вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Колумни

СЈО како Ђекна још није умрла, а ка’ ће не знамо

СЈО како Ђекна још није умрла, а ка’ ће не знамо

Според зборовите на заменичката специјална обвинителка Ленче Ристоска, “една од трите”- “СЈО било живо”. Што значи тоа не знаеме, но тие што треба да се погрижат за судбината на овој противуставен квазиобвинителски орган веќе преговараат за неговата судбина, а преговотите не се баш во нивна корист.

Поради тоа овој наслов, од една култна црногорска представа, во која цело село се занимава со судбината на Ѓекна, а неа никаде ја нема. Така и ние 2 милиони луѓе треба да се занимаваме со неколку заменици и персонал од триесет до четириесет луѓе кои го олеснија буџетот на државата за над 15 000 000 евра а ништо не направија. Односно направија голема штета, не решија ниту еден(односно симболично е решен еден предмет), а направија огромен срам, со методи кои не се видени на просторите на Република Македонија од времето на “информбиро” па до денес. Беа вршени притисоци врз сведоци, осомничени, кон нив беа упатувани незамисливи закани и уцени, имаше и жртви (на пример Коста Крпач за кој никогаш не се заврши истрагата). За да дојдеме до тоа дека органот кој бил поставен над сите органи за прогон се занимавал со рекетарство, кое уште се расчиствува, па дури преземал и дејствија на уценување на пратеници и политичари да гласаат, замислете, за промена на уставот, како што тоа го изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицковски. Буквално направиле пазар. Гласајте за промена на уставот па ќе ви го ослободиме имотот од хипотека. Кој оди на пазар знае како се прави тоа. Конечно, што правеше тој тим овие 4 години и зошто не ги реши предметите или барем најголем дел од нив? Поради нестручно и несовесно работење? Или поради поставување на партиски кадри. Ако Боки викан “Бургија” кој е полуквалификуван мајстор за ниска струја бил виш доставувач, или во превод “писмоноша” од старт немале шанса да постигнат никаков успех.

Има многу да се пишува за ова, но факт е дека не само што е уништен правосудниот систем кој нема да може долго да се оправи, туку е уништено достоинството и понижена  е државата, на регионално  и меѓународно ниво. Во сите соседни држави случајот “Рекет” беше на насловни страни, а ние како држава бевме предмет на подбивање.

Јасно е и дека покрај притвотените во овој случај(кој ќе се претвори во повеќе случаи) се вмешани, како што изјави пратеникот Милошоски за ТВ 21 „Најмалку двајца пратеници , двајца судии и нивни блиски роднини адвокати и уште еден број на повисоки функционери од локалната и централната власт кои биле дел од оваа голема корупциска афера што дава логичен заклучок зошто Заев е толку нервозен и секогаш кога на преговорите ќе спомнале дека новиот обвинител би требало да има увид или да го води случајот „Рекет“ тој веднаш ја прекинувал темата и и ги одбивал тие предлози”. Но, тоа го знае и целата македонска јавност.

Во моментот на пишување на текстот Собранието ја разрешило Катица Јанева за незаконско, нестручно и несовесно вршење на функцијата со 102 гласа “за” од 105 присутни. Значи одговорноста “забетонирана” што би рекле политичарите од власта. Само да не биде како идентитетот. Затоа што Заев кој повеќе пати изјавува дека не се меша во правосудството, видовме дека се мешал во разрешување на председателот на Врховен суд, а како што слушаме во преговорите најавил дека Јанева ќе се бранела од куќен притвор. Од каде го знае тоа, ако не се меша во правосудниот систем и зошто се консултира со одбраната на Јанева? Овие факти покажуваат дека не само што се меша туку тој управува со постапките, а зошто би го правел тоа исто така е евидентно, притворените можат да кажат нешто повеќе за рекетот, што не би му одговарало ни нему ниту на другите функционери кои се замешани.

Конечно, нешто и  за тој фамозен закон Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кој власта толку многу го фалеше до скоро, а сега не го почитува и се одкажува од него.

Според Член 9  став 2,3,4,5 од овој закон Јавниот обвинител ќе предложи листа на канди- дати до Советот на јавни обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното обвинителство. Советот ќе ги избере јавните обвинители во Јавното обвинителство на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови, при што има мнозинство од гласови од членови кои

припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.  Јавните обвинители од ставот на овој член немаат право да донесуваат наредби и обвиненија, а имаат право да го застапуваат јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство пред надлежниот суд. Мандатот на јавните обвинители од ставот на овој член нема да го надмине мандатот на јавниот обвинител. Со оглед дека законот сеуште е на сила, во конкретниот случај не моќе да се примени одредбата од Член 21 од истиот закон според која по укинување на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања. Значи, изјавата на заменичката Ленче не држи, а тоа треба да и биде јасно и на арогантната Фатиме Фетаи. Ѓекна не е веќе ни во клиничка смрт со неа е завршено. Тоа треба да го знаат и господата од СЈО за да не ја брукаат повеќе државата, па својот личен спас да го бараат во странски амбасади, бидејќи тоа е спротивно на меѓународното право, па според виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи ниедна држава нема право да се меша во внатрешните работи на друга држава, како што повеќе пати изјавија странските амбасадори во нашата држава. Затоа и “Бургија” треба  да си го смени Фејсбук статусот и да додаде едно “не” односно “СЈО- не е мртво! Ко друкчије каже, “не” клевеќе и лаже”.

Ова е премногу долга тема, па за незаконското преземање на предметите кој се во надлежност на СЈО од страна на притиснатиот Републички Јавен Обвинител, Љубомор Јовевски, ќе мора да се објави уште еден текст.