вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 165
home Колумни

Вакцинација против Заевизација

Вакцинација против Заевизација

Ја знаете ли пародијата за антимакедонските социјалдемократски „политичари“? Не? Сепак, ја знаете. И трпите. А на неа се смее целиот свет. Тоа што е криминалната банда од „Алан Форд“ во светот на стрипот, тоа е и Зоран Заев и неговата владина банда во светот на политиката. Жива пародија на вистински политичари и дејствување. Има и разлика. Голема. Алан Форд е смешен. Заев е само трагикомичен. За Македонците. Смешен е за Бугарите, Грците, Србите, Албанците и „нашите“ социјалдемократи (читај сороспии)…

Знаете како почнуваат приказните? Си бил еднаш еден Зоки. Имал IQ 33, ама некој токму поради ниската висина на ај-кјуто и високата должина на затворската казна која си ја заслужувал со криминалите му, го црнал за извршител. Покорисен, здравје. Башка, немал ни трунка гордост, чест и достоинство. Национално чувство, пак, ни за лек. И така, благодарение на минатиот му „труд“ , сегашниот му дилајлизам и идната му загарантирана без’рбетност, ЗЗ станал фоторобот за антинационален слуга. Видкун Квислинг, Маршал Патен, Анте, Цар Борис и Дража можеле само да му донесат вода. Со цистерни. Да, и тие биле предавници, ама се грижеле за својата нација и си ја сакале, макар и така извитоперено, фашистички…

Зоки бил црпнат за „поголема“ цел, но контра својата нација, а го црпнале таков ко што си бил – недоветен, исполнителен кооперациски биљмез и тој учинувал ли учинувал. Со двете раце. А кога не можел? Е, тука секогаш бил Димитров. Ликови кои толку добро потпишувале, што секој „газда“ би ги посакал, такви парафери се немале родено. Никаде. Блазе си им на „газдите“ со такви љубимци, нели?

Е, сега, Зоки Муртинхаузен се фалел со бугарски вакцини. Демек по ветото, сега Бојко и Красимир пак ни биле „браќа“. А Екатерина од Татар Пазарџик сестра. Целувки летале на сите страни. Љубовта воскреснала, а Зоки заборавил дека глумел Македонец. Па и онака не му стоело, ама ич.

Оти толку многу биле способни Заевци, што тој и миленикот му домашен Филипчо успејале под итно да ги набават вакцините за спас на нацијата. Да, за „само“ осум-девет месеци од сега. Не е битно и ок е ако испоумреме до тогаш. Пелцовани саде седум-осум месеци по нормалниот свет…

И шу прајме сега, што би рекле шарените му идиоти кои го донесоа на власт? Епа, чеда од шарената дееволуција со која од луѓето направивте мајмуни, а од државата протекторат, сега сите – и вие што ги донесовте на власт и ние колатерaлните што четири години ви кажуваме дека се работи за неспособни дилајли и суруши без два грама мозок, ќе си чекаме колективен имунитет или ќе си умреме.

Та-даам, би рекол Чигаљ Макс пред  да падне од жицата…

Арно ама, тоа нема да го спречи Зокија да го благосиља брат му Бојко, демек ќе не спасел. Ко на Илинден 1903-та, ко секогаш. Со мало задоцнување, бугарска класика. Ко што не признаа ко територија без држава, народ и јазик во 1991-та, ко што ни дадоа тенкови Т-55 кои повеќе ќе ги чинеа да ги истопат. Ајте бре, сиктер таму. Брат за брат, историја, нација и јазик за датум за ЕУ. Добро што го имаме Трпе, може и ќе ги истрпиме Бугарите. Фер, ги трпиме со векови.

Ама, доста беше од трпење на „нашите“ биљмези. Крајно време е ги сместиме – дел во историјата која толку сакаат да ја сменат, дел во ќорка која со злодејанијата разни толку многу ја заслужија.

А потоа, бидејќи сме во шема и фаза на пелцување, под итно да ја вакцинираме екс Бихаќка. Пред летото кога демек доаѓа бугарската. Овојпат со вакцина против Заевизација, задолжителна, за да превенираме нова антинационална пандемија и инвазија на корисни дилајли. Парлалелно со една саглам дезинфекција, дезинсекција, дератизација и дезаевизација…

 

А како беше муабетот за правдата и нејзината рака?

Да, спора е, ама да се крстиме дека е побрза од бугарските вакцини…

Коронавирус