сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Колумни

Таксират: По Уставот, Заев ќе го„АМАНДМАНИРА“ и договорот со Бугарија

Таксират: По Уставот, Заев ќе го„АМАНДМАНИРА“ и договорот со Бугарија

Еурека!

Извикаа Македонците откако дознаа дека „милиот“ им премиер ќе го менува договорот со уште „помилата“ им Бугарија. Добро, не сите, оние севоероидните сороспии возљубени во лукративните сказни за опортунистичи „загарантованата“ им иднина спиеја, мирно, ко и секогаш…

Тој, пак, пустиот, црпнат од „роѓење“, не додржа и мораше да признае дека распродажбата на националните светии и на македонската гордост и достоинство не е завршена. Сега ќе одела преку амандмани во максимално подлизурковскиот Договор, ама продажба си е продажба. Со нив на власт, никогаш и нема да заврши. Вајстина е, докажано. Проверено, што би рекол пуленот им Пенов…

Прво, да не се лажеме дека промената на клетиот договор ќе биде во корист на Македонците. Тоа, со Заев и бизнис компанијата му од екс Бихаќка, не било и нема да биде. Факт. Исто така проверен и докажан. Ако, пак, притоа се удри в гради или заколне во што било од фамилија, сме го „јале“, ама скроз…

Второ, да не се лажеме или залажуваме, слугата Зоки возљубен во новото бугарско амандманско право и во моментов, во минатото и во иднина (ако остане таму каде што е) ќе тргува и ќе се пазари за себе и со Бугарите, и со Грците, Албанците, Србите, Азербејџанците, Ескимите, Абориџините и  со Марсовците… Кој и да му побара. Но тоа е за себе, за ништо друго, за никој друг. Башка, тој како мачка во вреќа (поверојатно зајак) не избира средства и начини и се пазари за себе и својата иднина, која и нема да биде така светла на местото кое природно му следува, а уште поприродно му припаѓа. Таму, во таа природна средина за ликови од негов црпнат тип, било темничко и малу позатворено, ко затворениот тип на установите чиј дел бил и неговиот простор од 10-12 квадрата. Башка дневната прошетка, добро де…

Трето, ама ич да не се лажеме, можете само да ја замислите инвентивноста и оправданата забеганост на бугарските му „партнери“ во љубовната им прикаска, наследници на фашистичките им предци, кои сега нашле па зашле, па поведени од податноста на инфантилниот партнер кој не знае да каже НЕ, најверојатно нема ни да ја пропуштат можноста за остварување на своите луцидни национал-шовинистички фантазии. Аха, да, екс фашистички, оти сега биле друг народ. Фер. Друг народ со иста пуста и неостварена желба за Македонија, т’канди. Да, повеќе садо отколку мазо фантазиии, дефинитивно. Оти, нашите сороспии се повеќе љубители и милуватели на ова второто…

И додека од умот ја бркате следствената, грда слика на домината Бојко во латекс, кожа и камшик во раката, наспрема мазохистички податливите Зоки и Стево, не заборавајте дека ова не е само еден лош, црпнат филм. Јок, ова не е евтина прикаска на Тарантино, дефинитивно не е е лоша и неемитувана епизода на Монти Пајтон ниту утната и поради тоа никогаш непечатена серија на Алан Форд. Јок…

За наша жал, ова е новата македонска реалност, која благодарение на една дузина корисни идиоти ја живееме веќе четврта година. Не е баш за фалење, нели…

Ова не е лош филм или грд сон од кој кога ќе се разбудите се’ ќе си биде на свое место, а единствена мака ќе ви биде потта од кошмарот и згужваниот ви чаршав. Не, по ноќната мора нема да ве следи само лошата заебанција и пропратниот потсмев на хетеро партнерот/ката за крикот со кој сте се разбудиле и лошата фризура во моментот, чин пропратен со утешителна гушка и чаша вода за смирување. Јок, ама скроз…

По будењето, последиците ќе бидат многукратно пострашни и потешки, оти некој ќе треба да ги оправа работите кои некој толку сурушки ги „средил“ ли, продал ли, заебал ли… А тоа нема да биде лесно.

Ќе требаат години тешка работа, ѓоамити аргатска, за да се оправи штетата создадена од неолибералните комуњарски корисни идиоти и полтронско-подлизурковските зделки на дотичните.

Ту-ту, па со добра волја, малку мускули, македонска песна и чиста мисла, тоа нема да биде тешко. Ама ич…

Тоа не не’ плаши, напротив, ќе ни биде ќеф.

Повеќе ме плаши нешто друго, нешто што треба да се случи, а никако да бидне. Се вика обединување, кое поради роварењето на гломазната и добро платена пропагандна машинерија на истите тие корисни идиоти возљубени во поделбата на противникот, никако да бидне, а мора. А без тоа не бива, таксират.

Престанок на обвинувањата и поделбата во таборот кој ги дели истите вредности, ставови и животни начела. Луѓето кои се согласни и едногласни околу важноста на честа, семејството, патриотизмот, гордоста, македонштината, актуелното обесчествување, уривањето на достоинството и руинирањето на татковината.  А ги има толку многу, толку мнооогу убави луѓе.

Сите согласни околу  едно, околу МАКЕДОНИЈА и насушната потреба од неа.

А се сеќавам, кога Зоки најави дека ќе го АМАНДМАНИРА уставот, еден од многуте му гафови, муртински неологизам кој не испадна баш смешен и по кој следуваше промена на Уставот, Преамбулата и Уставното име на државата. Сега вљубеникот во АМАНДМАНИРАЊЕ (читај премостување, заобиколување) ќе го АМАНДМАНИРА и онака антимакедонскиот договор со Бугарија.

На крај, ќе ни ја АМАНДМАНИРА  и нацијата. И јазикот.

Дефинитивно, крајно време е за ОБЕДИНУВАЊЕ на мозочно НЕМИЕНИТЕ, поведени од насушната потреба да го АМАНДМАНИРААТ Зокија од насоченоста му кон уништување на македонското ткиво.

Епа, ајде да го АМАНДМАНИРАМЕ од Македонија…

Коронавирус