понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 11
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Колумни

СЛЕДУВА МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА РЕНЕСАНСА

Најавите за формирање на ново Министерство за енергетика и минерални суровини, без зголемување на државната администрација, само ја докажува сериозноста со која што ВМРО-ДПМНЕ приоѓа кон решавање на ова горливо прашање кое уште сė до денес ниту една Влада не успеа да го реши, а е од огромно значење за да може енергетиката да си го заземе заслуженото место бидејќи без силна енергетика нема ни здрав економски раст на земјата
СЛЕДУВА МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА РЕНЕСАНСА

Инвестициите во енергетиката кои што ги најави Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски како дел од изборната програмана ВМРО-ДПМНЕ се навистина голема промена во енергетскиот сектор, кој што зафаќа и голем дел од животот на граѓаните.

Обновата на Енергетиката опфаќа цела лепеза на проекти почнувајќи од најважниот сегмент- гасификацијата, кој што е директно поврзан со намалување на загадувањето и чистата животна средина.

Се предвидува целосна гасификација на земјата, со бесплатен приклучок за секое домаќинство. Навистина за пофалба, бидејќи не е доволно само да се развие дистрибутивната мрежа за гас. Причината е јасна, слабата економска моќ на домаќинствата и високата цена на приклучокот, би предизвикало тие да не можат да се приклучат, и вистинската реална гасификација и сите бенефити од неа уште долго да тапкаат во место. Ова е сосема исправно решение ако се сака да се развие гасификацијата во целост и на изградената дистрибутивна мрежа да има приклучоци. На таков начин се добиваат две позитивни работи во исто време: се намалува загадувањето на воздухот и се зголемува потрошувачката на гас, со што се намалува и цената на чинење. зголемена потрошувачка на гас предизвикува и намалување на неговата цена.

Инвестирањето во енергетска ефикасност со субвенционирање во енергетски ефикасни фасади, граѓа, прозори и слично исто така има двоен ефект: се намалува загадувањето на воздухот, а во исто време се намалува и потрошувачката на енергија. Практиката од западот покажува дека мора да се вложува за да се штеди. Онаа народната „сиромавиот два пати плаќа“ на овој начин мора да почне да се искоренува. Оттука, конечно државата ќе се врати на патеката да се помогне на граѓаните, прво самите да штедат енергија и со тоа да заштедат во својот буџет, а истовремено со тоа и државата да заштеди во потрошувачката за енергија.

Третата мерка за Обнова на Македонија во делот енергетиката е инвестирање во обновливи извори на енергија. Тоа е светски тренд за заштита на човековата околина, искористување на најчиста енергија што не ја загадува животната средина. Но, пред сė инвестирање во батерии за складирање на произведената енергија за период кога таа е најпотребна. Ваквото инвестирање е правилно енергетско решение, ако се знае дека главен недостатокот на обновливите извори е токму тоа, што не може да се предвиди нивната достапност во секое време.

Тимот за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ сериозно пристапил кон проблемот производството на електрична енергија од конвенционални извори, со што покажува дека  ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија за македонската енергетика. Опфатена е изградба на нова ефикасна централа во реонот на Пијанец и Малешевијата. Исто така, предвидува и  инвестирање во модернизацијата на РЕК Битола, и тоа модернизација по највисоки стандарди за заштита на човековата околина. На тој начин земјата ќе стане енергетски помоќна, а со тоа ќе се зајакне и домашната економија. Јасно е дека без силна енергетика нема ни здрав економски раст на земјата.

Во овој дел мора да се направи споредба со политичките опоненти пред овие избори. Наспроти овој план на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ промовираше Стратегија за развој на енергетиката во која до 2025 година се планира затворање на РЕК Битола, што според многумина од секторот енергетика претставува несекојдневна „авантура“.

Посебно место во изјавата на Мицкоски добива најавата за формирање на ново Министерство за енергетика и минерални суровини, и тоа без зголемување на државната администрација. Ова само ја докажува сериозноста со која што ВМРО-ДПМНЕ приоѓа кон решавање на ова горливо прашање. Прашање кое уште од осамостојувањето на Македонија сė до денес ниту една Влада не успеа да го реши, а е од огромно значење за да може енергетиката да си го заземе местото во општеството што навистина го заслужува.

Доколку се реализираат сите најавени проекти во енергетиката, Македонија ќе доживее целосна ренесанса во оваа област, посебно што  енергетиката досега беше оставена сама на себе, без правилен развој и стратегија. Конечно некој се заинтересира вистински за нејзино правилно етаблирање во општественото живеење. Секако проектите во енергетиката се долгорочни и не може да се изведат  преку ноќ, но само земја која има развиена енергетика  има и силна економија.

М-Р Елена Маркова Велинова

Парламентарни избори 2020