четврток, 6. август 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Силен мотив, врвни спортисти

Силен мотив, врвни спортисти

Врвниот спортист треба да биде образ на уредениот државен систем.

Врвниот спорт денеска е многу тешка ментална и физичка активност која постојано ги поместува границите на возможното. За жал во македонскиот спорт многу ретко имаме прилика да гледаме остварување на врвни спортски резултати, но длабоко сум убеден дека оваа нација има сериозен генетски материјал за постигнување врвни спортски успеси, историската потреба да се докажуваме со разни угнетувачи(владетели) не направила жилава нација со расни воини полни со желба за акција и победи, но ни недостасува добара системска насока, и мотив.

Основна карактеристика за воспоставување на квалитетен спортски државен систем е суштинска анализа на веќе постоечки и функционални системи кои согласно нашите можности и потреби делумно и постепено можеме да ги пренесеме во Македонија.

Кинескиот спорт е рамо до рамо со спортот во САД и Русија, тој е еден од најразвиените спортски системи во светот, секако согласно врвните резултати, кинеските спортисти се производ на државниот систем, системот ги одредува спортските кариери уште во градинка, каде што редовно дечињата ги посетуваат стручни лица преставници на државниот спортски систем трагајки по таленти. Спортот во Кина  како во ниту една друга земја е симбол на силата на нацијата, народот ги слави спортските успеси слично на нас, додека државната власт смета дека добрите спортисти се одраз на силен државен систем.
Вториот кинески столб за квалитетен државен спортски систем е тренерскиот капацитет и негово носење до максимум во секоја можна и смисла.

Но за државниот систем и деталите околу тоа во некоја следна прилика, овој пат ми е многу поважно да истакнам една друга реалност, мотивот како основен двигател на врвните спортски успеси и без него залуден би бил дури и развиен државен спортски систем.

Една анегдота вели дека командантот на една бригада пристигнувајки на еден брег со желба да освои  племе со домородци, веднаш по излегувањето на копно на неговата војска наредил да се заплат бродовите со кои пристигнале, секако војниците останале со сериозно прашање во своите глави, како ќе си одиме назад ?!

Знаел мудриот командант дека оваа мисла е најголемиот противник на неговата војска, а тоа го знаат и сите оние на кои успехот им станува опсесија.

Нема случајни резултати во спортот.

Сите оние спортисти кои ги гледаме на медиумите со пехари и медали се откажале од многу примамливи ситуации да би биле таму каде што се, откажувањето е составен дел од спортот.

Младите спортисти ќе мораат во еден момент од својата кариера да одлучат помеѓу желбата за опуштен и лежерен живот без спортски притисок и желбата за обичен живот со една единствена цел врвен спортски резултат.

Потрагата по врвни спортски резултати е немирно море полно со ајкули, во секој момент може некоја да те нападне.
Затоа е многу полесно младите луѓе да се одлучат за првата опција за опуштен и лежерен живот.
За жал овој став на младите не им носи длабоки и суштински задоволства како вистински успех, победа и живот на ниво на своите вистински можности.

Современиот спорт нуди шанса буквално на секој млад човек да биде дел од него, најчесто изговорите за неуспешни спортски кариери се немаме доволно услови и слично …
Јас сметам дека на почетоците на една спортска кариера немањето на доволно услови може да значи и предност за вистинско градење на карактерот на спортистот кој е основа за успех и секако дека понатака ќе влече буквално како моторна сила.

Многу е полесно да се повлечеш и да се откажеш од својот сон, но сигурно е поубаво да се бориш за она што ти е важно, за себеси, за државата, за многу млади луѓе кои ќе земат личен пример од тебе.

Современ спортист годишно над 70 пати излегува на спортски мегдан, над 350 пати годишно тренира, многу патува, менува кревети, доста време поминува во терапии, состаноци и договори.

Целото ова време додека го прави ова во главата има прашања, – Што ако се повредам ? Што после кариерата ? Што ако не ми тргне ?
Тоа е совршено тежок пред се ментално а потоа и физички процес кој може да се надмине единствено со силен и здрав мотив.

Без оглед на сите предизвици и тешкотии внатре или надвор од себе, спортист кој има силен мотив и цел.

Спортист кој е целосно фокусиран на мотивот.

Спортист кој ја сака својата држава.

Спортист кој ја победил својата внатрешна поделеност и донел одлука.

Спортист на кој денот никогаш не му поминува без тренинг.

Спортист кој секој ден напорно работи на себе.

Спортист кој ги запалил своите своите бродови за повлекување.

Спортист на кој спортот му е храна, а тренингот свестост е спортист кого ќе го гледаме, спортист на кој ќе му се дивиме за врвните спортски успеси, спортист кој ќе ги обере најузреаните и највкусни  плодови како резултат на својата храброст, одлучност и посветеност.

Дарко Костовски

Коронавирус