вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Колумни

Тури ѝ пепел на правдата       

Тури ѝ пепел на правдата       

 Тури  ѝ пепел на правдата, кога порпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прес – конференција, во име на Владата изјавува дека одлуката за определување на 30 дневен притвор за осумничената Моника Ристевска бил  престрог во однос на стореното дело. Владата, како за сите други прашања така и за ова, била отворена за дискусија со сите заинтересирани страни, нагласил Бошњаковски.

Ова изјава на портпаролот на Владата преставува директво мешање на извршната во судската власт и преставува срамно признание за тоа кој е годподар на судството. Тоа е без сомнение Зоран Заев, кој судството го стави во ропски однос и дирекно владее со судската власт. Врз основа на која Уставна или законска одреда Владата оценува судска одлука? Владата не е врховен судски орган и нема надлежност да оценува дали определениот притвор за кривичното дело на осумничената е престрог или не? За тоа има повисоки судски инстанци кои се надлежни да одлучуваат по поднесени правни средства.

За каква дискусија Владата е отворена за законски поведена кривична судска постапка и за определена законска мерка притвор? Владата не може и не смее да се меша за донесена конкретна судска одлука и во работата на судската власт. Многу е очигледно дека Зоран Заев и СДСМ се ставаат во положба на апсолутни господари.

За време на тоа владеењето на ова ненародна власт, за околу  една и пол година го урнисаа правниот систем во Република Македонија. Судскиот систем го третираат како нивна неприкосновена сопственост и го ставија во функција на политичка пресметка со носители на функции на предходната Влада со невиден реваншизам и конструирани случаи на политичлки прогон. Ова е крајно мизерен однос и безобразлук со огромни штетни последици.

Тури  ѝ пепел на правната држава, на правдата и правото, кога СЈО е политички инструмент и испостава на СДСМ, а Катица Јанева темпиран покорен извршител на нивните наредби за вршење на притисоци и закани.  Покренување на 6 нови истраги за на првиот ден од расправата за уставните амандмани за промена на Уставот има политичка, а не правна цел, бидејки таа нема законско право да наредува и спроведува истраги и да поднесува обвиненија.

Тури и пепел на правдата и правото, кога Катица Јанева и обвинува и пресудува, и одмерува казни и определува кога тие казни ќе се извршат, кога поименично посочува и ги прави нечесни и некадарни претседатели на судови од највисок ранг и преставници на судски инстируции! Катица Јанева во дебатна емисија подржана од странска организација која претедндира да ја говори вистината, на општо задоволство на водителката, јавно објави дека поранешниот претседател на Владата ќе биде осуден на 25 години затвор!?. Веќе стана правило обвинителка од СЈО јавно грубо да навредува и омаловажува обвинети, понижувајки ги и непочитувајки го нивното чевечко достоинство и правото на презумпција на невиност, без судска заштита на обвинетите од такви груби напади и навреди.

Реваншизмот, заплашувањето и уцената се единствените мотиви за кривично  гонење. Се постапува сурово и нечоевечки, се изрекуваат ригорозни казни за непостоечки кривични дела и се рушат основните човекови права и слободи.

Ова тортура ќе престане кога народот ќе ја земе судбината во свои раце. Тоа се  наредните вонредни парламентарни избори на кои ова ненародна, предавничка и корумпирана власт ќе се соочи со народот. Народот покажа на одржаниот референдум дека не подржува лажливци, предавници и криминалци. Тоа уште повеќе ќе го покаже на наредните предвремените парламентарни избоди.

Михајло Маневски