недела, 16. декември 2018. Вести денес: 70
home Колумни

Собранието не може да изврши ратификација на противуставен договор

Собранието не може да изврши ратификација на противуставен договор

Договорот со Република Грција, склучен шверцерски и подмолно по телефон, кој денес еуфорично го обзнани Зоран Заев како „огромен успех“ е срамна капитулација и велепредавство. Toj таканаречен договор е противуставен и незаконит и таков договор не може да биде ратификуван во Собранието на Република Македонија, од повеќе уставни и законски причини:

1.Владата не е надлежна и нема ниту уставно, ниту законско овластување за скучување на ваков договор. Склучувањето на меѓународните договори е уредено со членот 119 од Уставот на Република Македонија и со Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори од 22 јануари 1998 година.

Според членот 119 став 1 од Уставот, меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Во членот 3 став 1 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, исто така се предвидува дека меѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува претседателот на Републиката.

Според членот 119 став 2 од Уставот, меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа е определено со закон. Согласно членот 3 став 2 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, цитирам: “Меѓународни договори во име на Република Македонија може да склучува и Владата на Република Македонија за работи со кои се уредуваат прашања од областа на економијата, финансиите, науката, културата, образованието и спортот, сообраќајот и врските, урбанизмот, градежништвото и заштитата на животната средина, земјоделството, шумарството, водостопанството, здравството, енергетиката, правдата, трудот и социјалната политика, човековите права, дипломатско-конзуларните односи, како и од областа на одбраната и безбедноста на државата.

Во Законот точно се наведени прашањата за кои области Владата е освластена за склучување на меѓународни договори. Со договорот со Република Грција не се уредуваат прашања од овие обаласти, туку се прифаќа промена на Уставот, уставното име на државата и македонскиот идентитет.

  1. Зоран Заев ги пречекори сите овластувања и постапува противуставно и противзаконски.

Владата воопште нема овластување за склучување на ваков договор. Никој нема право, ниту претседателот на државата, ниту Владата да склучува противуставен договор. Според членот 2 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, со меѓунаероден договор се утврдуваат права и обврски за државата, согласно со Уставот на Република Македонија и меѓународното право. Овој таканаречен договор, не е во согласност со Уставот на Република Македонија, туку е против Уставот, затоа што целата содржина на договорот предвидува промена на Уставот на Република Македонија и промена на уставното име на државата или “ревизија на Уставот” како што бараше грчката страна.

Кога се склучува меѓунатроден договор, прво што мора  да се оцени

                      дали има уставна основа за склучување на таков договор.

Тоа е сосема јасно наведено во Законот, кој пропишува постапка за склучивање на меѓународен договор. Според членот 8 од Законот, “предлогот за поведување на постапка за водење на преговори за склучување на меѓународен договор треба особено да содржи  уставна основа, оцена на состојбите на односите со односната држава или меѓународна организација, причини поради кои се предлага склучување на меѓународниот договор, финансиските средства потребни за извршување на договорот и начин на нивното обезбедување, предлог за состав на делегацијата на Република Македонија која ќе ги води преговорите и пресметка на трошоците за работа на делегацијата.”

Предлогот на основите за водење на преговорите треба да ги содржи: битните елементи на договорот кој се предлага да се склучи,  основните прашања за кои ќе се водат преговорите и предлог на ставови кои Владата треба да ги заземе во врска со тие прашања кои се задолжителни за делегацијата на Република Македонија во преговорите за склучување на меѓународниот договор. Кон предлогот за поведување на постапка за склучување на меѓународен договор се приложува и нацрт на меѓународниот договор.

Од сето ова ништо не е почитувано. Не е почитувана ниту една одредба од Законот. На прво место при склучување на меѓународен договор се става уставната основа. Која е уставната основа за склучување на ваков договор. Иако во членот 4 од Законот, сосема јасно е наведено дека “за водење на преговори и склучување на меѓународни договори одлучува претседателот на Република Македонија”, тој беше целосно противуставно исклучен од вршење на неговите надлежности и неговиот кабинет на два пати јавно бараше писмени известувања за разговорите.

  1. Со меѓународен договор не може да се бара промена на Уставот на една држава.

Уставот на Република Македонија во членовите  130 и 131 ја уредува постапката за измена на Уставот. Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани. Одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Нацртот за измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.

Собранието на Република Македонија не може да ратификува ваков неуставен договор, и уште повеќе не може да ратификува ваков договор со просто мнозинство пратеници на Собранието. Бидејќи се работи за темелна промена на Уставот на Република Македонија, уставното име на државата и идентитетот, значи се работи само за уставни прашања, ако Зоран Заев се обиде насила и шверцерски да го протури овој договор за ратификација во Собранието, таква раификација може да се изврши само со двотредтинскио мнозинство од вкупниот број пратеници на Собранието. Ако предавникот Зоран Заев сака да ги преточи решенијата од договорот во Уставот и да го смени името на државата, Владата може до Собранието да достави предлог за пристапување кон измена на Уставот. Одлука за пристапување кон измена на Уставот Собранието донесува со двотретински мнозинство од вкупниот број пратеници.

Биделки нема никаква уставна и законска основа за донесување и за подпишување на ваков договор и нема законска основа за ратификација на ваков срамен договор, целата работа се врши со насилство врз државата и граѓаните, врз институциите, се се сведува на лаѓи, манипулации и подметнувања.

Зоран Заев и Никола Динмитров се впуштија во  авантура и прифатија се што бараа грците со нивните црвени линии. Ги прифатија сите нивни црвени линии и ги оцрнија душите на граѓаните на Македонија. Татковата клетва ќе го стигне Никола Димитров, каде и да се наоѓа. Освен прегратките и бакнежите со Никос Козијас, од него ништо не се виде. Оклештен до уши, Козијас му ги заби ножевите во грбот. Дури прифатил да се брише уставната одредба од член 49, која предвидува уставна грижа за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија. Човек да се запраа каква душа имаат Зоран Заев и Никола Димитров? Никола Димитров изигрува голем европски дипломат, а се откажува од македонското национално малцинство во соседните земји. Се срами и да го спомене геноцидот врз македонците во Егејска Македонија и протерувањетио на над 25 илјади деца, кои сега ќе одбележат 70 години од тој злостор? Не е ни чудо ваков бесрамник и да говори на нивната средба.  За одземените имоти на протераните и да не споменуваме, затоа што тој заборавеник тоа не го гледа, заслепен од лажните тапкања по рамо. За него и за Зоран Заев има само една честитка, успеаја да го исфрлат Метју Нимиц од посредништвото и тоа е заменето со телефон дипломатијата и со “експерти” од типот на Бојан Маричиќ, Дане Талески и Зоран Башановиќ. Еве кој ја крои судбината на македонската држава и македонскиот народ.

Сега, во втората фаза, после ова грозотија што ја направија, ќе се обидат со насилство, закани, лаги, подметнувања и манипулации да го заплашуваат народот. Таа книга одамна е  прочитана и нема да им успее и со потплатување во кеш и со реклами на  новинари, како што вели Бранко Геровски, и со лигав директор на медиум, кој се извинува, а парите што ги зел не ги враќа.

Сакам да го подсетам Јавниот овбинител на Република Македонија да си ја изврши својата службена должност и да го почитува начелото на легалитет, со тоа што веднаш ќе покрене кривична постапка против Зоран Заев и Никола Димитров за кривични дела против државата Велепредавство од членот 305, Загрозување на независноста од членот 308 и Злосторничко здружение од член 394 од Кривичниот Законик.