понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 65
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Ступидноста на „аргументите“ на Заев за брзи избори

СДССС со дузина евтини „аргументи“ го убедува народот дека се е ок, да си свиркаме и да тераме орно брзи избори кои се дел од нивната ненормална НОВА НОРМАЛНОСТ?! А сите аргменти им се „тапа“, тотално неаргументирани и демагошки. Да, само едно е точно - немаат никаков проблем со заразување илјадници и умирање на стотици за сопствен политички спас. Она, кога Барон Муртинхаузен се трансформира во Маркиз де Сад. Арно ама, внимавајте, полека но сигурно, Македонците излегуваат од филмот на Барон Мазох и застануваат контра вирусот СЕВИД-19 (СЕВерна ИДиотштина реализирана 2019 година). Да, короната некогаш и ќе помине, а и Македонија ќе ве прележи вас, во тоа не се сомневајте. Вакцината за КОВИД-19 се крчка во лабораториите, а лекот за СЕВИД-19 е во рацете на народот...
Ступидноста на „аргументите“ на Заев за брзи избори

Деновиве се изнаслушавме глупоштии од перјаниците на СДССС со кои врхушката ги правда и „аргументира“ брзите избори. Очебијно, нивните пи-ар стартези од Поповски&Рада компани баш многу-многу и не се скршиле од мислење. А ги има толку многу на платниот им список. Да, многу стартези – килави аргументи…

Главниот „аргумент“ на Барон Муртинхаузен, кој како ехо се чу и од грлата на Рада Пелинска, посинокот му Костадин и дузина други демагози од екс Бихаќка беше дека кон крајот на летото и во септември, кога опозицијата предлага да се оддржат изборите, не очекувал нов бран корона?!

Кои се сериозните фалинките на овој дилајла „аргумент“ на Заев за избори на 21 јуни?

Прво и основно, „новиот бран“ на КОВИД-19 е само пуста прогноза, некаква си неаргументирана можност за враќање на вирусот на „голема врата“, која повеќе наликува на теорија на заговор и со кое тврдење не се согласуваат многу светски и домашни епидемиолози. Д-р Пановски ги „исече“ уште пред еден месец кога почнаа да ја верглаат прикаската, обзнанувајќи дека никој во светот не може да предвиди нов бран пандемија. Добро, Заев и Филипче знаат повеќе од сите, нели…

Второ, ајде дури и теоријата на заговор за втор бран пандемија на прогнозерите Венко и Зоки да се оствари, нешто уште е расипано во државата Заевистан. Ова е само прогноза, а сегашноста (во која скаат да одржат брзи избори) е поразително коронисана.

Алоооо, сега одите на сигурно, загарантирано здравствено самоубиство. Бројките се страшни, лидери сме или СТЕ (затоа што вие се „справивте“ со короната танцувајќи)  по број на смртни случаи во однос на број на население. Кажете им го тоа на семејствата на 110-те починати и аман, Венко нека не извртува дека се мерело според број на заразени, ане на починати на милион жители, исто ко што ги става тестираните во градинките заедно со оние тестирани поради симптоми, ко што секое соопштение на Министерството почнува со „розов“ број на оздравени, ко што шират лажен оптмизам итн. итд. и др. евтини пи-ар глупоштии за да народот се опушти и да го убедат дека изборите и не се нешто страшно…

Едно е јасно, „брзи избори“ ќе се одвиваат во време на високо ниво на зараза, тоа е неприкосновен факт. Избори во септември можеби, а можеби и не. Во август пак, најверојатно нема да има толкав прогрес, ама тоа пустото не ви одговара. Тука лежи и зајакот, да, оној Заев де. Баталете идиотштините садистички, ако треба одложете ги и тие во септември, ту-ту, ќе ве преживееме ако треба и уште 7 месеци до декември, само народ не зазаразувајте и умирајте…

Трето, аргументот дека Уставот така налагал, е „трла баба лан“, особено кога излегува од устата на гарнитура која го сотре истиот тој Устав и благодарение на кој минатите три години заштеди многу ролни роалетна хартија. Не ви личи бре „другари“, да се повикувате на нешто што го извитоперивте и му е.авте мајката, ама ич…

Четврто, во оној „аргумент“ , кој го вергла  Гуливер Спасовски дека Уставниот суд ја одобрил неуставната им Вонредна состојба, по која морало да се оди на избори во тој и тој рок и бла, бла, бла не веруваат ни Лилипутанците од екс Бихаќка. Знеме кој го конторлира тој суд кој одамна е се само не Уставен туку суд на „дугме“…

Петто, оној најглуп и хистеричен аргумент дека Македонија демек била парламентарна демократија па толку многу ни требало Собранието за контрола врз власта, па морало итно да се врати избрано од народот со легитимни пратеници е грда пародија на која  можат да ви подзавидат Клиз и Гилијам од Монти Пајтон. Не се зезајте со народов, му стребало некому собрание кое и онака секогаш е извршител на директивите од Илинденска бр. 2. Поевтина  идиотштина не можеше ни да ви текне. Имало собрание или не, мање важно. То исто ко за безгласните страци од МАНУ да се потресеме..

Можеби може и поевтина финта – она шестото, дека на Македонија насушно и требала политичка Влада со целосен легитимитет?! Дали ова е најнебулозниот „аргумент“ од сите со кои мафтате? Мислам, дечки, па вие без никаков легитимитет избравте собраниски спикер кој со гавазите избра нелигитимна влада со црпнат мандатар без мандат од претседател на државата, па без трунка легитимитет и изим од народ сменивте име на држава, Устав и Преамбула, донесовте двојазичност, а во фаза сте историја, јазик и нација на Бугари да продавате и којзнае што ли правите што не ни занеме. Ви стребал вам легитимитет на Владата, абе ајде бркајте работа…

И седмо, оној сулуд „аргумент“ дека короната била нашата „НОВА НОРМАЛНОСТ“ со која требало да се научиме да живееме?! Кој само ви ја смисли таа фраза што сите редум ја верглате ко навиени бре? Каква нова нормалност, ненормални, забегани политиканти, не го убедувајте народов дека короната е константа. Епидемијата ќе помине, не веднаш, но сите се трудиме со почитување на мерките да ја пратиме по ѓаволите и морските вештерки…

Но да убедувате луѓе во глупоста дека кОВИД-19 е нормална работа, па следствено на тоа дека и изборите среде НОВАТА НОРМАЛНОСТ не се ништо страшно, е крајно социопатско и садистичко толување на отворената можност да заразите илјадници и умрете десетици или стоици луѓе поради ваши политикантски потреби и политички спас…

Она, кога Барон Муртинхаузен се трансформира во Маркиз де Сад. Арно ама, внимавајте, полека но сигурно, Македонците излегуваат од филмот на Барон Мазох и застануваат контра вирусот СЕВИД-19 (СЕВерна ИДиотштина реализирана 2019 година).

Да, короната некогаш и ќе помине, а и Македонија ќе ве прележи вас, во тоа не се сомневајте. Вакцината за КОВИД-19 се крчка во лабораториите, а лекот за СЕВИД-19 е во рацете на народот…

Коронавирус