петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 129
home Колумни

Стевовото „НЕ“

Стевовото „НЕ“

Си бил еднаш еден Стево. И не бил баш најстабилен. Та Гоце бил Бугарин. Та не бил. Та советниците му Денковско-Нановски продолжувале каде тој застанал…

Оти на Стеки, тоа му била задача, зададена од врховниот му командант Заев, не обратно. Го третирале исто ко скопскиот очув Шилегов. А им загустело, Зоки ќе наредел дигресија, ширење магла за јавноста, па првиот бугаришел, вториот „рушел“ Триумфални, нема, нема, та носел споменици на отпад, нема, нема, па друг спин и дефокус на јавноста од реалните проблеми. Оти, наредба си е наредба во светот комуњарски, тука нема пардон. Голи Оток е опција за непослушност, ви текнува…

А тоа, е тоа не било лесно за професорското му его, беспоговорно да ги следиш и да им удоволуваш на желбите на магистрантот Зоран. Арно ама, пустиот Стево имал една голема дарба, да слуша, беспоговорно.  И така…

Така и го напраиле прецедник. Шурувале со сите, најмногу со Албанците, го потплатиле Реис уф улема Реџепи со уф-уф, баснословни суми и имот на скопско Кале (сам си призна на ТВ) и си успеале. Ја „тепале“ Силјановска. Добро, помогнале и Македонците возљубени во бојкотот кои не излегле…

Ќе речете „врхунац“, Стеки си прецедникувал со РМ, која насила  ја направиле РСМ, ама тоа не било тоа. Копнеел пустиот да биде Тито. Пуста желба неисполнета, башка многу голема.

Арно ама, дошол денот кога Стево добил шанса да стане ко идолот му. Му светнало на пустиот изгореник кон Титовото дело и недело. Второто го компензирал со аминот за затвор за внукот на Методија Андонов Ченто кој гниел во затвор за да тој и другар му Зоки Заев владејат, ама првото било болка. Јака. Силна. Абе, мир не му давала.

Оти, од малечок, од  девојче сакал Стеки да каже, да викне едно громогласно, едно Титово НЕ.

И, конечно, добил шанса. Та станал Стеки и торжествено свикал: И рековме „НЕ“ на Европската економска зона, оти ЕУ е единствена опција! Без запирка! Точка! ЦЦЦЦццццц…

И настанала штама. Сите се погледнале и запрашале, што кажа воа прецедникот, што истресе? Калма во СДССС…

Ама на ЗЗ му текнало  – па ова е топ, ќе ги покрие најидиотските 100 дена влада со сите наши глупирања и идиотизми, пичи Стево, викај НЕ, аман! Ју-хууу, нова дигресија од реалните проблеми, покриј и то ветото, јес!

И така, не било битно што ЕУ не е единствената опција, мора само да се умре, нели, туку, најбитно е што Стеки рекол НЕ за ЕЕЗ, а се залагал за ЕУ. Абе, полн погодок, бравос!

Ова, демек, ќе му дојде ко Титовото НЕ на Информбирото на Сталин во 48-та, само што сега е 2020-та и глупоштиите потешко поминуваат.

Интересно, ама токму  кратенката ЕЕЗ беше претходница на ЕУ, така се викаше пред да се преименува во 1993-та година (Европска економска заедница), три години по „победата“ на Тото Котуњо, две по нашата независност која не ја посакувавте и одевте против неа на Референдумот во 91-та (ко и 2004-та кога на Референдумот за Територијална поделба одевте со Рациното „Некои прашања не заслужуваат одговор!“), а 2018-та пак контра народ одевте и лажевте со ЕУ и НАТО за да смените име, биљмези антинародни, секогаш, абе класика. Лоша навика ли е, што ли е. Е, белја комуњарска, ама во 91-та не ви успеја.

ОК, Стево се напраи манга, ама скроз утнато, ај тој, ама тоа советниците да му ги вратат парите. Таа нова ЕЕЗ нуди сиајсет економски бенефити, кои тој и ЗЗ лажгото никако да ги донесат.

Сепак, НЕ-то ти послужи да се поистоветиш со Тито, фер…

Иако, јок, никогаш нема да бидеш Тито. Нит си бравар, нит ќе формираш Неврзани, нит некогаш ќе се Одврзеш од дилајлата Заев (читај Сталин). Јосиф Висарионович за него да ти бил манга, а Муртинхазуен, дефинитивно не е Коба, нит некогаш ќе биде.

Башка, судени сте си со Зокија. И на врвот. Башка, и во пропаста…

 

П.С.

А, да. За она кошмарите за гулагот? Јок. Не се ноќна мора, туку нечија иднина, толку парадоксално заработена со лош обид за промена на историја…

Локални избори 2021