среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 22
home Колумни

Супер Венко на кривото оро на Заев-паша

Супер Венко на кривото оро на Заев-паша

Зошто има најмалку тестирања за коронавирус? Хммм, затоа што пандемијата се намалувала, мудро и спокојно одговори Супер Венко, фаќајќи се орно на кривото оро на Заев-Паша. Она познатото Сдссссовско оро – 100 чекори назад, три напред…

Но чуму плиткото објаснување на Филипчо не држи и зошто некој муља со бројот на тестови? Кон ова просто прашање наведува просто-проширената состојба на терен која вели дека бројот на заразени процентуално останува ист. Ама идентичен. Скроз. Математички, нема подобрување, ама никакво.

Тестирал ти 1000 души или само 100 лица, ќе добиеш иста бројка. Околу десет насто заразени. Во првиот случај 100, во вториот 10. Ама мајката, ова второто звучи и изгледа мноооогу поубаво за ушите и срцата на граѓаните, нели?

А зошто сето ова, чуму оваа потреба од лажен оптимизам, па нели бре требаше да се справиме со коронава како што треба, со сите медицински нишани, со помалку жртви? Како сега им текна да шират оптимизам и фејк слика ко лажните им вести калапени? Оти се хуманитарци со украдени пари, оти се филантропи со Ресана со минат рок, оти такви човекољупци мајка ретко раѓа?

Јок, ќе да е нешто друго, заткулисно ко и секогаш. Игра ли Филипчо некоја игра, оро ли беше? Работава не е ни за еурека, толку е едноставна, а прикаската комуњарска толку евтина и грда.

Треба ли Супер Венко (ко што го прават пираџиите од СДССС) да прави лажна слика за релаксирана корона за да некој може да добие алиби и да излезе на толку посакуваните избори, ама што побргу. Утре, по можност?

Тоа ќе да е.

Се вклучила Фабриката на екс Бихаќка, на најјако. Сега ќе фураат филм дека се е ок, па коронава била гола вода, заминувала, па со топлото време ќе пејат „Корона чао“, концерти сурушки ќе прави градскиот потатко Тапчолегов, мерки ќа релаксираат насила. Се’ и се’ со една, луда цел.

Само и само да излезат на избори пред економската криза која следува, а која ќе удри најсилно токму поради нивната неспособност. Ќе покаже колку се голи и боси, не само национално. Добро, материјално се ко бродови,нафатирани за 100 генерации. Сто. Толку и семејства ќе останат овде со нив на власт, другите ќе се иселат, нели.

Процениле ли мајчините наследници на УДБА дека избори мора да има најбргу „у свет“, па ништо друго не е битно. А здравјето на народот, знаете колку ги инересира. Не беа кадарни ни помош странска да побараат, лекари и полиција на цедило оставија, си трошеа 120 милиончиња ко бонбона бизнис дарени, глумеа заразени собирајќи поени преку Максо и пак Цацко им беше крив. А не, и тој е советник во влада де…

И така, додека Филипчо го тера орото на Заев-паша, тој со БМВ макината од 60.000 евра си хара по Макеоднија и глуми демек моторџија бил. Мачо финти или не, ама цела ергела од моторчиња од 60 иладарки за покажување мускули на народ кој набргу поради нив ќе нема за леб. Башка, правила пустиот не почитува, не станици за дезинфекција не застанува. А чуму би застанал, па и така на Макеоднија гледа ко на пашалак сопствен, а пашата правила за обична раја не поштуе, јок.

Мотивите за брзо одење на избори се повеќе. Сигурно сакаат помал пораз, затоа што по економската криза ќе станат ПАСОК, т.е. ќе ги снема. Со „намештаљки“ и асли „хуманитарна“ корупција и ресанчиња, може и да бидат пата-пата, па со супер-местенка и да „тепаат.“  Друга прикаска лежи во предавањето на врелиот костен на сегашната опозиција, која ќе треба да се справи со катаклизмата предизвикана од временската непогода која сега е на власт, а тие ќе ликуваат и делат ум. Или, пак, веројатно – играат на минимална излезност, која им одговара, оти голема излезност ќе ги срамни со земја. Веројатна математика сдсссовска е да нема доволна излезност, па да си тераат до редовен термин во декември. Исплашен народ, кому политика му е преку глава да рече, ма какво излегување, ќе си седам дома.

И журка, време за тендери и бизниси колку сакаш, а избори според  договореното имало. Па во декември ќе им текне дека короната пак се засилила па ќе си тераат до следниот декември. И така, до недоглед, убаини. Да, чудни се патиштата политикантски.

За жал, имјќи предвид со кого си имаме работа, не ве чуди, нели…

За крај, онака празнично, првомајски и работнички, еден виц кој зборува за валканоста на политичарите, шега која толку добро им прилега на актуелниве владејачи во Македонија.

На првиот состанок канибал ја носи канибалката на ручек во канибалски расторан.

Келнерот канибал им го дава менито.

-Мисионер – 5.000.

-Археолог – 3.000.

-Политичар – 100.000.

Зачудениот канибал го вика газдата. Доаѓа газдата кој е и готвач, а фрапираниот канибал му вика:

-Добро бе, што е работава? Чуму толку скап е политичаров, да не е со дијаманти послужен во златна тава?

-Ех, вели готвачот со тажен лик, да знаеш само колку е тешко и мачно да ги исчистиш…

 

 

ЕУРО 2020

Македонија