понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 127
home Колумни

Владеј и остави ги другите да умрат…

Владеј и остави ги другите да умрат…

„Живеј и остави/пушти ги другите да умрат“(Live and Let Die). Еден од најпознатите Џејмс Бонд филмови. Цели 48 години потоа, во Македонија се снима „Владеј и остави ги другите да умрат.“ Во првиот, ѕвезда е Роџер Мур. Во новиот е антихеројот Зоран Заев. Ок, имаат и друго сврзно ткиво. Бонд е супер агент на МИ-6, а Зоче преговараше со истата таа британска разузнавачка служба за да набави вакцини?!

Арно ама, дека Макијавели може вода да му носи (со цистерни, не чаши) ЗЗ црпнатиот покажа со најновиот чин. Верувале ли не, а со него веќе се’ е возможно, муртинецот довлечка ковидосана пратеничка од Битола само и само за да глуми грижа и да покаже дека неговите демек „синокрвни“ чеда, а не оние „немиените“ од ВМРО, го донеле 5-от пакет мерки за стопанството македонско?! Нејсе што тоа истото стопанство е одамна на колена, уште понејсе што парите што државата што ги дава одамна не се нејзини, најнејсе што државата што ги „дава“ ги дава под друго име, ама Зоче мора да испадне манга и неговата да биде „задња“. И, сега?

Сега, зарем некој нормален во Македонија (не во глупоштијата северна) го одобри овој крајно забеган, некрофилско-садистичко-послушничко-полтронски чин на пратениците на СДССС и ДОМ (најзелени, докажано) кои со идиотски скафандери влетаа во Парламентот, без никаква грижа за стотината колеги и стотиците вработени во него?

Колку треба да си забеган за да го направиш тоа, еден со амбулантно возило од Битола дури некој умира без него, друг демек со Голф 5-ка од дома, ама двацата во скафандер?!?! Ми наликуваа на прикаската за „Аполо 11“, онаа бајка кога Америте во 1969-та, демек слетаа на месечината. Евтина драма, особено што по 52 години тоа никој не го повтори. Нашиве исто така со глупава драмолетка го освоија собранието, башка исто во скафандери.

Само, нешто битно не им текна на недокваканите – алооо, со скафандер здравиот се заштитува од заразената околина, не и заболениот да ги штити здравите од себе!!! Арно ама, толку им сече. Факт. Ова е сефте изум, може и награда ќе добијат од Фондот за иновации? Сепак, очекувано, оти никој и не би очекувал нешто нормално и умно од овие иноватори, кои што поскоро, во скафандер или без него, мора да заминат од Влада…

Но по се‘ што бидна со прикаската „Живеј/владеј и остави ги другите да умрат“, макар и 48 години потоа, ве тера да се запрашате, по Даниел Крег – Зоран Заев да не го глуми следниот, најнов Џејмс Бонд??? Јок, нема. Од едноставна причина. Не оти нема поим англиски, не и дека не е црнец, ко што е најавата…

Ви текнува ли зошто ЗЗ никогаш не може да биде агент 007??? Не? Епа, Зочето муртинско не сака нули пред него, тој ги сака по него, по бројката. Да, Зоза со елан би бил агент 7.000.000, со ќеф и агент 7.000.000.000, а најрадо агент 7.000.000.000.000, ама 007, никогаш. Човечето има став. Не го црпнале од нива за да реди нули пред себе. Јок, нема шанси. Така го учеле, од малечок. Роден е за да ги реди нулите само и само зад него. И ги реди ли реди, докажано…

 

Коронавирус