вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Колумни

Влезот во антимакедонскиот циркус на Заев е бесплатен, излезот се наплаќа

Влезот во антимакедонскиот циркус на Заев е бесплатен, излезот се наплаќа

Чесен крадец. Ова е оксиморонот кој најдобро им прилега на Заевци и нивното политикантско битисување. Од „роЃење.“ Непоимливо и контрадикторно, но толку соодветно на носителите. Лажат-корнат дека се чесни, а гледате како и од ушите им тече мито и корупција. Слично на мрачниот блесок со кој секогаш е пропратено нивното владеење…

Без’рбетните милувачи на комуњарската максима – „слушај што ти зборувам, не гледај што правам“, финта која минува само кај нивните „поддржувачи“ кои заради вработување, унапреЃење или тендерче ја вртат главата на страна, веројатно си се навикнале на ова, па мислат дека сите ќе гледаат на другата страна додека тие крадат, сушат-лажат и урнисуваат се што ќе фатат со лепливите рачиња. Арно ама, тоа одамна не минува ниту дома, ниту кај возљубените им странци. Не може, оти неделото и апашлукот  им се гледа и од вселената, па врти-сучи, и западните поддржувачи сфатија со какви дилајли и арамии си имаат работа. Башка, одработија што требаше. ЕУ никогаш и не била во план, нели…

Веројатно, четиригодишното климање со главите и апологетската послушност на полтроните и потпушувачите со кои се опкружени, почна да ја дава вистинската слика на фејк-извиканите сдсссовци и сдсссовки, па навикнати на „ДА, ШЕФЕ“ шемата, веќе не се ни трудат да ги сокријат своите маани, неукост и глупост, па си тресат ли тресат зелени. Ок, знаеме кој им е лидер, а тие создадени по неговиот лик и недело, па им прилегаат идиотштините. Што е право, право си е, им стојат ко „саливени“…

Зокија Промуќурниот одамна го знаеме, ликче кој својата неупотребливост и неспособност во секоја смисла го компензираше со силната упорност и „корисност“. Корисен за сите, освен за Македонија и Македонците. Имајќи предвид колку соседи имаме, 4:1 за Заев, нели…

Ама, деновиве го засенија. Силна битка за најдилајла и најкловн се води во антимакедонскиот циркус на СДССС. Рововоска. Таму, Артан Нежниот и Алија се во друга категорија. Овде битката е меѓу декларативните Македонци. А ги има многу, цела сурија.

Така, со голема амбиција која се гледа од авион и со огромна желба да избие во прв план, Злорада Пелинска го зеде приматот. Излезе и тресна дека први ќе сме имале вакцини во регионов, ама филантропите ни комуњаро-владетелски не сакале да бидеме заморчиња?! И преживеа. Ко и секогаш…

Но, не издржа Зоза Корисниот, па за да се врати на пиедесталот дилајловски, ја обвини опозицијата дека е виновна за се’ што ни се случува. Јако, нели, каде само му текна таква брилијантна мисла.

Па клонот му Љупче Кривопаланачки се вмеша несакајќи, вадејќи се за корупцијата во која се заглавени над уши, со истата прикаска за грешната опозиција, ама по две-три воспитни од шефот, го снема во глувчешката дупка, од каде и излезе.

Ускокна теолошкиот кловн Оливеричи кој во Вевчани тепаше, ама во Скопје на протестите за убијци и егзекутори на деца ги натера полицајците да гледаат во небесата. Времено, изби на првата дилајла комуњарска позиција…

Сепак, Немила ги победи сите во антимакедонскиот циркус. Поплиток популистички демагог се нема родено одамна во редовите сдсссовски, иако таа е посвоена од оксиморонскиот невладин владин сектор.  Ок, невладин само кога ВМРО е на власт… Секој ден си држи средби со партиските членови, а ги претставува како средби со образовната „фела.“ Па со акламации одобруваат, паѓаат во несвест царо-реформска, иако гревовите пусти не ни ја знаат содржината . Поради „ефтиноќата“ на дејанијата, немилата Мила торжствено завладеа со кловновскиот дилајлизам во СДСССС. Но не застана тука, влезена во „удри по народот, не го жали“ спахијскиот филм на сопартијците и’, подизведувачката на пробугарските „образовни“ реформи со многу сексуално образование, а малку историја во нив, им се закани на матурантите дека ќе го одработат изгубеното во бојкотот на наставата, кој се одвива само и само поради владината серија глупости во низа. Така си знаат, само со закани. Аха…

А вие да си ги одработевте бојкотот на Собранието ко опозиција, со кој ја чиневте  Македонија милиони? А? Не па дека кога „работите“ ко сега, сработувате нешто.

Ко ќе ни текне, не умревте национално, здравствено, економски, образовно, аман, не „работете“ толку. Јест да сме пиреј, ама што е многу, многу е…

И не мислете дека не’ работите ко бавчи, никој не ви верува, дури и полтроните и сурушите околу вас ви климаат само заради пари. Ни тие не пијат нафта. Маските одамна паднаа. Не само во Вевчани…

 

П.С.

Велат дека влезот во циркусот каде главна точка се антимакедонски игри без граници е бесплатен. Излезот се наплаќал. Скапо…

????????????????????????????????????

 

ЕУРО 2020

Македонија