вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 107
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Танц по нервите на муртинскиот полиглот

Танц по нервите на муртинскиот полиглот

Велат дека танцот е уметност на тргање на вашето стапало, пред соиграчот да ве нагази по истото.

Е, тука Заев е во право, одлично танцува и секогаш успева да се трне т.е. да се спаси од нагазнување. Мајстор е за избегнување, небаре Нео во Матрикс како избегнува куршуми го гледате. А матрицата, дефинитивно е таа – дали тоа бил затвор за Глобал, дали за Поткуп, за Пуч ли, тој секогаш бега и танцува со законот и државата, ама одлично.

Да, одлично бега и избегнува и избори. Како опозиција успеа да „истанцува“ дури три пати и да избега од изборите, сега како власт го „спаси“ од избори короната, колку и да звучи језиво. ГРОМОЗОРНО, што би рекол танцувачот Заев…

Тајната на успехот на муринскиот танчар во минатото беше црпнатоста. Прво го црпнале од нива комуњарите, за да талентот му црпнат потоа го искористат други протежеа и да го насочуваат и поддржуваат во танцувањето му антинационално. Знаете, најверојатно затоа танцувајќи на политичката сцена наликува на 95-годишна бабичка која игра со помошно средство за движење.

Фер, од негова и СДССС перспектива, тој минатите години одлично „истанцува“, без проблем и со насмевка продавајќи ги во играта националните ни интереси и светии.

Сега, Барон Муртинхаузен, до вчера познат само по лагата, црните бисери и антинационалние му дејанија си додаде уште еден епитет и официјално стана самобендисан играч, танчериште невидено, затанцувајќи, ни помалку ни повеќе, туку со КОРОНАВИРУСОТ?!

Ууууу, да не го знаевме ќе помислевте дека е храбар, иако многумина лажната храброС ја дефинираат како немање мозок. Во случајов патолошки, ќе да е ова второто, дефинитивно…

Како поинаку да објасните лидер на владејачка партија, премиер и претседател во сенка (кој и не е така во сенка, туку отворено ги команда своите марионети на Водно и на Илинденска) кој додека наши сограѓани умираат по државата насмејан се фали дека добро танцувале со короната?!

Ајде, ве молам, објаснете им го добриот танц на Заев на семејствата на починатите, на критичните, па и на околу четири стотини заразени?!

Не може и не смее да се вади на познатиот му дилајлизам. Јок. Сега дефинитивно не е време за глупирање, макар бил и Заев. Ѓаволот одамна ја однесе шегата со КОВИД -19, со тоа одземајќи им го на сите, особено на политичарите кои ја водат државата, правото да бидат кловнови и да изиграваат шушумиги .

Во време на корона и во вакви битни, најбитни моменти за животот на граѓаните, тресењето зелени е строго забрането, а кога ќе видите морално, културолошки и едукативно разголен шапшал кој изигрува палјачо, а истовремено ви ја води  джавата, тоа едноставно не помага. И вие треба да спиете мирно, со доверба дека тој истиот ќе ви ја води државата како што треба и ќе направи се’ за неа и за вашето семејство? Тешко…

Можеби треба со еден јавен апел, Зоки да се тргне од екраните и  да ги сочува своите лидерски стенд-ап комедии и „врвни“ полиглотски способности за некои подобри времиња, кога короната нема да ни виси над главата. За доброто на сите, иако, на некого и ќе му недостигаат црните бисери од неговата непресушна, црпната ризница.

Сепак, во секоја глупост има и нешто добро. Танцот и самобендисаната изјава дека е добар танчер разјасни некои работи и многу ни помогна. Фала ЗЗ, што не освести.

Велат дека дел од убавината и задоволството на танцот е конверзацијата, но проблем е што некои луѓе не знаат и не можат да играат и да зборуваат во исто време.  Ви текнува?

Ахаааа, ете кај лежел ЗАЈАКОТ…

По толку време, благодарение на небулозното признание за танцот му со короната, сфативме зошто Зоки постојано тресе зелени и на ангро и без исав плеска црни бисери. Не било дека е дилајла, ниту недоквакан. Јок. Се оправда. Многу танцува, нон-стоп, 24/7 денса, па затоа и не може човечето истовремено и да танцува и да зборува. Нејсе што чинам дека не е способен ни едното едновремено да го прави…

Затоа, да не ве чуди што чекан на англиски е ЧЕКИЧ, човекот додека „тресеше“ си ДАНСУВАШЕ по навика (танц бил ДАНС си рече).

Она, кога ДАНСУВАЈЌИ ќе се самопотепате со ЧЕКИЧОТ…

Коронавирус