понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Колумни

Внимание, Заев го брани МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!

Внимание, Заев го брани МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!

Јанѕа ме изеде, небаре змии ме полазија… Се наежив во моментот кога Зоран Заев кажа „Јазикот сме сите ние. Сè дури постои македонскиот јазик, ќе постојат Македонците. Сè дури постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик.“  Уффф, се расплакавте, гарант…

Пред него и Стево Пендаровски блескаше: „Македонскиот јазик е ноторен факт, одамна признаен од светската лингвистичка наука.“ Ве разнежни, нели…

Добро, им напишале пи-ар биљмезите, а човечињата вљубени во север прочитале. За малку, ќе помислев и дека се Македонци…

Ве лажам, многу одамна тоа ми е непоимливо. Попрво ќе поверувам дека Џек Мевосек бил филантроп…

Проблем е кога црпнатото чедо ќе вети или констатира нешто за и околу Македонија, Македонците, историјата, јазикот, името. Особено, во момент кога Бугарите ги бараат истиот тој јазик и нација…

Да, шубе. Тоа е природното чувство кое се раѓа кај Македонецот секојпат кога Заев ќе брани некоја национална светија. Ремининсценции. Дежа ви ли беше. Искуството си го прави своето. Ја знете онаа – еднаш ако ме излажеш, срам да ти е. Два пати срам да ми е. А што бива кога едно чедо – а отвори уста, лаже?

Што бива кога некој кој внесе толку пизма, неспокој, гнев и бес во срцето на секој вистински Македонец, ќе почне да паламуди за јазикот? Раѓа уште поголемо количество од истите чувства, мултиплицирани, повеќекратно зголемени до ниво на експлозија…

Какво чувство ви се раѓа кога Заев со цел ум и без срам и перде ќе се обрати на Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“ во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков?! Алооооо?! Па, исто како она кога го видов Пендаровски кој беше, замислете, покровител на 1000-годишнината на манастирот Св. Јован Бигорски. Нагон за повраќање ли беше. Ил нешто посилно…

Е сега, истите оние кои ветуваа дека нема да го сменат светото име на државата, кои глаголеа дека нема да го чепнат Уставот, а сега се фалат со истата таа глупоштија, наеднаш се помакедончија (читај повампирија) и ни изигруваат големи Македонци, па со цел ум и за македонштина зборуваат, јазик спомнуваат, нација ни чуваат?

Стево „Љубави“ кој пред некој месец го направи Гоце Делчев Бугарин, познат по тоа што дел од народот за него е стока која ја товараат и Зоки звани „Северна“ станаа патриоти? Ууууууу, ГРОМОЗОРНО, што би рекол ЗЗ…

Абе ајде, сиктер таму, не ви е срам…

Дилајлата која донесе двојазичност на голема врата, идиотски непотребен чин за присуство на албански во Берово и Македонска Каменица, сега ми држи говор за МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК?! Аналфабетот кој се’ уште секоја втора реченица ја тресе на муртински дијалект и не најде за сходно да си го научи литературниот јазик сега држи предавања во Институтот за македонски?!

Аха, случајно нели, и Зоки, ко Стево во Бигорски, не ја спомна државата во која се зборува истиот тој јазик македонски.

Алооо, МАКЕДОНИЈА се вика, МАКЕДОНИЈА!

Башка, тие копитата што ти го пишувале говорот, да ти ги вратат парите. Во истата реченица, рамо до рамо ги стави Петре М. Андреевски и Оливера Николова (секоја и чест, ама не припаѓа во друштвото) и Блаже Конески со Славко Јаневски до него? Пирејот, Дениција и Зоки Поки рамо до рамо, основоположникот и „Славјан“ еден до друг. Ах, да, едно општество за сите, цццц…

Како беше Зоки, „Село ПОД 7-те јасени“ еднаш ли рече? Паметиме. Да, под ли зад ли, помалку важно… Уште тогаш, комунистите го наместија подобниот Славко во 1952-та и го зезнаа Стале со „Крпен живот“ за приматот на прв македонски роман. Класика сте. Си имаат историја во навиката комуњарите од екс Бихаќка. Долга историја…

Само што нивната е од 45-та па навака. Тука се разбирате со бугарските ви другари.

Нашата, пак, е мноооогу подолга.

Да, различни светови, истории, исто ко државата и чувствата за неа.

Вашата е онаа измислената „северна“, онаа утопијската направија која од срам ја викате „нашата, вашата, оваа“ или не ја ни спомнувате.

Со нашата, пак, се гордееме, нашата е МАКЕДОНИЈА.

Засекогаш…

Коронавирус