недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Колумни

СДСС политиканство и северна злоупотреба во ТВ училница

СДСС политиканство и северна злоупотреба во ТВ училница

Седам така, слушам и не ми се верува. Аууу…

Телевизорот пуштен на МТВ, си врвит „ТВ училница“, а таму наместо да ги учат децата – им перат мозок за некаква си северна глупоштија?!

Верувале или не, но безобразните и непрокопсани СДССС политиканти успејаа да ја вметнат идиотштината партијска во образованието и да ги злоупотребат децата дури и преку малите екрани. Да се немало исав. Најнов хит им е евтината пропаганда наменета за „навикнување“ на најмладите на северната глупоштија.

Класично, парадоксално перење на умови на децата на немиените, мозочно се разбира…

Да, злоупотреба на децата за кои и е наменета оваа програма, која требаше да биде едукативна за да не губат од наставата, но сега со пренамена и „мали дечји додатак“да губат од националното, па им продаваат северна идиотска прикаска. Неверојатно, но вистинито.

Уште поневеројатно е што ги гледате слајдовите на кои ЈАСНО пишува РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,  а водителката принудно и јасно ги чита со наметнатата додавка контра јужната страна?! Да, учебниците, за нивна голема жал, се уште не се променети.

Небаре, прес конференција на Влада, Стеки или Зокија го слушате. Северна, па Северна и пак Северна. 30 пати во минута. Јес да Спасовски ви беше гостин токму во „ТВ училница“, што беше уште поголема идиотштина, но очебијно каде тој стапнал трева не расте, а Северна без проблем вирее. Поверојатно, ТВ северилница…

Алооо, па дали сте бре нормални?

ОК, јасно е како прикаската биднала. Комуњарскиот медиумски могул од екс Бихаќка се јавил каде што треба и нарачал кај некое директорче, тоа се јавило кај некое уредниче во МТВ кое стана НТВ, а тоа пак ги собрало водителите и новинарите и им наложило на секоја РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да ја додаваат северна глупоштија. Точка. Оти така морало, по Устав. Истиот тој што насила со уцени го сменија, нели…

Нема да ме зачуди доколку антнационалнава збирштина владина плесне среде корона нови милиони не само за менување на банкнотите, туку и за менување на учебниците.

Нејсе што нема за заштитна опрема за лекарите, полицајците и војниците, битно е да и угодат на Грција и на нивната омилена Меџународна. Исто ко што санкции против братска Турција воведоа, а таа ни „врати“ со огромна хумантарна помош за борба со коронавирусот. Исто како „лошиот диктатор“  Орбан и оној „неподобниот“ Јанша, абе вмровчишта низаедни, нели. А да, и „лошите“ Кинези ни испратија…

Дајте бре луѓе, не ни ги трујте децата со политички глупоштии. Не мислам да слушам секој ден  ТВ Училница и да ги исправам водителите секој пат ко ќе кажат Северна и да им објаснувам на децата дека некој тресе зелени и тера политика во време на корона. Алоо, свесни ли сте дека луѓе ќе гасат телевизори и ТВ училница нема да вклучат никогаш поради овие ваши глупости?

Мислам, во време на корона, некому да е најбитно да смени име на држава на банкноти, деца да инструира со политички, антинационални глупоштии преку „необразовна“ програма и СЈО да земе пари за да тера возот хунташки?! Што е следно, бонуси за Кацарска, Рускоска, Јовески ли? Батлете ги оние во првите борбени редови со короната, тие се неважни, политиканството на дилајлите е многу поважно.

Ова не е Северна, јок. Ова во моментов е Република Забегана Македонија.

И баталете Северна, биљмези, ладното и одговара на короната…

 

Коронавирус