недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Колумни

Весела корона математика на СДССС во жална Македонија

Весела корона математика на СДССС во жална Македонија

 

Само 7 заболени од коронавирус во Македонија! Ваууууу!

Веста фингирана и смислена на екс Бихаќка одекна силно, демек, се е во ред, епа ајде веднаш да одиме на избори! Уште следната недела, 10 мај, ураааа! Епа, ајде една општонародна журка да направиме, да испозаразиме народ, исто ќе биде ко на избори да биле, што е разликата, нели…

Само 7, аха. А колку лица тестиравте? Па само 133 теста сторивте? Цццц, сиромави душички спинерски, па нели ви е срам?

Супер Венко и натаму одлично танцува со Заев-паша и компанија. Танцуваат, лажат за КОВИД 19, бонбона бизнис тераат и Гоце Делчев и историјата едновремено ни  ги продаваат. Вистински ознашки мултитаск. Факт е дека дилајлите влезени во филмот да одат на избори по секоја цена, донеле директива на екс Бихаќка. Од денеска мора да се наметнуваат розови очила, ама по секоја цена. Удбашки, пропагандни финти, башка евтини, исто ко авторите нивни…

Сега фатени во орото на Заев-паша, кој го води она кривото оро и лаже дека одлично танцува, ко што вози и мотор ко некоја баба, ќе муљаат наголемо дека се намалува бројот на новозаразени на дневна основа, само и само за да можат да превенираат избори по короната, кога ќе фати економската хаварија за која најзаслужни се владејачите ни неспособни…

Затоа, поради лошата математика во екот на коронавирусот и економските „мерки“ кои не фрлија на дното на Европа, докажано со бројки, СДССС  сега ќе замара со своја весела математика за новозаразени, за да како и да е, да се протне некако и да мине подобро на избори.

За нивна жал, очебијно е дека математиката не им оди. Процентот на заразени е тој па тој. Едно те исто, што би рекол Рамбо Амадеус. Тестирале 1000 луѓе или 50, бројката секогаш е идентична и се движи од 7 до 10 проценти.

Сметките им ги помати Драган Вучиќ, Бог да го прости. Во свој стил, и на заминување мораше да се пошегува и да замрси планови. Оти, не почина кој било, почина човек кој сите го знаеја, на 65 години, до вчера на терен со емисии. Ја зезна комуњарската пропаганда машинерија која се забрефта тврдејќи дека се било во ред. Лесна му земја на човечиштето, секогаш несмејано.

 

Велат дека кармата е кучка. Особено комуњарската била таква. Токму тие направија кариера со лажни вести, некрофилски користејќи смртни случаи, оној на малата Тамара, Младенов, Нешковски, децата од Смиљковско, милуваа да лажат со големи бројки од 600 илјади демек иселени, 500 илјади фантоми, украдени 6 милијарди евра, информации кои беа основа на нивната шарена дееволуција која од учесниците луѓе направи мајмуни, а државата која некогаш ја имавме дееволуираше во протекторат.

Сега, Фабриката од екс Бихакќа е пак пуштена на најјако, само ставиле во рикверц. Сега од црните вести ќе прават розови, ќе ги филуваат и бојат, за боење ги бива молерите шарени, докажано, нели. Па ќе намалуваат бројки на заразени, па ќе фингираат економски лоши резултати, ќе лажат за наводни датуми со ЕУ, ќе сушат за тоа како сме оделе напред, ќе кинат како го почитувале Делчев, ќе мајмуносуваат за нивната голема љубов кон јазикот и нацијата ни итн. до недоглед…

Алоо, „другари“, не је потценувајте интелигенцијата на сопствениот народ, не пие нафта. Не поради зголемената акциза. Не ви минуваат веќе прикаските, ама сфатете бре дека сега луѓе ќе умираат поради вашата потреба од политички спас и итни избори, свестете се, време е…

 

Велат дека и Никола Макијавели би се вцрвел од срам од потезите на Зоки и кооперацијата му сдссссссовска. Што било многу, премногу, било и за него. Неговиот „Владетел“ можел да им носи вода на нашите владејачи, со цистерни.

Чудесна, жална Македонија..

Коронавирус