понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Турска серија со македонски актери-министри во режија на Коста Петров

Турска серија со македонски актери-министри во режија на Коста Петров

Мила Царовска, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска одговараа на „30 кратки прашања“ смислени од нивниот партиски потпретседател и главен ПР експерт.

Амерички стил, а овие министриве влезени во некој филм, мислиш Доналд Трамп се. Онака демек спонтани одговараат на прашања, онака ко од пушка, демек се во моментот им доаѓа да одговорат.

Другари проѕирно е, сечено, лепено и монтирано!

На екс министерката Царовска омилен филм и бил „Џокер“, па добро бе екс министерке три месеци стар филм одма ви стана омилен, а кажуваш дека со Клара Цеткин би одела на кафе, дај ти се молам, можевте со Коста да смислите нешто друго.

А сегашниот ни технички премиер, екс министер за внатрешни мислиш секој ден ракомет игра во дворот на МВР па на бирото си има ракометна топка, проѕирно е Оливер, со Коста друго требаше да смислите.

И најтазе, од петокот, Шекеринска, министерката за одбрана, излегува од канцеларија и се поздравува со војникот, не го прави ова секој ден верувајте ама за филм е па мора сега малку глума, Доналд Трамп – стил. Ама Доналд Трамп е претседател на САД, а далеку сме ние од САД.

На САД и не му штети малку шоу, ама нам? Нам не ние до шоу, ниту пак до вакви петпарачки филмови, доволно турски серии има по телевизиите уште една ама од ваков калибар стварно не ни треба.

Народов не го интересира кој ви е омилен актер или филм, а најмалку со кого би пиеле кафе. Не го интересира што би правеле доколку не сте министри, од 12 април ќе може да правите што сакате, затоа што нема да бидете повеќе министри.

ПС: После 12 април може да пиете кафе со кого сакате, да гледате филмови и верувајте никого не го интересира што ќе правите.

 

Ристе Здравков

Коронавирус