сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 31
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Колумни

Таксират на врхушката: Наместо на избори, во карантин…

Таксират на врхушката: Наместо на избори, во карантин…

Внимавајте што посакувате (Careful What You Wish For)… Вака вели една стара поговорка со англосаксонско потекло. Овојпат, се обистини во Македонија. По онаа нашата старата, кој на друг му копа… Она, кога некој нема скрупули и исав, па немал проблем да испозарази цела држава, ама наместо на избори завршил во карантин. Грдо, но вистинито, нели. Да, кармата е кучка.  Дефинитивно…

И да не се лажеме и правиме малоумни или добри Самариќани. Ова што во моментот се случува со врхушката на СДССС си го бараа самите. Со боринче. Не е убаво и не би му го посакал никому, но фактите се факти, а пред нив наводно и боговите молчат, нели. Ама тоа не важаше и не важи за самозамислените божества од екс Бихаќка кои повеќе претпочитаат да испаднат будали отколку да испаднат од фотелјите на Илинденска бр.2.

Не би се зачудил ако преку тоа чиповите им вградиле и чувство дека се отпорни на корона. Супермен до супермен, ѓоамити Филипче, оној суперјунакот што демек го победи коронавирусот. Ах, да и по некоаја супервуман. Па ви текнува ли дека донесоа и владин декрет со кој нивните функционери беа единствените во државата кои не мораа да одат во карантин по враќање од странство. Абе, кој од кој посупермен, надлуѓе, Ниче да падне во несвест…

Епа, од тој клет самобендис, паднаа на ова дереџе, тоа е факт. Додека цела држава се чудеше кој мој ги удри во глава и со кој мозок (читај без) запнаа за избори додека луѓе умираат и се заразуваат, тие удираа со главата во ѕидот, убедени дека ќе го срушат. Ама не било така…

Им посакувам брзо опоравување, какви и да се и кој и да се, ама „другари“, многу ја утнавте бре. Ама скроз. Пред две недели прашував – Да не избрзавте малку? Не малку, избрзавте многу.

Онаа народната вели – Брза кучка, слепи кучиња раѓа. Контекстот е друг, ама вистината е дека брзата кучка раѓа брзи кучиња. Генетика нели. Другата вистина е дека сите се раѓаат слепи, па полека зависно од расата прогледуваат.

Вие, пак, пустите, сакавте брзи, инстант избори среде корона. Инстант корона добивте, а ја добија и многу невини граѓани на која сигурно им ја сервиравте со тоа летоците недоквакани.

Кој парадокс – да му пренесеш на некого корона со лист на кој тврдиш дека си ја победил истата?! Страшно, ужасно. Нечовечки, нели.

Епа, нечовеци што се сметавте за надчовеци, малу во Стојаноандовски стил, нешто многу ме интересира:

Сега, откако се испозаразивте (со помин нека е) ќе ви дојде ли умот или пак ќе притискате за избори?

Ќе признаете ли, конечно и за промена, дека згрешивте, ја утнавте скроз,  ама мнооогу?

Ќе им се извините ли на граѓаните за глупоштините, макијавелизмот и бескруплозноста со која тргнавте на самоубиствени избори?

Искрено и за жал, не ми се верува. Не сте вие тој ков. Веќе сте заразени со СЕВИД-19 (СЕВерна ИДиотштина реализирана 2019-та), сега дел имате и КОВИД-19, со кој без проблем ќе го заразевте народов, само и само поради помал изборен пораз.

Од КОВИД-19 ќе се излечите, не се сомневам и ви посакувам брзо опоравување.

А од вирусот СЕВИД-19 ќе ве излечи народот, на избори. Ама не во време на корона…

Парламентарни избори 2020