недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 60
home Колумни

Тројка за две ч’рвени…

Тројка за две ч’рвени…

Зоки Корисниот се нашол на мака. Голема. Страшно се зезнал со мега-биљмеското интервју за БГНЕС. Не само што не допрел до брат му Бојко и сестра му Захариева, туку наапал 4/5 Македонија и 2/3 СДССС, башка БЦ. Олелее, залелелкал ЗЗ на Илинденска бр.2 и почнал да си ја траска главата. Му требал итен спас, некој да го извади од гомнениците во кои се давел, некој да го црпне, нели. Арно ама, ридот се занимавал со внатрешни проблеми и промена на власт, нови прецедници ли. Таксират муртински, голем…

А, фотороботот на „спасителот“ да ти бил мнооогу едноставен. Прво, требало да има криминално милје за да лесно се држи на узда и за да биде ултра послушен и исполнителен. Зоки тоа го знаел по себе…

Второ, требало да биде некој кој е контра Бранко Папата, комуњарска икона која на Зокија му улетала со „пуна“ и му го раздрмала кредибилитетот, кој реално и онака го немал на Екс Бихаќка. Значи, требало да биде за внатрешна употреба и од старата СДСССовска банда.

Трето, требало да биде и за „спољна“ употреба и да е поврзан со Бугарија. Да, му требал асли бугараш, вљубеник во Софија, а ако има и некоја научна титула, бугарски тенкови, делови ли, плус за него…

Мислел, мислел, мислел, ама пустото, не се домислувало. Толку му сечело, т’канди. Па пак се мачел, се обидел да резонира, ама џабе, не знаел како се прави таа „глупоштија“. Сега на 46 години сефте сивоќелијско да прави, доцна било. И тамам се мислел да се откаже од она што никогаш не го правел, луксузот наречен мислење, кога една Рада Пелинска му шепнала на увце: Бууууууучко, Бууууууле, Бууууки…

ЕУРЕКА! Свикал озарен Зоки, несвесен дека тоа не бил логичен процес на инкубација, туку суфлирање на Раца бомбона-бизнисменката. Како и да е, „решењето“ било фантастично. Прво, на субјектот на плеќи му тежел криминал од 2 милиони евра за преплатени тенковски делови, второ седма година по ред бил контра Бранко и трето, Бугарија му била љубов голема. Џек-пот, а?

Три муви со еден удар, викнал храбриот кројач на туѓа судбина Зоки, кој сосема случајно, добил прва аболиција за „Глобал“ во истата таа 2008-ма година, летото Господово во кое Бучко ја добил првата, ама јалова пресуда за деловите му тенковски. Случајно, а? Епа, имале и друга историја. Бучко го осудиле уште еднаш, 5 години потоа, а Зоки за неколку години „кркнал“ уште две аболиции, за „Пуч“ и за „Поткуп“. Добро, 3:2 за Зокита било, ама ниту тој ниту Буки не биле во ќорка, т.е. биле на коњ…

Така, незатворените робијаши се гушнале и влегле во инстат пакт со новокомпонованиот им побратим Љубчо, сиромавиот богаташ. Башка, докажан бугарофил,ама скроз. Имале и заеднички уплав, двоен. Сите тројца имале страшен комплекс на „нижа“ вредност од БЦ, а страв во коски од Грујо, кој за малку сите ќе ги затворел.

Така гушнати, ова трио фантастико ги грабнало в раце торбите полни со национални светии, па подмачкани со „Каменица“ и со полно грло „Минаха години“ се упатиле орно кон софијско Илиенци, каде Бојко, Красимир и Гергана ги чекале за трговска размена во натура со бајат датум и тазе скриени 138 нови блокади на патот кон Брисел…

Домаќините, оти биле стара школа, спремиле и шест вкупно, т.е. по две чрвени за секој од тројката. По куса размисла, сепак, си ги вратиле в џеб.

Им текнало, дека едно се ороспии, друго проститутки.

Вторите, не давале гратис. Башка што си имале и цена, имале и поголема чест, достоинство и гордост…

Коронавирус