вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Колумни

Ш О К А Н Т Н О 

Ш О К А Н Т Н О 

Претседателот Д-р Ѓорге Иванов лишен од извршување  на Уставните и  законски надлежности за надворешните работи

Вчерашната изјава од Кабинетот на  Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов дека ниту се информирани, ниту биле вклучени во формулирањето на предложениот нацрт-договор до грчките власти, што го обелодени премиерот Зоран Заев, а исто така  дека  Претседателот не бил  информиран ниту за нацрт-договорот што Република Грција го доставила до Владата на Република Македонија е фрапантна и вознемирувачка и остава силен негативен впечаток во јавноста за крајно самоволие и неодговорност. Кабинетот на Претседателот со ова изјава покажува дека има транспарентен и одговорен однос спрема јавноста, колку и да се сложени и тешки состојбоите на кои се укажува. Јавноста има право да биде информирана за грубото кршење на законските овластувања на претседателот на Република Македонија за толку значајни работи од судбоносен карактер на државата и народот.

Зоран Заев ја злоупотребува  положбата  и врши велепредавство

Кој му дал право на “црпнатиот од Муртино” (Зоран Заев по негова изјава) да гази по Уставот и законите и уставните и законски ингеренции на претседателот на Република Македонија за надворешните работи?. Во Република Грција во врска со разговорите за  разликите што Грција го има со името на Република Македонија  и  Нацрт- Спогодбата на Грчката Влада што ја подготвил министерот за надворешни работи Никос Козијас, се вклучени Претседателот на Република Грција континурано, Парламентот кој повеќе пати заседавал за овие прашања, Грчката академија за науките и уметностите, сите опозициони парламентарни или вонпарламентарни партии, многу советници и експерти од различни области, а смислено со месеци се подготвуваа граѓаните  преку организирање на повеќе митинзи и собири, а  медиумите секојдневно вршат огромно влијание во  јавноста.

А што се прави во Република Македонија? Целосен молк и задкулисни игри. За толку значајни прашања од судбоносно значење за Македонија и за Македонскиот народ се спроведува целосна блокада од страна на претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Се подготвил и се доставил некаков Нацрт – договор  до Владата на Грција во целосна тајност. Блокирани се Собранието на Македонија, научни и стручни институции кој можат да дадат стручен придонес и врвни експерти од различни области за прашањата за кои се разговара.  Се подготвил и доставил нацрт на таков значаен документ без никаква консултација, кришум и подмолно, како да се работи за некоја најобична безвредна работа. Се работело и се работи зад грбот на народот, како да не се работи за неговата судбина. И лидерот на најголемата опозициона партија г-дин Кристијан Мицкоски вчера изјави дека не бил информиран за ништо и воопште не бил вклучен  во процесорт на разговорите.

                                    Злосторство од најголеми размери.

Претседателот на Република Македонија има Уставни и законски надлежности  во  остварување на надворешните работи и надворешната политика.

Тоа што Претедателот на Република Македонија не е информиран за ништо и не бил вклучен во формулирањето на доставениот  нацрт-договор до грчките власти, ниту за нацрт-договорот што Република Грција го доставила до Владата на Република Македонија е противуставно и противзаконито постапување и злосторство од најголеми размери.

Согласно членот 119 став 1 од Уставот, “Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија”, a според  ставот 2, меѓународни договори склучува и Владата, кога тоа е определено со закон. Ова уставна одредба ја определува примарната финкција на претседателот на Република Македонија за склучување на меѓународни договори.

Во членот 2 став 3 од Законот за надворешни работи, се наведуваат органите за вршење на надворешни работи а та се Претседателот на Република Македонија, Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи и министерот за надворешни работи. Во членот 5 од овој Закон изречно се определени надлежностите на претседателот на Републиката во вршењето на надворешните работи.

Според членот 5 став 1 алинеа 1 од Законот, претседателот ја претставува државата во меѓународните односи, согласно со меѓународното право и неговите надлежности.

Според членот 5 став 1 алинеа 2 од овој закон, во вршењето на надворешните работи претседателот на Република Македонија “учествува во креирањето на надворешната политика во соработка со Владата, преку утврдување на општите насоки на надворешната политика, вклучувајќи ги и прашањата од меѓународните односи со импликации врз безбедноста и одбраната на земјата”. Спрема тоа надлежностите на претседателот не се сведуваат само на тоа да поставува поставува и отповикува со указ амбасадори и да ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници.

Според членот 7 став 1 алинеа 1, 5 и 15 од Законот за надворешни работи,  Владата во вршењето на надворешните работи:

– учествува во креирањето на надворешната политика преку утврдување на општите насоки за надворешната политика во соработка со претседателот, вклучувајќи ги и прашањата од меѓународните односи со импликации врз безбедноста и одбраната на земјата;

– му доставува на претседателот мислења и предлози за меѓународни прашања”; и

– редовно ги следи и оценува меѓународните односи кои имаат импликации врз безбедноста и одбраната и за тоа ги информира претседателот и Собранието.

Тоа се законски обврски на Владата спрема претседателот, кои Зоран Заев не ги почитува и грубо ги крши.

Според членот 6 став 1 алинеа 4 од Законот за надворешни работи, во вршењето на надворешните работи “при различни ставови за прашања од областа на надворешните работи, на предлог на Министерството, во името на Владата или на предлог на претседателот, Собранието на Република Македонија расправа за тие прашања, по што донесува соодветни заклучоци”.

 Ниту една одредба од Законот за надворешни работи за надлежностите  на претседателот на Република Македонија не е почитувана

Ниту една од наведените одредби од Законот за надворешни работи што се однесуваат на надлежностите и овластувањата на претседателот на Република Македонија не се почитувани. Претседателот има надлежност да учествува во креирањето на надворешната политика во соработка со Владата, преку утврдување на општите насоки на надворешната политика, вклучувајќи ги и прашањата од меѓународните односи со импликации врз безбедноста и одбраната на земјата.  Владата учествува во креирањето на надворешната политика преку утврдување на општите насоки за надворешната политика во соработка со претседателот, вклучувајќи ги и прашањата од меѓународните односи со импликации врз безбедноста и одбраната на земјата и да му доставува на претседателот претседателот мислења и предлози за меѓународни прашања. Претседателот и Владата согасно Законот се упатени на обврска за соработна во креирањето на надворешната политика на претседателот со Владата и на Владата со претседателот.

                                        Саботажа и велепредавство

Како може Владата и претседателот на Владата Зоран Заев да бидат толку самоволни и неодговорни и да не ги почитуваат надлежностите на претседателот на Република Македонија во креирањето на надворешната политика преку утврдување на општите насоки за надворешната политика и грубо да ги кршат законските одредби за соработка со Владата и на Владата за соработка со претседателот?. Ова е саботажа и велепредавство. Зоран Заев со грубо кршење на законските одредби целосно ги игнорира овластувањата на претседателот и за ништо не го информира, ниту му овозможува да учествува во креирањето на надворешната политика и општите насоки на надвиорешната политика. Зоран Заев за ништо не го информирал ниту претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска политичка партија која на парламентарните избори освои најголем број на гласови. Тоа ли е политика на кохабитација и политика за заштита на националните интереси на Македонија?.

Целата политика се сведува на гнасни лаги на Зорамн Заев и Никола Димитров. Додека Никола Димитров пред извесно време изјави дека не се предмет на разговори идентитетските прашања, стариот лисец Козијас од Атина му одговори дека се разговара за се и дека се е на маса и за промена на Уставот. За разлика од изјавите на Димитров. пред 2 дена Зоран Заев изјави дека се разговара и за идентитетските прашања. Кому да верувате, кога овие двајца не се кординирани ниту во лагите.

Злосторството врз државата и злосторниците на Македонскиот народ нема да  останат неказнети. Ако за овие прашања целосно се игнорира претседателот на државата и неговите надлежности, тогаш се игнорира и целиот македонски народ.

Народот нема да дозволи да му се руши државата и да се обезличува.

 

Скопје, 23 март 2018 година                                Михајло Маневски