недела, 31. мај 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Уставобранителот Заев и неговото право

Уставобранителот Заев и неговото право

Барон Муртинхаузен сам ќе си одел на избори. На 21 јуни, лето Господово 2020-то. И точка… А знаете ли зошто? Оти така налагал Уставот? Уууууууууу, јако, трогателно, срцепарателно, паднавте во несвест, ве убеди Зоки во моментот нели? Чек, чек, чек, зборуваме за Уставот ли?

Ајде, ние и може да зборуваме, ама за Устав и неговата светост да зборува човечуљакот кој му ја е.а мајката на истиот, кој скоро три години го користи ко тоалетна хартија, е тоа не оди, ама ич.

Кх, кх, кх. Ви текнува ли УСТАВОБРАНИТЕЛОТ ЗАЕВ? За истиот Устав ли говориме? Па не сме златни рипки, нели.

Зборуваме за чедото црпнато кое неуставно оформи влада, вон деловникот и без потребно мнозинство, со интонирање албанска химна ко интро на „дешавката.“

Зборуваме за Зокија, кој без да го праша народот и Уставот потпиша преспанска капитулација, па после ја претстави како свршен чин за изјаснување стокмен.

Зборуваме за Заев кој измисли консултативен референдум за промена на светото име, па после и излажа дека бил успешен и оти храбрите (читај опортунистите) излегле и гласале, а громогласното НЕ на народот не го ни зеде предвид.

Зборуваме за „премиерот“ кој со уцени, закани со затвори и СЈО и Кацарска компани го смени истиот тој Устав за да смени име, арно ама – му беше премалку, па му смени и преамбула.

Зборуваме за бисерџијата Зоки кој донесе двојазичност не почитувајќи ни Устав, ни Венецијанска комисија…

Зборуваме за лидерот на СДСМ кој сега демек се буни поради одложување избори, а во 2016-та два пати неаргументирано ги одложуваше,  за да измајмуниса 49 пратеници, со кои пак и пак не победи, а сите ѓурултии кои седуваа ги направи…

Е сега, на истиот тој Зоран Заев, Уставот му бил „светиња“? Па морал да се почитува, морало да се оди по него, морало да се оди на избори во јуни, па правник стана и со 60 дена по вонредна состојба мафта, те измислува втори бранови корона во септември, па бранел народ и за неговото здравје мислел?! Оти морало???

 

Јок, чедо црпнато, мора само да се умре, ама не мора заразен од од корона поради твоите преуранети избори и фактот што ти гори под ноџињата, скусени до максимум од толку многу лажење, башка крадење… А да, и пак крадење, па тендери, бонбона бизниси…

Да, знаете која е разликата меѓу грчка и македонска трагедија?

Грчката трагедија е базирана на МИТОви, а нашата на МИТО и КОРУПЦИЈА…

Коронавирус