среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 67
home Колумни

СВЕТСКИ СУДСКИ СРАМ НА КАЦАРСКА

СВЕТСКИ СУДСКИ СРАМ НА КАЦАРСКА

Срамен Гинисов(светски) рекорд на Кацарска на 1055 страни

Конечно, се случи и тоа: Вчера, петок 21 јуни 2019 година во 10:30 часот ја добив пресудата КОК – 40/18 од 15 март 2019 година, донесена од судијката Добрила Кацарска, ВО ИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во врска со настаните од 27 април 2017 година, со која 16(шеснаесет) Македонци се прогласени за виновни и се осудени со драконски казни од 7 до 18 години казна затвор(за 16 обвинети вкупно 21 години затвор), за наводно сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Граѓани на Република Македонија, замислете – СУДСКА ПРЕСУДА НА 1055 страни. Цели два дена ја читам пресудата и не можам да ја исчитам и дочитам. Каква невидена судијска патолошка скрибоманија и тафтологија од страна на судијката Кацарска, помогната и поддржана од обвинителката Вилма Русковска. Двете заедно, притиснати и истовремено заштитени, од полициско-политикантските врхушки на режимот во кој западна Република Македонија, во стил на средновековни инквизитори, ен-ка-ве-де цензори и агитпроп полит-комесари, обвинувајќи и судејќи, наместо ПРАВДА, нехумано, ѕверски, нестручно и паушално делат НЕПРАВДА.

Бидејќи пресудата е ненормално долга како Кинескиот ѕид, за 48 часови, колку ја имам во раце, се уште не можам да ја исчитам и дочитам, одлучив, се додека, темелно не ја проучам, да не ја анализирам и коментирам нејзината содржина во целост и на поедините конкретнитделови(диспозитив, изрека, образложение, утврдена фактичка состојба, анализа на докази), туку за почеток, само да ви ги соопштам моите првични впечатоци, што ги добив за овие два дена читање. Подоцна, кога како сериозен правник, добро ќе ја проучам пресудата, ќе ја споредам со првичниот обвинителен акт, па дополнително изменетиот, и ќе обавам некои неопходни разговори, со некои мои колеги, адвокати, судии, јавни обвинители и соработници од Комитетот за заштита на личноста и дигнитетот на неправедно обвинетите(сега веќе и осудени – неправосилно) за настаните од 27 април 2017 година, ќе ги објавам моите ставови и забелешки во врска со пресудата.

После првото мое листање(брзо разгледување) на пресудата од 6 часа, од почеток до крај, прва мисла што ми дојде, во смисла на уставната и законската незаснованост на пресудата, е мислата на Монтескје, таткото на Европското право:

“Има два вида на расипаност – првиот вид, кога народот не се покорува на законите, и другиот, кога народот ќе го расипат самите закони. Ова второто зло е неизлечиво, бидејќи е во самиот лек“.

Погодувате, првото зло се однесува на криминалците, кои ги прекршуваат законите, а второто зло е кога се носат неуставни и незаконски одлуки, во случајот од Собранието на Република Македонија, и обвинителството и судот(решенија за истраги, притвори, обвинителни акти, пресуди) кои не се на закон засновани, кои го расипуваат народот, и што е најважно – тоа зло е неизлечиво, бидејќи е во самиот лек(одлука, решение, пресуда). Прво прашање што треба да го поставам е Кво вадис Ius?(каде оди правото – во Македонија?). Второ, Кво вадис Iustum?(каде оди правдата? – во Македонија). И трето: Кои вредности ги штити нашето право? Дека овие прашања со право се поставени и директно исправоцирани од  овој кривично-правен процес, кој не е втемелен во правото, туку во реваншистичко-геноцидните лаборатории на политичко-полициските и судско-обвинителските орди кои хараат низ уставните, државните и политичките институции во Македонија. Сето ова, со факти и аргументи, ќе биде објаснето во деновите пред нас.

Втора асоцијација од исчитаното во пресудата ми е руската мисла: “Не се плаши од судот, туку од судијата“. Јас би додал и не се плаши од обвинителството, туку од обвинителот. Тука веќе од авион се гледа нехуманоста, загрижувачката зависнос, очебијната нестручност и ненормалната субјективнос на обвинителката Русковска(според обвинителскиот акт) и на судијката Кацарска, видливи од пресудата што ја донела, која е од Гинисов тип, во негативна смисла.

И да заклучам: Со пресудата, базирана на обвинителниот акт, а не на фактите, кои се очебијни, не на аргументите, кои се веродостојни, и не на доказите, кои се релевантни, судиката Кацарска, служејќи се со повеќе еристички лукавства(трикови), како што се: Мудроста и вистината не се синоними(1); Докажување на заблудата – заблуда на докажувањето(2);  Од рајот до пеколот(3); Да прашуваш, а да не одговараш(4); Парадокс на сомнението – сомнение во парадоксот(5); Докажување со парадокс – парадоксално докажување(6); Изнудување на предтврдење – добивање изнудени заклучоци(7); Побивање со привидност – привидност на побивањето(8); Докажување со расправија – расправија во докажувањето(9); Уметност на изнудување – изнудување со уметност(10); Надмудрување на противникот – користење на неукоста на публиката(11); Стравопочитување без аргументи – измислени и непостоечки аргументи за стравопочитување(12); Фактите и интелектот – версус мотивите и вољата(13); Искористување на околностите – извртување на логиката(14) и уште некои други, НИ СЕРВИРА ЗАМАГЛЕНА И ПЕРВЕРТИРАНА СЛИКА ЗА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА ЗА ПРЕДМЕТНИОТ НАСТАН во која: Привидот е поверодостоен од реалноста; Сликата е поважна од суштината; Впечатокот е побитен од вистината; и Илузијата е померлива од мерливиот доказ. Тоа го прави игнорирајќи и маргинилизирајќи факти, аргументи и докази кои очебијни, веродостојни, утврдени, неспорни и релевантни, како такви предложени од бранителите на обвинетите, содржани во доказниот материјал и исказите на сослушаните сведоци, направените анализи и вештачења и исказите на самите обвинети, а ладнокрвно и срамно неприфатени и одбиени од судијката Кацарска.

Од овие причини, моето првично видување за оваа брскрајно срамна и брутално безобразна и безобзирна пресуда ја, е дека ја доживувам како раскината врска помеѓу правото, правдата/праведноста, моралот и вистината.