четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 85
home Колумни

Стари финти за нови будали…

Стари финти за нови будали…

Еднаш ако ме излажеш, СРАМ ДА ТИ Е! Ако ме излажеш двапати, СРАМ ДА МИ Е!

Е сега, што ако некој те излаже стотици пати? Што ако тој некој се вика Заев, поткрепен со бизнис кооперацијата СДССС&БЕСА КОМПАНИ? Што срам тогаш треба да јаде излажаниот македонски мазохист, лукративно навлечен на шарените лаги на Барон Муртинхаузен? Која еталон мерка би била таа? Хмммм, 1 Заев би била тамам, нели?

Да, мерката за најголем национален срам би се викала ЕДЕН ЗАЕВ. Слично ко што 1 Фарад е мерка за електричен капацитет. Добро, еден Заев нема капацитет за ништо, ама одлично одговара на потребната мерка за бескраен македонски срам. Ок, кондензира рекет и Луј Витон торби и тоа многу, станувајќи притоа конкуренција за мерка на РЕКЕТ, ама срамот си го доби прв. Рекетот ќе си најде некој друг за еталон мерка во редовите на СДСССС, ги има многу, изборот е огромен. Еден ДЕН, една КАТИЦА, една ФРИКИ, КИКИ, РАШО, конкуренцијата е страшна….

1Z (кратенка за мерката) иако само на ниво на Национален еталон (признат само во една земја според  одлука за утврдување на вредноста) нема како другите да се чува во Швајцарија. Гласините се дека ќе го чувале во Идризово, како уникатна еталон-мерка која учела да свири клавир…

Е, човечето по кого ќе се одредува нивото на национален срам, сега настапи со кампања во која народот го плаши со враќање на режимот. Јако, нели. Врло промуќурно. Кога реална Хунта плаши со враќање на имагинарен режим.

Она, кога некој што не ни победи на избори за да владее и не почитуваше ниту една национална светија, насила и со уцени за затвор смени име на држава, Устав и преамбула, донесе небулозна двојазичност и преку судската  ТРАС-ТРАС алатка испозатвори еден куп луѓе и амнестираше еден друг куп, сега ве „плаши“ со враќање на режим и тоа со фотки од Бранковата транзиција?!

Да, оној БЦ кој го црпна од муртинската нива и кој има страшна одговорност во сите натамошни дејанија на ЗЗ, немерливи глупоштии со кои следните генерации ќе се потсмеваат и чудат како некој можел да го стори тоа. Ќе велат, мора да бил многу црпнат, нели? Епа, бил…

И откако ЗЗ, парадоксот на две нозе кој толку многу милува ОБНОВА, ни втера страв в коски од можноста за враќање на режимот, кој го смислија и измислија како поим додека беа во опозиција и во која доколку останеа немаше да ни се случат сите оние кијамети минатите три години, а таму припаѓаа според резултатот на изборите 2016-та, сега Зоки, Рада и Нино ќе не убедуваат дека МОЖЕЛЕ. Да, можевте да направите и нешто убо, за промена, ама не направивте, затоа што не ве бива. Ама ич.

Затоа, сега наместо стота шанса, ќе ве испратат во историја. А таму, верувајте дека нема да бидете херои. Ќе си бидете она што сте и онаму каде што припаѓате. Знам дека сакате античка историја, ја испопишавте по спомениците наши, но гарант не сте ни читале многу, застанати со едукација на Зоки Поки и диплење пари. Сепак, токму вие би биле прекрасен ГМО лик од античката митологија.

Електра со Едипов комплекс, да. Затоа што и е.авте мајката на татковината. Колку само ви прилега…

Сепак, од 15-ти па натака многу подобро ќе ви личи толку соодветното друштво на Коте од Руља, Видкун Квислинг и останатата светска петоколонашка банда.

Да, го погодивте слоганот кампањски. Бравос. Па и ќорава кокошка ќе колвне по некое зрно, нели.

Да, МОЖЕТЕ да одите во опозиција, па во историја, со некоја попатна станица во некоја институција.

Дефинитивно, МОЖЕМЕ да ве испратиме таму…

Коронавирус