понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Удбашки СДСССС лов на вештерки и медиуми

Удбашки СДСССС лов на вештерки и медиуми

„Вук длаку мења, али ќуд никада“, велат северните соседи на една прекрасна земја која други демек прозападни дилајли со источњачки манири на владеење толку многу чезнеат да ја посеверњачат. Поговорката е намерно на српски, оти оние на кои е адресирана се директни атавизми на комунистичката партија, чии методи, простории и имот и ден-денеска го користат. На таа пара, срамота, нели…

Е таа иста ексудбашка партија, која всушност е акционерско друштво за вработување, местење тендери и продавање пуфки и  демагогија и која последниве години ја прошири својата дејност со јавен рекет (порано тоа барем тајно го правеа), повторно покажа дека ништо не се менува во државата екс Бихаќка. А таму одамна да ти смрдело, мирисање е преблаг збор за антинационалната реа која се шири. Ви текнува на споредбата на влада со дигестивен систем – кога работи добро, никој не ја ни чуствува дека постои. А акционерското друштво СДСССССС годиниве дополнителни „солени“ приходи оствари преку продажбата на националната историја, устав и име, кои меѓу другото, им беа и алатка за да останат на власт, пуста желба која никако да ја остварат без скаламуции и измами.

И така, СДССССС никако да си простат што нивните предци не раскрстиле за век и веков со македонштината во земјава. Да, „најубавата“ приказна (не од браќата Грим туку од браќата Заеви) која му ја кажувале на подмладокот од СДММ пред спиење била за тоа како на Голи Оток исчезнал и последниот патриот од Македонија. Ех, хепи енд удбашки…

Е сега, во манир на мантрата на нивниот бестрашен црпнат лидер, СДСССС пак удрија по неподобните новинари. Припомнете си само како ко опозиционер неподобните медиуми јавно ги прогласи за НАЈГОЛЕМИ НЕПРИЈАТЕЛИ. А навика си е навика и кога си на власт….

Оти,  познато е дека ако не пишуваш и кажуваш убо за нив, тогаш си бележан за непријател. Експресно. Точка. Веднаш те сместуваат во НЕМИЕНИТЕ, за нивна жал МОЗОЧНО.

Замисли само, партијата која декларативно толку многу се залага за слобода на медиумите излегува на прес-конференција и лиферува фејк информации за наводни финасирања на опозициски медиуми, редејќи имиња? Фалеше уште и новинарите да ги набројат и јавно да ги линчуваат. Не ме чуди. Па кога можеа нивните слепи следбеници Давидова ѕвезда на првата министерка Еврејка да и стават, чуму да не можат и јавно новинари да жигосуваат. Па не им одговараат де, не се нивни „професионални, објективни и непристрасни“, затоа што такви станувате само ако сте про нив. Онака, МИЕНИ, ама МОЗОЧНО, нели…

Урнекот е одамна поставен како пример за дејствување на идните постудбашки генерации. Го постави лично гаферскиот им лидер кој јавно наброја дузина медиуми и ги прогласи за најголеми непријатели?! А невладините тогаш премолчеа, оти Зоки им требаше да дојде на власт за да тие станат владини советници. Вајстина е.

Верувале или не, но чедата опортунистички возљубени во власта, моќта и парите (несветото тројство на СДСССС) сега кукаат дека некој од странство финансирал македонски медиуми?!

Уууууу, страшно, бррррррр! Не наежија сиротите душички, гарант л’цнале на помислата дека парите не завршиле во нивните џебови. Сигурно и три страни во прикаската консултиравте, „оче наш“ во новинарството. Да – Зоки, Вице и Трајче. Професионално, гарант…

Зборуваме за истите оние дилајли чии медиуми и НВО-а добија неброени милиони евра од потаткото им Сорос и кои со децении молзат странски амбасади и какви ли не фондови, а  сега влегоа во конкретна хејтерска офанзива и користат „случајни“ придобивки од  т.н. „истражувачко“ новинарство од едни те исти просоросоидни медиуми. Сите добро знаеме кој и со каква задача го терал тоа истражувачко новинарство, гарант и награда му се спрема од „новинарските“ институции во Македонија, да се кладиме?

Аферим, „врло промуќурно“, толку слободарски и демократски пак си ги жигосавте неподобните медиуми и новинари, секоја чест. Фер, тешко е да со одвикнеш од пороците, а вам ни Бети Форд не ви помага…

Дај, не мачете се, оформете удбашки ПРЕКИ суд и завршете си работа, греота е вака да ве гледаме напатени и тажни што сите медиуми вашата прикаска не ја лиферуваат. Не е фер што покажуваат јавно дека сте тотално голи. И боси…

Средете си ги работите дури се’ уште си ги имате омилените играчки Кацарска судство и Рускоска обинителството. Јовески башка. Едноставно е, треба само техничкиот премеир Гуливер да им се јави на Лилипутанците од судско-обвинителската спрега и ќе си завршите работа. Ако не знае, иако тешко, нека му се јави на лидерот Зоки, кој јавно си призна дека знаел како тоа се прави, само што излажа дека не практикувал такво забрзување на процесите.

Иако, така ќе си ги измачите мултитаск судско-обвинителските Лилипутанци покорни, кои сега треба и „организаторите“ на вашата местенка од 27 април да ги „средат“. А вистински организатори на местенката да сте биле вие, а? Онака, предизборно да ви учинат, за да ви дадат ветер во едра и да ги потсетат граѓаните за „режимот“ наводен врз кој кампања ќе градите. Башка, сега дознавме чуму бил тој непрокопсаниот марш кога чекоревте за правда. Да ги мотивирате, да забрзаат малу „независните“ судии. Ту, ту, ќе мораат прекувремено да работат душичките, да не вратат во „режимот“. Реминисценции на „дарк-ејџес“, времето кога медиумите беа под силен притисок на власта, а сега кога ве фалат и милуваат толку слободарски си живеат. „Црни“ времиња кога рекламите владини беа мито, а сегашните јавни субвенции на медиуми се помош за истите?! Абе ајде, сменете лента…

А Гуливер и Рада, за промена беа во право, за првпат можеби и невообичаено искрени.

Да, признаа оти не очекува најгрдата кампања во историјата на Македонија, кои тие ја викаат „државата.“ Арно, барем да не ја спомнуваат онаа страна контра јужната.

Проблемот во нивната искреност е што тие ќе ја направат така грда, во тоа не се сомневајте. Гледаме по стартот со медиумите и судските лудории за 27 април.

Несомнено, следува новокомпониран, а толку стар лов на вештерки и медиуми. Ни најмал сомнеж немајте дека ќе имаме грда кампања, оти апартчиците поинаку и не знаат. Спомнете си само за лажните, некрофилски вести за малата Тамара, за Мартин Нешковски, за Никола Младенов, за егзекутираните деца и масакрот кај Смиљковското Езеро. Во комбинација со оној што тера се’ у Тричку материну и оној Дерала што нон-стоп неартикулирано се издерава по колумни, сликата е целосна, нели…

Списокот е очајно долг, а меморијата на златна рипка кај корисните идиоти уште поочајно пократка, па гарант пак ќе се обидат со проверениот рецепт и комбиниран удбашко-гебелсов зачин на пласирање лажни вести. Знаете, оние идиотштини со големите бројки –  500.000 фантоми, 600.000 раселени, 6 милијарди евра украдени итн. итн. итн…

Прикаската за ГОЛЕМАТА ЛАГА не сопира, а очајните властодршци на кои влогот им е губење на власта, моќта и најважно – слободата, ќе дадат се од себе, а „професионалните“ новинари ќе мораат да се надминат себеси за да им учинат на спонзорите.

Ако можете, од хигиенски причини, игнорирајте ги.

Исклучете се, оти ќе се изнаслушате купишта повраќаници, лаги и неминовно, некрофилија. Пустите од идолот им Фрле чуле дека repetitio est mater studorium, си врзале во крпче, па повторуваат ли повторуваат. Понављачи ко понављачи де…

А „државата“, која по нивното катастрофално владеење на секое можно поле, треба да се поврати во вистинска држава, во Македонија, е во очекување на повторување на шареноликите им дејанија по 12-ти април.

Јес, навежбани се за глупоштии во опозиција, башка што одлично им прилега.

Имам чудно чувство дека овојпат, нивниот страв е дека по 12-ти во ловот на вештерки и медиуми, како нус-ефект ќе се улови и еден црпнат полиглотски капиталец и дел од неговата свита…

Врховниот им командант Зоки хајката против медиумите со директни прозивки и квалификации за НАЈГОЛЕМИ НЕПРИЈАТЕЛИ ја започна во опозиција. Интересно е што и владеењето го завршуваат со нова, а толку иста антимедиумска хајка.

Она, кога крајот неделото го гнаси…

Коронавирус