво, на заштитниците веќе не им требало такво проѕирно, издишано Вице, а сите знаете што бива со употребените кондоми. Второ, куќата му била направена од листови од договорот со Грција и оној новиот што го „фризирал“ и оправал, со Бугарија. Македонско, сврзно ткиво меѓу нив немало, т.е малтер јок, само празни зборови, флоскули, лаги и ветувања. Така што, засолништето му се разлетало на сите страни. Вицето исплашено погледнало лево-десно, запискало и трчанката избегало кај второто Вице.

Второто Вице со гушка го дочекало задишаното прво Вице. Ова било опортунистичко-лукративното Вице, санки бизнисмен. Било и единственото вистинско Вице, братче на Зоран Рушителот, лик кој следните векови ќе се спомнува како човекот кој се обидел да ја разруши Македонија и да ги обезличи Македонците. Неуспешно…

Арно ама, волкот знаел каде живее и второто Вице, кое сите свои дејанија ко и сите сдссссовци ги оправдувало со „иднината“. Со парите де, да бидеме појасни.

Иако била далеку, у Струм’ца, Волкот набргу дошол пред куќата на второто Вице. Не му требал Том-том, Гармин, ниту ГПС. Сите знаеле каде обитава второто Виценце. Цела Македонија ја знаела дотичната менувачница…

Таму пак, првото Вице, сега во муртинско опкружение, играло оро со второто. Самобендисаните Вициња мислеле дека народот, т.е. Волкот де, не може ни да ги пипне таму. Ова била милионски тешка к’шта, башка обезбедена. Силно…

Арно ама, кога го виделе лутиот Волк, обезбедувачите од чиј сој биле, избегале на „прва“. Волкот се загледал во куќата на второто Вице и земал воздух, ама јако. Таа била изградена од мнооогу евра за црквата, Луј Витон ташнулиња и сијасет коноп и ливчиња марихуана. Навидум отпорни, ама кога дувнал изнервираниот Волк, се’ се разлетало на сите можни страни. На северната најмногу, чудно нели?!

Првото и второто Вице се сепнале, ама набргу се свестиле и скокнале во блиндираниот Мерцедес ТЕНК вреден 600.000 евра  што црпнатото братче на второто Вице го испратило на испомош. Со силна чкрипка се упатиле кон најсилната куќа на третото Вице.

И така, со гласно кочење и остра „цајканска“ влетале во дворот на куќата на третото Вице, Вице  Груби. Ова Вице било познато по тоа што направило кариера тепајќи малолетни деца на скопското Кале. Сега, иако било Вице, парадоксално си било појако од човечето кое демек го менувало…

Првото второто Вице, силно се издишале и здивнале, оти сега биле на сигурно. Куќата на Вицето Груби ја чувале стотици Орли, ниту еден Волк не можел да ги победи, оти „веќина“ биле на Балканот, каде Волкот цела историја бил угнетуван и негиран…

Арно ама, Волкот освестен набргу стасал и овде. Куќата на третото, исто така сороспијско Вице со поинаква националност од првите две ја знаел секој таксист. А меѓу нив, грото биле патриоти, искрени и без заддршка, зашто комуњарите и ги избркале од работа. Ко и нивните татковци, во транзицијата. Мала дигресија де…

Волкот почнал да зема воздух, гласно, погласно и пред  да дувне – оп! Чудо се случило. Орлите, сами од себе, без да дадат никаков отпор, си летнале. Кој во Албанија, кој во Немачко, кој Косово, кој Швицарско, најмалку дома во Македонија. Единствениот орел бил оној кој Вице Груби го правел со рачињата, по навика. Волкот пријатно се изненадил, а трите Вициња л’цнале од мака.

Не сфатиле пустите Вициња, дека Орлите сконтале оти некој од ридот ги мести, дека им текнало оти апсааната по Косово била за да сега некој се доближи до Белград. Па така, соочени со свеста за употребната им вредност, изгубиле волја и решиле да му удрат контра на создателот. И заминале, простум…

А трите стутулени Вициња, во кои биле отелотворени ПРЕДАВСТВОТО, ПРОДАДЕНОСТА ЗА ПАРИ И НАСИЛНОТО НАМЕТНУВАЊЕ НА МАКЕДОНЕЦОТ почнале да кенкаат, лелелкаат и тажат, убедени дека Волкот сега ќе ги изеде.

Арно ама, јок, Волкот не ги изел.

Прво, од хигиенски причини…

Второ, ги натерал секој ден од преостанатиот дел од животот да прават нешто што многу ќе им пречи. Бескрајно. Секое утро веднаш при станување, пустите три Вициња морале три пати да се откажуваат од СЕВЕРНА. Ко од ѓаволот. Соодветно, нели…

Трето, најмалку во секоја втора реченица морале да кажат МАКЕДОНИЈА. Како и зошто, морале да се снајдат. Ги болело, ама тоа е тоа…

Четврто и најбитно, Волкот ги „наоружал“ со брусалици. Тоа им било и работа како јавни службеници. За минималец, трите Вициња секој ден оделе во различен град низ Македонија и на шахтите што претходно ги осквернавиле, го враќале сонцето од Кутлеш.

Кога завршиле со оправката, го ставале т.е гравирале со брусалици истото тоа сонце на сите шахти на кои никогаш и го немало истото.

А, за да биде „крајот делото го краси“, знаете ли со која една те иста песна морале да брусат, т.е. гравираат?

Епааа, трите Вициња доживотно казнети да носат маички/блузи/јакни (зависно од годишното време, нели)  со Гоце Делчев, нанесувајќи го сонцето од Кутлеш на шахти од Табановце до Ќафасан, Богородица, Меџитлија, Маркова Нога и до Деве Баир, морале да пејат, ама колку ги држи глас и да викаат:

„НИКОГАШ северна, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!“

И така, си живееле среќно до крајот на животот…

Коронавирус