сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Колумни

СЕВЕРОТОПИЈСКИ БИСЕРИ: Он-лајн протест, ццццц…

СЕВЕРОТОПИЈСКИ БИСЕРИ: Он-лајн протест, ццццц…

Го достигнавме врвот, да врвот на дното. Колку и да е оксиморонска констатацијата, толку моронски се и актерите во дешавката која до солзи ја насмеја македонската јавност. Добро, да не беше толку тажно, ќе беше и смешно, нели…

Не е забанција, кога еден лик кој самобендисано претендира да го преземе тронот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе реши да протестира за смена на актуелниот лидер, па ќе се повлече со пази, пази образложение: ФИЛИПЧЕ И КАРАЏОСКИ ОД СДСС МИ РЕКОА ДЕКА ПРОТЕСТОТ ЗА СМЕНА НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ОН-ЛАЈН?!?!?!

Е, да, и ова да ти била Македонија. Онаа, не чудесна Македонија, туку чудесна Северотопија. Земја во која претендентот за насилно преземање на лидерската позиција на најголемата опозициска партија се консултира со најекспонираната партијска испостава на противничкиот табор, тие му кажуваат што да прави, а тој ги слуша?! Ауууууу, јако, појако здравје, нели.

Во превод би било: Заев ми рече да протестираме он-лајн против Мицкоски?!

Добро, добро, не Зоки туку Вице, оти ми е другарче. Се консултирал со брат му на „Илинденска“, па првоцрпнатиот побарал да му учинам со протестот за да ги притиснеме за да им учинат за он-лајн седници. Оти ако немало он-лајн седници, набргу ќе ги немало и нив у Влада, не можело пустото собрание да им функционише. Фер, нели…

А тоа и е улогата на Заевите вмровци, да му „учинуваат“ на лидерот од Муртино. Башка, учинувачот сонува да му стане лидерски колега, уште пофер. Замислете само, моќта во Македонија сконцентрирана на трансферзалата Муртино – Кавадарци. Ууууу, се наеживте, нели?

А можеби, некој и се упрпа оти еден Пандов најави контра-протест на истата локација во исто време. Така беше.

Некој најави – другиот веднаш најави контра протест, а првиот експресно се премисли и рече дека ќе го прави он-лајн по препорака на Филипче и Караџоски. Башка, сето ова се случува во час и половина…

Мислам дека Грунф од „Алан Форд“ има замешано прсти во ова. Човекот е познат по најсмешните и најевтини импровизации. Па ако може да ви направи хеликоптер за 50 центи, чуму да не може и бесплатен он-лајн протест за смена на претседател на најголемата партија во државата?

Ќе го видиме и тоа чудо, најголемата глупост која сте ја чуле во поновата историја. Во понеделник.

Знам дека контра-протест нема да има, исто така логично. Само едно ме мачи…

Ќе носат ли маски и на он-лајн протестот, ако Филипче и Караџоски им кажат така? Или Заев ќе да беше? Значи, нема сендвичи, нема превоз, нема логистика, еден ќе мењава 100 различни маски, па 10 души стануваат илјада, сто  – десет илјади, а ти имаш многу вработени во фирми и општина. Логика, нели. Инвентивно, нема што.

Башка, маски има колку сакаш, маскирани сдсссовци во вмровски кожи уште повеќе, им фали само уште здрав разум, ум и трунка македонштина…

Коронавирус