понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 160
home Колумни

Влада во која магарињата летаат

Влада во која магарињата летаат

Го откривме рецептот по кој е стокмена оваа „нова“ влада. Ок, нова ко ланскиот снег, но цврсто конципирана на едно многу битно прашање. Гласи: „Лета ли магарето?“ Од одговорот  на ова „суптилно“ и толку тешко прашање за новите министри и премиер, зависела и нивната функционерска судбина. Резултатите ги знаеме, а РЕЗИЛ-татите ќе следуваат…

Процесот на иницијација за „новата“ влада бил мноогу едноставен. Се одвивал на екс Бихаќка. Таму, празна канцеларија, црпнатото диктаторче, најубавото магаре од Еразмо проектот на Димова и еден детектор за лага. Испитаниците и можеби идни министри влегувале еден по еден и го добивале судбоносното прашање: ЛЕТА ЛИ МАГАРЕТО?

ДА, значело дека сте нов министер. НЕ и летате од влада. Раца и Димитров „закукулено и замумулено“ пробале и да го излажат испитувачот, ама затоа тука бил детекторот за лага, кој запиштел, а црвеното светло блештело при нивното ДА. А Заев, тој не сакал да го лажат. Оти, влогот бил голем. Слобода се викал.

Сите останати минале на тестот. Таче, Славјанка и Бисера „прошле“ со десетка. Пустите навистина биле цврсто убедени дека магарето лета. Да, ЗЗ така им кажал. За Љупче, Бојанчо и Оли немало тест. Тие во стотина наврати на дело докажале дека слепо веруваат оти магарето лета, па и лупинзи дека прави. Биле послушен кадар со тапија. Зоки оком, тие скоком. Со години…

Албанскиот дел од паралелната влада го тестирал Артан Нежни. Таму, пак, иницијацијата не била со магариња, туку се оценувала преку уметноста на „летање орлиња“…

И така, изгласани со бедни и минимални 62-ца ајвани, од кои најербап испаднаа сателитите од ДС, ДОМ, ЛДП и Народна кои излажаа дека демек ја условувале владата, старо-новата направија стартуваше со нов северџански елан за нови национални порази.

Мислите дека случајно на вториот ден од нејзината креација во Скопје доаѓа Петков? Радев му го провери пулсот пред 10-на дена, редно е и тој да ги тестира Заевите послушници. Веројатно, не му верува на ЗЗ дека Тачевци се толку послушни и дека ќе „учинат“ се што муртинскиот господар ќе им нареди. Што е сигурно, сигурно е…

А, искрено, кој нормален и би му верувал на Зокија и на СДССС? Ах, да, им веруваат северџаните.

И сега? Епа сега, Зоче демек ќе се пензионира на некоја грчка плажа, Раца ќе си биде комшика со Шики во Маврово, Димитров ќе продолжи да кука од време на време, а шклопоцијата на Таче ќе продолжи таму каде што Заевци застанаа. Под будното око на креаторот, со ура и јуриш во нови национални зезалици и порази. Го обравме бостанот, пак.

Туку, со есцајгот и златните чинивчиња за Таче Антоанета, шу прајме?

Коронавирус