недела, 1. октомври 2023. Вести денес: 67
home Колумни

„Вашата“ земја и нашата Македонија

„Вашата“ земја и нашата Македонија

Последниот подлизурковски исказ на сидросаниот шеф на државата само ми ја потврди „теоријата.“ Да, дефинитивно не се разбираме. Никако. Очебијно, ние сме од Марс, а тие се од Венера. Не жените, јок. Тие, оние биљмезите што се срамат да го кажат името на сопствената држава.

Да, дефинитивно се од Венера…

И така, додека Стево, за кого Делчев бил Бугарин, се пенавеше на доделувањето на наградите на „Браќа Манаки“ и тресеше патетика за некоја си „наша земја“, ми светна дека тој е во право. Ама „скроз“.

Од „мојата“ земја беше Столе Попов, режисерот по чиј феноменален говор, лукративците идиотски присутни молчеа со главчињата погнати надолу, оти се плашеа да ракоплескаат, душички напатени, за да не се замерат со врховниот им командант Пендаровски. Срам, ама голем…

Апсолутно се сложувам, подготвен сум и да потпишам со две раце. Не зборуваме за иста земја, ама ич. На страна што нивната е нивна, а ја нарекуваат „наша“. Јок, не ќе да е наша. Ваша е. Нека ме удават за демек  поделби, ама вистина си е вистина…

Во мојата земја, таа е земја на Македонците. Единствена. А тие, пак, така широкогради и неоптеретени живеат во мир и спокој со останатите народи. Од ќеф, не од интерес, не поради коалиции, гласови, власт, моќ, тендери, рекет…

„Вашата“ е антимакедонско-сороспијска, таму Македонците се последни од последните. Нација не ни имате, оти сте оперирани од такво чувство, а со другите шурувате од пуст интерес…

Мојата земја има историја. Во неа, Гоце, Даме, Свети Кирил и Методиј, Свети Наум и Климент, Јане, Пулески, Прличев, Александар, Ченто и плејада други национални икони се Македонци. И точка!

Во „вашата“, тие се Бугари, Срби, Југословени, Грци. Што ќе ви побараат. Без запирка. Оти немате рачна, достоинство уште помалку…

Мојата земја е и моја татковина, во која е гордост да бидеш патриот и да ја сакаш сопствената држава.

Во „вашата“ патриотизмот е проклетија и акт за исмевање. Во неа патриотите ги затворате. Во „вашата“, најуспешни се оние Едиповци со Електра комплекс, оние кои и ја еб.а мајката на сопствената татковина, стилски оксиморони на две нозе…

Во мојата земја, лидери на партии не се тепаат со шипки и боксирачи на улица, а за две прегазени и убиени лица не се добиваат две години условна…

Во „вашата“ земја, Кацарска и компанија колат и бесат само ако сте против „вашите“, дедовци добиват по 4 години затвор за тегнење Пелински, а убијци на деца-кошаркари саде 3 години казничка…

Во мојата земја, терористите од Диво Насеље и од Монструм се и ќе бидат терористи и убијци, таму не аздисуваат по дома наместо в затвор, туку тераат доживотен затвор.

Во „вашата“ паралелна димензија, истите убијци си уживкаат дома, а вие затворате патриоти и мајки на мали дечиња за да ширите апатија и да втерате страв в коски кај секој што ќе помисли да ве смени од фотелјите незаслужени…

Во мојата земја, соседите се соседи. Не можеме да ги избереме, па ги трпиме. Ама кога ќе аздисаат, им враќаме со иста мера.

Во „вашата“, коленичењето и бескичмењаштвото кон Бугарите, Грците и Албанците е прво и најважно на партискиот ви тест за подобност. Не бадијала и фацијално врхушката личи на стопанот им Заев…

Во мојата земја, имаме браќа и сестри и малцинство во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Горди и убави луѓе, Македонци.

Во „вашата“, тие не постојат. Ги избришавте од Грција и Бугарија, во Албанија ги дадовте на Бугарите, а Србија среќа што не ви ги побарала. Па вие сте толку „широкогради“ околу подарувањето Македонци, веднаш ќе им ги дадевте, без пардон. Или едно евро од човек кај Вицето и ваши се…

 

Не, МОЈАТА ЗЕМЈА не е вашата земја. Мојата си има име и презиме.

Мојата е МАКЕДОНИЈА.

Засекогаш!